Таоизам

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.618
Поени од реакции
8.485
Сликица, за да може да си ја симнете и да читате. Книгава ја има во „Академска Книга“ мислам :)


Tao Teh Ching
Ако имаш потреба од оваа книга, дури и да ти ја дадат поклон нема да имаш фајде. На стаорецот му растат заби за да може нон стоп да гриза нешто, а гриза нон стоп за да не му пораснат толку многу така што ќе нема да може да гриза повеќе....дијалектика.
Автоматски споено мислење:

Човекот го следи законот на Земјата , Земјата го следи законот на Небото , Небото го следи законот на Тао, а Тао ја следи сопствената природа.

Лао Це

Овој текст одговара со...

Матеј 8

20. А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да потслони.”
Можеби мислел на фактот што ретко каде Синот Човечки ќе најде дом, затоа што за да го удоми некој треба да го разбира Синот Човечки. А за да го разбереш мораш да бидеш Синот Човечки.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.687
Ако имаш потреба од оваа книга, дури и да ти ја дадат поклон нема да имаш фајде. На стаорецот му растат заби за да може нон стоп да гриза нешто, а гриза нон стоп за да не му пораснат толку многу така што ќе нема да може да гриза повеќе....дијалектика.
Ја имам подарок, да :)

Зошто да немам фајде од оваа книга? Лош превод, лошо уреднички средена книга?
 
Последно уредено:

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.618
Поени од реакции
8.485
Ја имам подарок, да :)

Зошто да немам фајде од оваа книга? Лош превод, лошо уредување?
Не, верувам дека книгата е супер. Не знам дали ја знаеш приказната како е напишана. Авторот пред умирање тргнал накај планините, сакал да умре на високо. Пред тоа немал напишано ништо затоа што верувал дека никој нема да може да го разбере. Го сретнале на капија за нагоре и го уценувале да напише нешто и така е напишана.
Затоа кај Зен монасите, најголема вистина се пренесува преку коаните, а не преку логично размислување.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.687
Не, верувам дека книгата е супер. Не знам дали ја знаеш приказната како е напишана. Авторот пред умирање тргнал накај планините, сакал да умре на високо. Пред тоа немал напишано ништо затоа што верувал дека никој нема да може да го разбере. Го сретнале на капија за нагоре и го уценувале да напише нешто и така е напишана.
Затоа кај Зен монасите, најголема вистина се пренесува преку коаните, а не преку логично размислување.
Ах јас мислев за книгава зборуваш. Оваа содржи коментари на Уметноста на Војувањето од страна на Цао Кунг, Мен Ши, Ли Чуан и други. Исто ги содржи и овие текстови:

IMG_20230222_211250.jpg
Затоа прашав зошто да се нема полза од книгава... од каде таа идеја.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.506
Поени од реакции
1.068
Можеби мислел на фактот што ретко каде Синот Човечки ќе најде дом, затоа што за да го удоми некој треба да го разбира Синот Човечки. А за да го разбереш мораш да бидеш Синот Човечки.
Не само што нема дом, туку и истомисленици, нема кого да следи(пророк, учител, авторитет.) ја следи само сопствената природа или Исус како што вели , нема каде глава да потслони.

Сите сте Синови Човечки.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.687
Затоа кај Зен монасите, најголема вистина се пренесува преку коаните, а не преку логично размислување.
Таоизам зборуваме не зен. :) Имаат сличности бидејќи како што реков источните школи имаат ист корен и не се исклучуваат и не присвојуваат. Тие се задоволни од многуте секти (гранки) кои ги има едно учење... :)

И тоа е добро.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.618
Поени од реакции
8.485
Таоизам зборуваме не зен. :) Имаат сличности бидејќи како што реков источните школи имаат ист корен и не се исклучуваат и не присвојуваат. Тие се задоволни од многуте секти (гранки) кои ги има едно учење... :)

И тоа е добро.
Суштината е иста и се потекнува од Индија, од Буда. Него го пренесува Бодидарма у Кина и го нарекува Чан или Чен, па потоа Доген го однел у Јапан и таму е Зен.
Све се сведува на оној момент на Буда после 7 години под боди-дрвото. И како што е титулата на Буда(буден) моментот е уствари будење. Во стилот на Исус, е препознавање дека сите се Синови Човечки и имаат ист татко.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.687
Суштината е иста и се потекнува од Индија, од Буда. Него го пренесува Бодидарма у Кина и го нарекува Чан или Чен, па потоа Доген го однел у Јапан и таму е Зен.
Све се сведува на оној момент на Буда после 7 години под боди-дрвото. И како што е титулата на Буда(буден) моментот е уствари будење. Во стилот на Исус, е препознавање дека сите се Синови Човечки и имаат ист татко.
Добро кажано, се сложувам.

