Стереотип? Или не?

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Не мислите ли дека сеуште владее стереотипот: Девојката која што се интересира за мода и сака да биде средена е празноглава шмизла?

Јас лично не сметам дека е така или дека треба да е така.
Не се сите Викторија Бекам. Не се сите девојки заинтересирани за мода, домаќинки кои ги чекаат парите од нивните мажи за да одат да си купат ташни,чевли и не знам што. Или не мислат сите тие само на мода и како да си купат ново парталче. Некои едноставно ја сфаќаат модата поинаку,како уметност,како нивно хоби,како нивен начин на живот,како нивни стил воопшто. Истите тие имаат сериозни професии, или се посветуваат на професионално поле, сакаат да бидат корисни и да станат некој и нешто.
Не можам да сфатам како тоа сеуште секоја која е видно заинтересирана за мода, се смета и опседната,како и сите си мислат дека таа при секое излегување во шопинг оди.
Тоа е исто како што мажите видно се интересираат за фудбал. И никој не ги осудува дека при секое излегување оделе во кладилница или на стадион или да играат фудбал.
До кога со ваквите стереотипи? :uvo:
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Владее. Ама мене искрено воопшто не ми е гајле. Си купувам што сакам и кога сакам, се носам како што мене ми е убаво, и се разбира, како што ми прилега. Ни малку не ме интересира ако ми речат дека ти си опседната со мода, ти само фрлаш пари на алишта .. и сл. Едноставно, се однесувам онака како што сметам дека е ок.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Само да прашам за да можам понатака поубаво да се изразам.
Темава е за стереотипи општо, или конкретно за стереотипи за девојка што ги следи модните трендови?
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Само да прашам за да можам понатака поубаво да се изразам.
Темава е за стереотипи општо, или конкретно за стереотипи за девојка што ги следи модните трендови?
Да беше општо, немаше Ангелче да ја отвори во Мода и убавина.:wink:

Он топик:
Јас имам слушнато (и искусено на своја кожа) уште пострашна мутација на тој стереотип-ако девојка е добро облечена, пицната да не речам, е или спонзоруша или богата празноглавка што мисли само на шопинг. Додуша, се смеам на вакви глупости, ама па од друга страна трагично е кога гледам колку можат да се дегенерираат размислувањата на некои личности. Еве ќе ги наречам љубоморни и завидливи.
Чувство за мода нема секој. Вродено е и треба да се почитува, ама ретко кој го прави тоа. Нели, многу е лесно да се каже-види ја оваа само на шопинг мисли, како се фрцнала итн. само за да се истакне својот (не)постоечки вкус.

Ништо страшно, обично луѓето што се закоравени во својот мал свет на мали размислувања ја сфаќаат модата здраво за готово и не сфаќаат дека хеј! дури некој сериозно би се бавел со таа линија на работа.

До кога со ваквите стереотипи? :uvo:
Додека постојат луѓе што ги сметаат плавушите за глупи, деколтеата за курвински и слично.:) Не се искоренува тупавоста толку лесно.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Јас конкретно за овој стереотип поретко имам слушано, но сепак сум свесен дека постои.

Модата е уметност како и сликањето, компонирањето и така натаму. Девојка што има чуство за што изгледа убаво и што е пристојно да се носи а што не во различни ситуации е реткост. Во секојдневието гледаме девојки што во библиотека ќе се облечат во мини сукња а на некој коктел или прием се облекува полежерно. Облеката и чуството за што е убаво е индивидуално, но сепак треба да се почитуваат некои општествени норми за кодекс на облекување.

Да не се одлалечувам од темата. Девојките што обрнуваат поголемо внимание на тоа што ќе облечат и каква шминка ќе стават не ги прави поглупи. Баш го има спротивниот ефект,изгледаат поинтелигентно, самоуверено, и поженствено токму поради фкатот што знаат што да облечат и се свесни дека тоа кажува нешто позитивно за нив.

За крај ќе кажам-па добро кој не сака да види убаво облечена девојка или жена!? Што мислите зошто на оние женски ревии се вртат милионски суми.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Леле колку ме нервираат таквите стереотипи не знаете. И точно е дека владее таков стереотип. Ко да е грев човек да биде убаво облечен. Или некогаш ако се облечеш преку ден, а не си дотеран, туку да речеме посреден или не толку обично, одма луѓе прават фаци и ти викаат, за каде вака дотерана или не знам што. Или пак ако купиш некое парче облека од некоја поскапа продавница, пак одма има луѓе кои мрчат. Добро бе забрането е да ми се свиѓа облеката од одредена продавница?:nerv:
Не сум човек кој претерано се замара со облека, но сепак секогаш гледам да сум средена, да не изгледам ко да сум била на битка.
Уф аман више со тие глупости, аман!:nerv::nerv::tapp:
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
22
Иххх постојат уште такви стереотипи верувајјј. Мора да признаеме дека уште, некои живеат во некоја руралана средина, не за џабе сме биле под власт на турците 500 и кусур години, па се разбира дека и ден денес имаме остатоци од нив. :icon_lol:

Туку, ги мразам таквите испади. Ако некоја е пицната, убава облечена, права дога коса, и неверојатно знае да комбинира секогаш викаат : ах онаа мниогу ума мозок, само алиштата и се вртка друго ништо. Глупости, а не ни ја знаат лично.
Така да јас кога ќе слушнам нешто такво од било кога, знам и да се скарам за да негирам.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Постоеле,постојат и ќе постојат стереотипите и не може ништо против тоа.
Едноставно треба да се игнорираат зашто најчесто се упатени од личности кои ти завидуваат и немаат појма за мода,па им е криво.
Порано ме погодуваа секакви стереотипи,но сега се трудам да ги игнорирам,сум тоа што сум и не планирам да сменам ништо ако некој/а клошар/ка ме озборува дека сум вавка или онаква.
Се додека имам блиски,пријатели и дека ме прифаќаат поради тоа што сум и каква што сум не ги перцепирам оние кои се очајно љубоморни,па мораат да шират трачеви наоколу...не е нивна работа што мене ме интересира и што сакам во животот.
Никој нема право да осудува некој поради начинот на облекување,зборување и сл.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Постоењето на овие стереотипи е дел од нашето секојдневие. За жал луѓето се такви и такви ќе останат уште долго. Добро облечена девојка, средена ја сметаат за некоја што по цел ден се опседнува со шминкање, облека и фризури. А колку само не е така. Тоа е избор. Секогаш постоеле личности кои сакаат и наоѓаат време за разубавување и средување и од друга страна постојат онакви кои само се залажуваат себеси, а мислат дека ги лажат другите, кога ќе кажат дека немаат време за да се нашминкаат и потсредат.

Некој спомна кодекс на облекување... Понекогаш се прашувам дали навистина постои или само го спомнуваме како дел од некое далечно минато. Она што ме иритира е тоа што веќе нема разлика помеѓу она како изгледаат некои личности преку ден а како навечер. Исто така би спомнала што не се почитува никаков кодекс на облекување во училиштата или на работа... Се е во ред ама има разлика од дневна и ноќна шминка..или од пристојна облека и провокативна облека.

Богатството или спонзорството немаат врска со добриот вкус. Личност што нема премногу може да изгледа прекрасно ако знае како да комбинира одредени парчиња облека. Сите пари на светот не може да ти го вродат или всадат добриот вкус и стил. Тоа е нешто што или го имаш или го немаш. Поблемот настанува кога девојките што имаат вроден стил и навика да бидат средени ги поврзуваат со нешто што не се (спонзоруши или имаат премногу пари па не знаат на што да ги трошат).
 

ANDZI

Fashion is my opsession
Член од
5 февруари 2007
Мислења
833
Поени од реакции
6
Глупости стварно,ако некоја девојка ја интересира мода е празноглава глупача:nenene:Има многу успешни жени во својата работа кои внимаваат на својот изглед.Јас внимавам на тоа како изгледам и имам изградено свој стил,но сигурно нема мојот живот да се состои само од шопингот или пак да чекам дечкото/мажот да ми фрли пари....
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Јас лично не сметам дека е така или дека треба да е така.
Не се сите Викторија Бекам.
Firs of all, ако збориме за стереотипи, и “Викторија Бекам е глупа“ е глобален стереотип, затоа што речиси це свет не ја познава лично.

Второ, стереотипот колку јас приметувам не постои. Оние кои се интересираат за мода, се интелигентни... оние кои се манијачат со шопинг и огледало 24/7 се девојките од стереотипната приказна која ја спомнуваш.
Според мене, има разлика меѓу девојка заинтересирана за уметност(мода) и девојка заинтересирана за целодневно трошење пари на кретенски работи во кои ќе изгледа ефтино. Барем кај мене во глава различни типови на фаца се појавуваат.
 

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Firs of all, ако збориме за стереотипи, и “Викторија Бекам е глупа“ е глобален стереотип, затоа што речиси це свет не ја познава лично.

Второ, стереотипот колку јас приметувам не постои. Оние кои се интересираат за мода, се интелигентни... оние кои се манијачат со шопинг и огледало 24/7 се девојките од стереотипната приказна која ја спомнуваш.
Според мене, има разлика меѓу девојка заинтересирана за уметност(мода) и девојка заинтересирана за целодневно трошење пари на кретенски работи во кои ќе изгледа ефтино. Барем кај мене во глава различни типови на фаца се појавуваат.
Прекрасно кажано. Ќе дополнам дека интелигентна девојка се грижи за својот изглед во секое време, внимава на пригодата и нејзиниот изглед е совршен во речиси 90% од слачаевите. Само за добар изглед не се потребни пари, шопинзи со денови и сто кила шминка. Една девојка може да е модерна и привлечна во маичка од мајка и искомбинирана со соодветни детали и да изгледа преубаво и сосема да е во тек со модните трендови.
Баш оние кои летаат по бутици секојдневно се без стил, робови на моменталниот тренд, невнимавајќи кои за во кој ситуација е, дали и одговара на телото и сл.
 

sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
`Ангелче` напиша:
Не мислите ли дека сеуште владее стереотипот: Девојката која што се интересира за мода и сака да биде средена е празноглава шмизла?
Девојките кои се интересираат за мода, слепо ја следат без оглед што ставиле на себе и дали и како воопшто им стои....само да се ВО МОДА....се баш такви празноглави шмизли :smir:

Почитувам мода до одреден лимит. Она што МЕНЕ ми стои и ми се допаѓа лично мене, не се она што чачкалиците го шетаат по модните писти:pipi:
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Стереотип, е да! Жените знаат да си се утешат кога ќе видат некоја која изгледа убаво и е убаво дотерана дека е празноглава. Не сите жени, нормално. Впрочем и јас го имав овај стереотип до пред извесно време.Бев во некој бунтовнички филм.Во даден момент се заплашив дека своевремено ќе заличам на Мирка Велинова:pos: па почнав да се дотерувам, а богами и да се шминкам, а ме има и почесто на ,, Мода и убавина,,:wink:.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Не е стереотип, туку е генерализација. Затоа што во суштината, барем колку што може однадвор да ни се прикаже, глобално земено навистина е така.

Фала Богу, од секоја генерализација има исклучоци. Од оваа има милион. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom