S
StormRage
Гостин
Сфатив дека сум a rabid dog chasing cars... пошо стварно незнам шо прам веќе...
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Најголема почит за царскиве зборови. Сполај ти!Дека мораш себеси да се љубиш најмногу. И прво на себеси да си кажеш прекрасен си,а потоа на некој друг. Дека прво себеси треба да се прегрнеш наутро, со позитивни мисли,а потоа светот, и сите други. Дека кога сакаш, немаш ум. Уште повеќе страв. Дека кога даваш, не очекуваш ништо за возврат. Не чекаш.Никогаш не си чекал. Сфатив дека водењето љубов и неговата убавина нема да задржи некој,кој не знае што е љубов. Дека ум со инка не се дотура. Дека оној кој ке го научиш да пука,прв ке го впери пиштолот кон тебе. Сфатив дека минатото се враќа, иако велиме дека поминало, а што е најстрашно, иднината е како бледо индиго, Сфатив дека кармата некому му работи во корист а некој ја чека со години. Дека таа кучка доцни и никогаш не е навреме кај оние кои најмногу и се надеваат. Сфатив дека повискиот го победува понискиот. Послабиот подебелиот. Поглупиот поумниот. Апсурдноста и мудроста се сестри Сфатив дека дури и кога живееш со некого, не го познаваш. Тогаш само му ги учиш навиките напамет. Сфатив дека човек се уморува да живее, и тогаш треба некаде да отпатува. Секогаш делува. Патувањата се вторите наши рагања, колку и да е блиску дестинацијата. Сфатив дека со годините, се повеке личиме на нашите родители а се помалку им се лутиме за работите за кои некогаш сме ги мразеле. Сфатив дека ако му поклониш некому љубов, не мора нужно да те плукне у фаца. Може и да те пукне. Како шо го учеше. И најмногу од се, сфатив дека првиот инстинкт, првото чувство и мисла,никогаш не лажат. Ним треба безусловно да им се верува. И сфатив дека ако не го слушаме тој внатрешен глас во тие мигови, животот ке си го претвориме во срање. Детето во нас е секогаш во право.
Најголема почит
за царскиве зборови. Сполај ти!![]()