Суштината е иста но патеките се различни... да немаше потреба од патеки немаше да има секти (разни школи) на истокот. Источниот ум разбра дека различни луѓе имаат различно разбирање на симболите.
Тао Те Чинг зборува за продорот на Тао, на ништото во се како причина и форма на се... апсолутна свесност на универзумот кое го зафаќа она Тао кое е во средиштето на човекот, а ти кажа човекот има ист почеток и ист крај како дел од човештвото на Земјата.

И знам дека имате чудна идеја да поврзувате идеи од истокот со Исус, но... грешката на Исус како „Синови Човечки“ е што кажал (ако кажал) „Јас сум патот и не може до таткото освен преку мене“. Тоа го нема во источните школи, мојот пат, мојата проповед итн итн... нели? Има пракси и работа... која води до средиштето, она тајна средина на човекот на Земјата која се препознава како божественост. :)

Денес може да го поврземе Исус со што сакаме и како сакаме... но минатото зборува за друго! Тоа не значи дека тоа сакал да го каже бидејќи ние од тоа што можеби некој рекол имаме само редактирани текстови уредени по желба на наследниците 3-4 века подоцна. И да не заборавиме дека гностиците беа поблиску до истокот отколку христијаните кои подоцна насилно ќе го превземат сето она што мислам дека премногу малку го разбраа од тајните учења кои се наследуваат, не се преземаат со нож и интриги. Ако сакате да поврзувате исток со Исус, не го правете преку класичните христијански текстови - само површно и слепо ќе поврзете сешто со се друго и ќе добиете навидум мудрости и слични патеки кои ако ги тргнете да ги одите, само ќе си ги изморите нозете како аџии кон бесконечното Тао!

Сега, нема да се докажувам што сакал да каже некој си Исус кој што можеби бил само иницијант од највисок ред и дали следбениците не разбрале доволно што зборува па сега имаме маки со разбирање на сето тоа.

Јас можам да се сложам дека човекот е дел од човештвото и сите сме од ист корен. Бидејќи големите адепти доаѓаат од човештвото, не доаѓаат од друго место :)
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.506
Поени од реакции
1.068
Мудриот нема свое срце. Неговото срце се состои од срцата на народот. Со оној кој е добар и јас сум добар, со оној кој не е, јас пак сум добар. Таква е добродетелноста која се раѓа од Те. На неискрениот јас му верувам, но и на неискрениот исто така.
Таква вербата која се раѓа од Те.

Лао Це

Одговара со следното....
Лука 22
Но нека не биде Мојата волја, туку Твојата!”
Марко 3
35. Зашто оној, кој ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”

Лука 6
28. благословувајте ги оние што ве навредуваат!
29. На оној, што ќе те удри по едниот образ, заврти му го и другиот; а на оној, што сака да ти ја земе горната облека, подај му ја и кошулата.

Двајцата на различен начин за исто зборуваат.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.687
„Применувајќи го концептот Тао на човечките работи, Кинезите верувале дека постои природен и исправен начин да се прави сѐ и дека секој и сѐ си има свое пригодно место и своја пригодна функција. На пример, верувале дека доколку владетелот ја врши својата должност на тој начин што праведно постапува со луѓето и се грижи за жртвените ритуали кои се однесуваат на небото, тогаш нацијата ќе има мир и просперитет. На сличен начин, доколку народот е спремен да го бара патот, т.е. Тао, и да го следи, тогаш сѐ ќе биде хармонично, мирно и делотворно. Но, доколку тој оди спротивно на него или му дава отпор, тогаш резултатот ќе биде хаос и катастрофа. “

- Таоизам и конфучијанизам — потрага по небесниот пат

Види ги ти овие од Јеховини сведоци :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom