Студентите на протести?

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
По примерот на хрватските колеги, група македонски студенти под мотото „Слободен индекс“ за в четврток најавуваат масовни протести пред ректоратот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, преку кои ќе бараат бесплатно високо образование за сите, подобрување на условите за живот во студентските домови и повисок социјален стандард на студентите. На денот за кога се закажани протестите универзитетот слави 60 години од своето постоење.

Андреј Анчевски, студент на Електротехничкиот факултет и член на неформалната група студенти што се организатори на протестот, најави серија трибини на кои ќе се дискутира за овие проблеми. Останува да се види дали студентите масовно ќе излезат на протести, како што тоа веќе 28-ми ден го прават нивните хрватски колеги, кои се борат против приватизацијата на високото образование.

- Од година во година се намалува студентскиот стандард, а се зголемуваат цените за студиите на државните универзитети. Условите за живот во домовите се катастрофални. Не бараме да се смени некој во институциите или во студентските сојузи, а сакам да нагласам дека зад нас не стои ниту една политичка партија – вели Анчевски.

Тој не крие дека идејата за вакво организирање потекнува од протестите што сè уште траат во Загреб, а кои се насочени главно против комерцијализацијата на хрватското високо образование. Анчевски вели дека првично ќе бараат државата да ги укине барем трошоците што ги имаат студентите што ќе се примат во државната квота.

Студентите во Хрватска во Загреб, веќе петта недела го блокираат факултетот, а истовремено ја блокираат работата на факултетите во Задар и во Риека, барајќи бесплатно образование, сместување и храна за сите студенти.

„Знаењето е право и не е на продажба“ е мотото под кое студентите во таа земја ги бараат своите права. Една од паролите што можеа да се видат на протестите гласеше „Продавам бубрег за семестар“.

Самоил Малчески, лидерот на студентите на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, вчера рече дека нема да ги поддржи студентските протести в четврток, иако по дефиниција и Сојузот, чиј претседател е тој, се залага за решавање конкретни студентски проблеми.

- Секој има демократско право да протестира. Но ние ќе го продолжиме дијалогот со Владата, дијалог што последниве две години придонесе да се запре продажбата на студентските легла, да се зголемат стипендиите и кредитите за сите студенти, да се доделат 25.000 компјутери за студенти. Протест би организирале и би поддржале единствено кога тој дијалог би престанал – рече вчера Малчески.




Зголемени квотите за упис, ќе има ли нови вработувања?

На петте државни универзитети, сосе оној за информатички технологии во Охрид, годинава има вкупно 23.618 слободни места, а во исто време нема најави дека дополнително ќе се ангажира нов кадар. Во Министерството за образование и наука вчера не беа достапни да кажат дали се планираат нови вработувања со оглед на тоа дека се отвораат нови факултети и дисперзирани студии, иако професорите укажуваат дека на сите универзитети има недостиг од подмладок.

На скопскиот Филолошки факултет, на катедрата за англиски јазик и за книжевност, на минатогодишниот конкурс имало место за вкупно 360 нови студенти, а годинава, според конкурсот, таа бројка е зголемена за 425 нови студенти.

За истиот проблем минатата година реагираа и во Институтот по информатика на Природно-математичкиот факултет, каде што ја зголемија квотата за упис на нови студенти, а во исто време не се вработи нов кадар. Дека нема доволно професори за потребите на новите факултети укажуваат и на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“.

Извор

Некои викаат пак ли со партиски протести а некои пак ги подржуваат. Според мене ако се придржуваат на барањата на Хрватските студенти тогаш ке ги подржувам овие протести. Што мислите вие?
 
Член од
21 декември 2008
Мислења
213
Поени од реакции
15
Го подржувам протестот иако не верувам дека ќе биде успешен.
 
M

marsovka

Гостин
I jas уствари ова е смешно самоил малчевски вика не подржува протест човеков плаче за линч
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
I jas уствари ова е смешно самоил малчевски вика не подржува протест човеков плаче за линч
Ова е очекувано, не е смешно. Кога работел Самоил во студентски цели. Вмровче е тоа, и иде таму по терк на грујо како ќе му каже.

Туку, овој Андреј Анчевски ако е тој што го мислам ... си ебало мајката.
 
M

marsovka

Гостин
Ова е очекувано, не е смешно. Кога работел Самоил во студентски цели. Вмровче е тоа, и иде таму по терк на грујо како ќе му каже.

Туку, овој Андреј Анчевски ако е тој што го мислам ... си ебало мајката.
а бе сите знаат ама барем да не биде видливо од авион

а кој е батево што организира протест
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Ќе биде уште едно од низата фијаска , сосем нормално кога неписмени луѓе го организираат...
Фино ќе им се насмеам после предавање....
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Ќе биде уште едно од низата фијаска , сосем нормално кога неписмени луѓе го организираат...
Фино ќе им се насмеам после предавање....

Хм , на гравчиња виде ???

Секоја чест, кога сите ќутиме ко мулиља на некој паметен да му текне и да излезе да се изјасни ... :duel:
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Iva Ilioska напиша:
Потсетување за тоа дека нашиот став може да промени многу.
А дека може да промени многу, само ако сме многу во четврток.

Ги повикуваме сите студенти да излезат на протест за студентските проблеми и права, зашто само заедно ќе бидеме слушнати.

Почеток 21ви мај четврток,12:00 пред рекоторат на УКИМ
Iva Ilioska напиша:
Збирното место е статуата на Св. Кирил и Методиј на факултетите.

Се гледаме таму во четврток 12:00
Iva Ilioska напиша:
.pffff. ...pa samo na grupav ne' ima nad 2000 clenovi. Lesno ke se vidime i sobereme, pa kade i da e sobirnoto mesto, neli?

:))))
еве мене што ми стигна на фаца-книга...јес да незнам зашто сум во групава а не сум студент :)
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
hrvtaski plagijati, ne znam dali ke vi teknese kolku vi e teska situacijata ako nemavte kablovska da gledate htv1 )))))
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Хм , на гравчиња виде ???

Секоја чест, кога сите ќутиме ко мулиља на некој паметен да му текне и да излезе да се изјасни ... :duel:
ДА !!!

Утре ќе видиме баш кој бил у право, и кој ќе иде на кафе у бифе , а кој ќе се пржи пред плато на факс...

hrvtaski plagijati, ne znam dali ke vi teknese kolku vi e teska situacijata ako nemavte kablovska da gledate htv1 )))))
Чисто помодарство :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Интересов на темава кажува колкав е интересот за протести. Тапа...
Ако сакаат нешто да постигнат, тоа се прави пообемно и посериозно со подолги припреми и планови. Вака е само - Еј Хрвативе види шо праат па ај и ние истото.
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.930
Поени од реакции
505
Ајде баш да видиме утре колку народ ќе се собере. Само да нема инциденти зашто после кој ќе слуша на вести за тоа цела недела:). Мислам дека требаше поорганизирано да се направи ова но сепак ќе видиме што ќе се случи.
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
151
Поени од реакции
3
Ова е очекувано, не е смешно. Кога работел Самоил во студентски цели. Вмровче е тоа, и иде таму по терк на грујо како ќе му каже.

Туку, овој Андреј Анчевски ако е тој што го мислам ... си ебало мајката.
Abe ovoj Andrej ima zavrseno vo Orce,bese aktiven za toa so studentskoto radio go gledav po televizii,taka malce prokelav e.

Inace dzabe se protesti znam deka nikoj nema da izleze, mi se smeat site koga im vikam da odime...:toe: Ocigledno na nikoj ne mu smetaat problemite vo obrazovanievo. Eeee porano Filip Petrovski koga protestirase toa bea vreminja,iako iskoci vmrovec posle bitno napravi nesto!!!!
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Доста добро се организирани, барем од она што ми го кажа сестра ми.
Од филолошки сега за сега биле собрани околу 2/3 од сите студенти.
Иако, јас мислам дека нема да има никаков ефект протестот, бидејќи ги укинаа партиципациите за средно, нема шанси и студирањето да го направат бесплатно.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Доста добро се организирани, барем од она што ми го кажа сестра ми.
Од филолошки сега за сега биле собрани околу 2/3 од сите студенти.
Иако, јас мислам дека нема да има никаков ефект протестот, бидејќи ги укинаа партиципациите за средно, нема шанси и студирањето да го направат бесплатно.


Хммм корект ми иф ај м вронг ...

Ама не е подобро да се укинат партиципациите за студирање ? Отколку 1200ден. партиципација за средно ? (или колку и да беше ...)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom