Стан за средување - дајте понуда

Статус
Затворена за нови мислења.

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Опис на работата:

- Рушење на две преградни ѕидчиња од гипс картон
- Молерисување на цел стан од 109 m2
- Изведба на осветлување во станот

Заинтересираните фирми кои сакаат да дадат понуда, можат да ме контактираат по пп за да го видат просторот.
 
B

BrunoFresh

Гостин
Не се разбирам во вавки работи но моѓжам само да ти кажам, ако го немаш направено следново, да се обидиш:

Ова сето не би чинело толку скапо, колку што ќе те чини малтарисувањето. Најдобро е да најдиш некаде во некои чурук фирми штоне ги знај никој, а сепак постојат. Таму е поефтино. Најди повеќе фирми околу овие дејствија кои ти требаат. СПореди ги ценитеи и одбери ги 3те фирми кои ќе ти го изведат ова за пониска цена, пошо се разбира колку помалце толку поубо. Но не ти гарантирам дека тие фирми би имале некој квалитет но сепак имај надеж дека нема ни да постојат ако не работат убаво. Едноставно друг пример како што можат да ти помгнам, е тоа следново:
Кога мене ми требаат некои работи работи во мојата соба или во станот, обично се заинтересирувам за препораката на приватни мајстори а најчесто пријатели. Ако веќе немаш пријатели мајстори, побарај од пријателите мајстори да ти препорачаат и нека ти ја кажат цената. И повторно спореди си кој 3 фирми или мајстори би ги клал да работа а сепак да знаеш дека ќе го добијаш бараното и по ниска цена.

п.с. мислам дека нема многу тука луѓе кои можат да ти помогнам околу ова, но сепак тоа е мое мислење.

Среќно во уредувањето.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јас би одел со препораки од пријатели/архитекти/дизајнери кога се работи за интериорни уредувања и бирање на изведувач (би ја проверил нивната работа на лице место за да се уверам), во моментов го уредувам станот и пробав на сличен начин да извадам најниска цена и да бидам транспарентен. Од повиканите електричари двајца се пулеа како телиња во шарена врата кога му објаснувавме со дизајнерот што сакаме, две фирми не сакаа да направат договор за да се запази временски рок, две фирми не сакаа да си го соберат шутот што ќе го прават во вреќи зошто тие биле само електричари, на крајот фирмата која ми ја препорачаа беше најконкретна и покрај тоа што беше за минимална сума поскапа од останатите.(1500 денари).
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Опис на работата:

- Рушење на две преградни ѕидчиња од гипс картон
- Молерисување на цел стан од 109 m2
- Изведба на осветлување во станот

Заинтересираните фирми кои сакаат да дадат понуда, можат да ме контактираат по пп за да го видат просторот.
Колкави се ѕидчињата што треба да се срушат?
Фарбањето, одприлика треба да те чини 30 - 40 денари од метар квадратен за работна рака (пошо незнам шо бои ќе одбериш, имаш од 700 денари 15 литри до 5000 денари 10 литри).... запомниси дека 109 квадрати корисна површина (тоа е само подот/таванот на станот), има околу 300 квадрати (груба математика, ама и да грешам за 10 квадрати грешам, не за 100) за фарбање се комплет... да не ти е чудно од каде/зошто идат квадратите. Струјата (барем тие шо работат со татко ми) ја монтираат по сијалично место/ дозна, 5 евра работна рака + матерјали... Да беше во Битола, ќе средевме, вака можам да ти доловам некоја груба ориентациона цена... колку да сетиш ако некој сака да те коли :)


Ова сето не би чинело толку скапо, колку што ќе те чини малтарисувањето.
Кај виде малтерисување... појма неам.
 

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.650
Поени од реакции
702
ОТ:

Орев за сечење... дајте понуда...

П.С. Дрвата остануваат кај мене :)

Свашта на форумов барате у пм...

Да не бидам апла ОТ:
Ќе се согласам со некој што кажа погоре да прашаш познати да ти препорачаат мајстори. 40 денари за молерај, многу ми звучи... Јас кај мене кречев за 20ден/м2, не мења дали бело или нијанса.. Нормално, мајстори ко мајстори - треба над глава да им стоиш. Пошо глупост ќе напраат...

Битно, пушти греење на јако за да суши побрзо да мавнат 2-3 раце (у зависност колку квалитетен поликолор ќе земеш. Кај мене со некој шкљ поликолор (650 ден/канта) 3 раце бело требаше за да покријат некоја кајсија боја од претходно. Така да, не ја праи мојата грешка - фрли некој денар повеќе бар на бела боја. И ако решиш да правиш бои (во белата да додаваш тонер) немој да напраиш помалку од тоа што ти треба, си наебал пошо :)

Купи си готова боја...чиста работа

За рушењево можда можеш сам да засукаш ракави? м? :)

А за осветлувањето не би мудрувал...
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Дечки, абе темава ја отворив за оние кои се занимаваат со ова да дадат понуда, не е за консултанти и совети :)

Најдов тоа што барав, тенкју :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom