Судирот меѓу оние што имаат и оние што немаат

Статус
Затворена за нови мислења.

Caligula

Realiziran
Член од
25 јануари 2005
Мислења
895
Поени од реакции
97
Денес, кога основниот судир не е веќе меѓуетнички, туку меѓу „оние што имаатти и „оние што немаатти, власта не го менува поведението кое ја предизвика првата голема криза. Имено, убедена во исправноста на сите свои постапки, не се грижи за мислењето на значаен сегмент на народот - работниците. Она што Ј ја олеснува работата на власта е отсуството на политички инструменти кои ги артикулираат работничките интереси и ги регистрираат социјалните потреси во општеството. Имено, нема работнички партии, ниту автентично синдикално движење, кои би ја споделувале судбината на работните луѓе, би се бореле за нивните права и би сигнализирале на опасноста дека е премината границата на издржливоста. Историската поука вели дека карактеристика на системите во кои власта не е изложена на сериозен партиски и синдикален притисок од работниците, е отсуството на свест за реалноста. Во такви околности, на приговорот дека народот нема леб, власта навистина би можела да му порача да јаде колачи. Тоа, пак, може да биде вовед во нова криза, овој пат социјална.
Дел од тешкотиите на нашата транзиција произлегуваат и од фактот дека социјализмот не ни беше наметнат, туку беше автентичен производ на нашата беда. Екстремната сиромаштија во Македонија од почетокот на минатиот век, имено, ја произведе екстремната комунистичка политичка варијанта. Таа, пак, по освојувањето на власта, изврши економска прераспределба на сиромаштијата во корист на работниците и воведе диктатура во политиката. Со пропаста на социјалистичкиот систем, кој се покажа инкопатибилен со човековата природа, Македонија одново се трансформира во капиталистичко општество поделено на две доминантни класи: на капиталисти и на пролетери. Тоа е нашата нова реалност.
Основната цел на капиталистите е да ја зачуваат својата привилегирана позиција во општеството, зголемувајќи ја, по можност, својата сопственост. Се разбира, тие не го кажуваат тоа отворено, туку личниот интерес го интерпретираат како општествен интерес. Тоа го прават така што ја афирмираат идејата дека профитот е праведната награда за нивната штедливост и работливост, со што создаваат богатство кое му користи на целото општество. Тоа можеби и било така во некои земји во првите фази на капитализмот, но подарокот од небо кој падна во рацете на едно малцинство со уривањето на социјализмот, не би можел да се објасни со моралот и штедливоста на протестантскиот капитализам.
Независно од начинот на кој е создаден капиталот, мораме да станеме свесни за новите реалности на нашето живеење. Една од тие нови реалности е дека себичните лични економски интереси лежат во основата на класната поделба на општеството. Тој јаз не може да се надмине со морални или со религиозни проповеди за поправедна прераспределба на економските привилегии и на моќта. Историјата нў учи дека сите привилегирани класи настојувале да ги овековечат и да ги зголемат своите привилегии, но и дека наидувале на отпор на оние кои барале поголема економска правда за себе. Неправдите, кои се резултат на класните привилегии, имено, не можат да се надминат поинаку освен со политичка борба.
Изминативе години ја апсолвиравме првата лекција на политиката: дека која било група луѓе која управува со друга група луѓе ќе ја злоупотреби моќта во своја корист ако и се укаже прилика да помине неказнето. Меѓутоа, алчноста, профитот и личната корист не се единствените човекови мотиви во политиката. Како инаку би го објасниле поведението на Мандела или на хероите на нашето минато, на луѓето подготвени да го дадат животот за своите политички убедувања. Лицето и опачината на човековата политичка природа често стојат во жесток контраст. Мнозина кои се корумпирале додека биле на власт или се подготвуваат да го сторат тоа како дел од новата политичка гарнитура, би сакале да нў видат заглавени во првата лекција на политиката. Зошто? Затоа што, ако не афирмираме поинакво поведение, тогаш, всушност, велиме дека поинакво поведение од нивното нема.
Доблеста на политичарот не е приоритет на сегашнава политичка гарнитура. Во некоја домашна верзија на политиката на Денг Хсијаопинг која би можела да гласи: „не е важно дали мачката е чесна, туку дали лови глувциии, власта регрутира поединци кои не можат да бидат инспирација за народот. Како да го објасниме ова? Едно објаснување е дека се наоѓаме во процес на интеграција во ЕУ и во НАТО, работа која, мнозина во власта мислат, е ослободена од секаква политичка креација затоа што целта е дефинирана, а задачите поделени. Погрешната логика која ги води, сугерира дека луѓе кои „се снашлееи за себе ќе го сторат истото и за народот. Второто објаснување за ваквата селекција, пак, е дека луѓето во политиката секогаш регрутираат слични на себе.
Има тука една стапица за која новите политичари не се свесни. Остварувањето на транзицијата, процес кој фрла цели сегменти од популацијата во беда и очај, бара народот да го понесе тешкиот товар на патот кон капитализам. Морално право да повикаат на вакви сериозни откажувања имаат само чесни политичари, кои катадневно докажуваат дека никогаш не профитирале од туѓата мака. Само такви луѓе, имено, имаат некаква шанса да бидат разбрани и прифатени. Оние другите, пак, само предизвикуваат бес кај народот, кој може да доведе до социјален бунт.
Новите политичари личат на механичари кои со чеканот на власта в раце мислат дека сите околу нив се шајки. А не се. Има, на пример, и луѓе кои се спротивставуваат на обидот да бидат заковани во сиромаштија. Меѓутоа, силата на власта секогаш се темелела на еден страв кој, како шепот низ балканската историја, ги предупредувал луѓето да не преземаат ништо, зашто само така ништо нема да биде преземено против нив. Старата свест ќе опстојува сў додека не превладее новата - дека сите ние, вклучувајќи ги и работниците, сме слободни луѓе кои не се веќе жртви на историјата туку нејзини креатори.
Дотогаш, ќе имаме „демократија без народи.

