Без некоја поголема провокација кон другите две навивачки скопски други (од кошарката), ама човече каде ви отидоа постарите членови што беа редовни порано?
Гледам реприза од Работнички-Пелистер втората утакмица, 10-тина постари членови седнале надвор од коп, а во коп деца. Ама она апла деца, дали има 5 души што имаат над 18 години (прашање е дали некој има над 20 години).
Ги начекав ФА на две утакмици додека одеа до сала, детска градинка, плус 10-тина члена што се меѓу 25-35 години и што одат на утакмици од времето (секоја чест за нив). Земале шетаат знаме по цел булевар, поозбилна група ќе ги размонтира за 6 секунди.
Кај нас не е дека групата ја водат 40 годишни, ама во коп барем стандардно имаш едно 20 души над 30-40 години и едно 50% се меѓу 20-30 години. Дечурлана нормално е да оди на трибина, ама такви да ти носат знаме или да стојат во прв ред на трибина, просто страшно е на какво дереџе паднале и двете групи.
Ко ќе ми текне дека се мереа со нас на времето и не слушаа кога викавме дека тоа е само неколку сезонски блесок кој беше резултат на меѓусебното ривалство (во фудбал никогаш немало толку бројни навивачки групи на две страни), омразата меѓу двете населби (повеќето одеа ради противникот, отколку за клубот) и подемот на кошарката по освоеното 4 место на ЕП