Суштината е иста и се потекнува од Индија, од Буда. Него го пренесува Бодидарма у Кина и го нарекува Чан или Чен, па потоа Доген го однел у Јапан и таму е Зен.
Све се сведува на оној момент на Буда после 7 години под боди-дрвото. И како што е титулата на Буда(буден) моментот е уствари будење. Во стилот на Исус, е препознавање дека сите се Синови Човечки и имаат ист татко.
Добро кажано, се сложувам.
Суштината е иста но патеките се различни... да немаше потреба од патеки немаше да има секти (разни школи) на истокот. Источниот ум разбра дека различни луѓе имаат различно разбирање на симболите.
Тао Те Чинг зборува за продорот на Тао, на ништото во се како причина и форма на се... апсолутна свесност на универзумот кое го зафаќа она Тао кое е во средиштето на човекот, а ти кажа човекот има ист почеток и ист крај како дел од човештвото на Земјата.
И знам дека имате чудна идеја да поврзувате идеи од истокот со Исус, но... грешката на Исус како „Синови Човечки“ е што кажал (ако кажал) „Јас сум патот и не може до таткото освен преку мене“. Тоа го нема во источните школи, мојот пат, мојата проповед итн итн... нели? Има пракси и работа... која води до средиштето, она тајна средина на човекот на Земјата која се препознава како божественост.
Денес може да го поврземе Исус со што сакаме и како сакаме... но минатото зборува за друго! Тоа не значи дека тоа сакал да го каже бидејќи ние од тоа што можеби некој рекол имаме само редактирани текстови уредени по желба на наследниците 3-4 века подоцна. И да не заборавиме дека гностиците беа поблиску до истокот отколку христијаните кои подоцна насилно ќе го превземат сето она што мислам дека премногу малку го разбраа од тајните учења кои се наследуваат, не се преземаат со нож и интриги. Ако сакате да поврзувате исток со Исус, не го правете преку класичните христијански текстови - само површно и слепо ќе поврзете сешто со се друго и ќе добиете навидум мудрости и слични патеки кои ако ги тргнете да ги одите, само ќе си ги изморите нозете како аџии кон бесконечното Тао!
Сега, нема да се докажувам што сакал да каже некој си Исус кој што можеби бил само иницијант од највисок ред и дали следбениците не разбрале доволно што зборува па сега имаме маки со разбирање на сето тоа.
Јас можам да се сложам дека човекот е дел од човештвото и сите сме од ист корен. Бидејќи големите адепти доаѓаат од човештвото, не доаѓаат од друго место