Sungerot Bob
Живеј го животот
Сфатив дека веќе не е ништо како порано...
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ќе преживеешСфатив дека дошло време да ставам ракавици на дланките пред играње со мачорот мој. Ме осакати по којзнае кој пат цел сум гребаници по рацете ...
Еден млад пар бил на сосема обична вечера, без да знае дека за момент таа ќе се претвори во најемотивната љубовна приказна која некогаш ја слушнале. При крајот, пред да ја платата сметката и заминат, останале зачудени, со солзи во очите...
Lee Ballantye на крајот на минатата година останал без неговата сопруга која подолго време боледувала од рак.
Кога вечерал во локалниот ресторан во Онтарио, прв пат сам откако му ја нема сопругата, го здогледал младиот пар кој го потсетил на среќните времиња.
Тој момент допрел до неговото срце, па одлучил да им ја плати вечерата и воедно да им остави кратко објаснување на салфетка.
„Не ме познавате, но мојата прекрасна жена со која бев во брак 43 години почина минатата недела. Вечерва јадев за прв пат од тогаш. И токму вие ме потсетивте на нас пред многу години. Ве молам, дозволете да ве почестам вечера. Тоа ќе го насмевне лицето на Керол, а и мене ќе ме усреќи...за сега“, напишал.
Приказната по само една ноќ започна вртоглаво да се шири по социјалните мрежи, откако парот, видно разнежнет од целото случување, решил да ја фотографира пораката.