- Член од
- 3 ноември 2009
- Мислења
- 299
- Поени од реакции
- 8
Струмица ќе се гасифицира пред државата
Градоначалникот на општина Струмица најави дека
до октомври идната година Струмица ќе се гасифицира и ќе биде првата гасифицирана општина во државата. По примерот на Јужна Америка, Азија и делови од Европа, гасифицирањето ќе се реализира без гасовод, туку со поставување на гасни централи.
Според најавите, гасот ќе се носи од гасната централа во Петрич, Бугарија, која од Струмица е оддалечена само 35 километри.
Целиот проект ќе тежи околу пет милиони евра кои ќе бидат обезбедени со кредит од Светска банка, а целта е општината да го премости предолгото чекање гасоводот да стаса во Струмица, кое според државната стратегија, треба да се случи дури во 2025 година.
„Тоа се поволните кредитните линии од Светска банка коишто нудат кредити со шестмесечен либор, тоа значи 1,3% каматни стапки, многу поволни меки кредити, со три години грејс период и со рок на отплата од десет години“, рече Зоран Заев, градоначалник на Струмица.
Според изработениот проект, во првата фаза ќе се гасифицираат јавните државни и локални институции и стопанството, во втората обработливото земјоделско земјиште и во третата фаза домаќинствата.
Пресметките покажале дека со гасифицирањето ќе се обезбеди заштеда од 50 насто од досегашната