Станбен кредит - искуства и совети

Член од
22 јули 2011
Мислења
56
Поени од реакции
42
Ме интересираат ваши лични искуства, посебно после инфлацијата, на темата „станбени кредити“, конкретно начин на избирање на најповолен кредит (без одење во сите банки засебно) и што би го советувале некој што сака за првпат да купи стан со заем од околу 45.000 евра. Исто така доаѓа во предвид и комбинација на потрошувачки и станбен за покривање на учеството.
 
Член од
21 август 2009
Мислења
123
Поени од реакции
49
Совет: Од било која банка и да зимаш кредит, гледај да ти дадат договор со исплата во денари. Мене од Халк ми дадоа во евра и сега со секој пораст на еврото ми се зголемува и ратата.
Јас кога го купував станот, не дадов за учество но склучив договор со банката и ставив куќата на моите под хипотека, нормално со нивна дозвола потпишана на нотар.
Кога ќе завршиш со дел од ратите кои би го поркиле делот за учеството, хипотеката се трга.
Ова е олеснително за да не се зима дополнителен кредит, но е со голем ризик доколку задоцниш 2-3 рати може да ти се одземе недвижнината на која и е поставена хипотеката.
 
Член од
28 мај 2022
Мислења
67
Поени од реакции
120
Краток совет во две реченици.

Види која банка нуди денарски кредити, пуни брод, грабај и бегај.

Ако ти нудат кредит со валутна клаузула, испрскај ги со темјан.

:)
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.162
Секоја банка кога им тропаш на врата ти даваат во денари т.е му исплаќаат на продавачот.. И сега ако тој му текне ќе ти рече дај додај ми уште толку и толку за да ми излеза мене 45.000€..
И да нема банка што ти дава станбен кредит во која ратата ќе ти биде израчуната во денари.. Се штитат они од падот ма денарот.. Не се глупи.. Така ти викаат 150/200€ изволте ако сакаш.. Сакал денарот одел 63.5 или стоел 61.5 ратата ти е таа во денарска противредност..
Добро размисли и распрашај се кај имс промоции на камати и каде би ти ги покриле нотарските трошоци..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom