џимеј
џимилино
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 10.399
- Поени од реакции
- 25.249
Кјубрик... многумина го сметаат за бог во филмската кинематографија. Ама толкав е и бројот на оние кои велат дека е само обичен лудак кој направил неколку добри и неколку лоши филмови.
Можам да се сложам за првото. Незнам дали епитетот БОГ може да му се додели, но можам да најдам уште 20 такви слични атрибути за да му ги прикачам.
Јас го ценам делото на Кјубрик. Неговите филмови секогаш знаат да ме допрат на најчуден начин. Имено, многупати сум добивал инспирација за сешто од неговите филмови.
Да се задржам на филмот спомнат во првиот пост на мојот постар колега sonne.
Секогаш слушам критики дека филмот 2001 Одисеја траел беспотребно долго. Па... таквите љубители на филмот воопшто и неможам да ги усогласам со друго мислење.
Но, сепак, како што кажал големиот Еберт - 2001 Одисеја не е направен за да не забавува, туку за да не инспирира.
Уживам во некои сцени од филмот, дури и ги гледам почесто некогаш, додека една сцена бавна трае во мене извираат разно разни емоции кои секогаш кога ќе гледам нешто како првпат да ги чувствувам.
Кјубрик сам бил страствен шахист, затоа на некој начин неговите филмови се во вид на шаховска игра. Треба бавно да се размислува околу секој од нив, со мозокот и срцето во полна пареа.
Пеколен портокал е филм кој најмногу го имам гледано од негова режисерска палка. Маестрална, воедно морбидна манипулативна психолошка приказна. Кјубрик знаел да ги разнервира светските медиуми кои бурно го следеле.
Исто работел на нов филм, за животот на Наполеон Бонапарта. Кјубрик поминувал часови и часови читајќи ги историските податоци. Имено, го читал секој ден изминат на Наполеон. Сакал проектов да го оствари со Џек Николсон, но ете... не успеал.
Има документарна емисија за режисеров, ама неможам нигде да ја најдам.
За останатите филмови има уште многу да се коментира, но тоа во некој друг пост, затоа што овој ќе изгуби од прегледност можеби.
Кјубрик... кој може дури да го имитира? Еден од најдобрите, најоригиналните, понапредите.... а завршил само средна школа!