Од Судниот Ден ми е премногу страв. Она што сакам да го спомнам е што ќе се случи пред Судниот Ден. Кога Деџалот ќе се појави прв пат помеѓу Ирак и Сирија, откако ќе почне војната во Истанбул. Ќе биде Евреин, ќе убие човек па че го оживее, а убиениот ќе биде шејтанот. Ќе им зборува на луѓето дека е Бог и многу ќе се прелажат и ќе станат негови следбеници. Тој е Еврејскиот долгоочекуван пратеник. На челото ќе му пишува Кафир, што значи неверник а само верниците ќе можат да го прочитаат. Ќе го посети секое место на земјава и лом ќе направи а последно ќе се упати кон светото место Мека и Медина.
И точно пред да влезе таму мојот омилен момент, кога Иса а.с ќе слезе на земјата. Ваууу (срцето ми игра ко ќе се сетам на ова и морници ми минат, најмногу сакам ова да го видам, ама за жал знам дека нема шанси).
Кога Иса а.с ќе се спушти на земјата, ќе се спушти точно кај белото минаре и ќе ги стави рацете на два Мелека.Ќе се спушти со навалена глава, ќе му течат капки од пот.
И сите неверници во тој момент што ќе го почувствуваат мирисот негов истиот момент ќе умрат. А здивот ќе му се чувствува колку што може да види. После ќе тргне да го бара деџалот, ќе го пречека кај една врата и таму ќе го убие.
Ќе им ја каже на луѓето вистината за него, дека не е Божји син ниту Бог, туку пратеник и ќе потврди дека Мухаммед с.а.в.с. беше последен пејгамбер а Исламот исправна вера.
После заедно Христијаните и Муслиманите ќе ги уништат следбениците на деџалот.
Иса а.с ќе живее и ќе умре како сите луѓе. И после доаѓа крајот на светот!!
Кажи ни, кога ќе биде тоа и кој е знакот на Твоето доаѓање и на свршетокот на векот?”
4 И Исус одговори и им рече:
„Гледајте да не ве заблуди некој;
5 зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: „
Јас Сум Христос,” и ќе заблудат мнозина.
6 А ќе чуете за војни и гласови за војни. Пазете да не се уплашите; зашто тоа треба да се случи, но уште не е крај.
7 Зашто ќе се дигне народ против народ и царство против царство; и ќе има глад, и помор, и земјотреси на разни места.
8 Но сè тоа е само почеток на страдањата.
9 Тогаш ќе ве предадат на маки и ќе ве убиваат, и сите народи ќе ве замразат заради Моето име.
10 Тогаш мнозина ќе се соблазнат; и едниот ќе го предава другиот; и едниот ќе го мрази другиот;
11 и ќе се јават многу лажни пророци и ќе заблудат мнозина.
12 И заради многу беззаконија, љубовта ќе олади кај мнозина.
13 А кој ќе издржи до крај, ќе биде спасен.
14
И ова Евангелие за Царството ќе биде проповедано по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде свршетокот.”
23 ”Ако некој ви рече тогаш: ‘Еве, Христос е тука’ или ‘таму’- не верувајте,
24 зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, па ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заблудат, ако е можно, и избраните.
25 Ете, ви реков однапред!
26 И така, ако ви речат:
‘Ене Го во пустината!’- не излегувајте! ‘Ене Го во една од внатрешните соби!’- не верувајте.
27 Зашто, како што молњата излегува од исток и светка до запад, така ќе биде и доаѓањето на Човечкиот Син.
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ
Глава 24