Денко Малески за Утрински Весник

п.с. се согласувам тотално со написот
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Порано важеше: "Раздели па владеј", сега важи изгледа "Осиромаши па владеј со лажење за побогато утре".
Нови моменти...
 

Caligula

Realiziran
Член од
25 јануари 2005
Мислења
895
Поени од реакции
97
Многу точно,за жал кај нас делува...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Наполно се согласувам со написот. Но, зарем само ние читаме, зарем само ние тука, кои сме по форумите, можеме да се сопгласиме дека „нешто е труло во државата Данска“?
Или толку сме се исполитизирале што не сакаме да ја видиме шумата пред себе поради дрвјата бидејки симпатизираме со едни или други криминалци или толку народов станал апатичен од немаштија што веќе се му е прекуглава и нема сила и воља да се побуни.
некој ќе каже дека ќе биде поарно (тоа и јас го велам) и можеби нема да згреши, но за нешто да се случи и да се излезе од оваа економска бедотија и сивило во кое сме западнати мора да има воља, сили, желба да се стори нешто.
Се распродаде државниот имот, претпријатијата се осиромашија за поефтионо да се купат...народот страда за леб.
Се паршувам како може нашиот работник, кој гурбетува по светот да биде ценет како мошне вреден и исполнителен, а тука да ни се пласира идејата дека не не бива, дека снме неработници и дека поради тоа пропаѓаат претпријатијата, фирмите, индустријата и единствен спас е downsizing-от т.е. отпуштања на истите тие „неработници“! Со гладен народ тешко се владее, освен ако на изгладнетиот одвреме навреме не му фрлиш корка леб да се залаже.
Очигледно тоа се случува.
Уште поочигледно е дека на нашиве политичари им е толку удобно што се возгордеале и понатаму мислат дека можат што сакаат да прават.
Не знам, можеби имаат право да прават така бидејки нема реакција од никого.

перл Бак, во својата книга „Добра земја“ вели: ќе дојде време кога богатите ќе бидат пребогати, а сиромашните пресиромашни“... тогаш се случува неминовниот бунт. Зарем потребно ни е нам тоа. Нова револуција, револуција социјална, политичка, сега, во држава на образуван (но, прегладнет) народ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom