Срце од срце

Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
Хуманитарна организација

Срце од срце

Oфицијалното промовирање на Хуманитарната фондација Срце од срце - С.о.С., е закажано за среда (17 ноември) од 11.30 часот. во просториите на Фондацијата.

Ќе ни биде особено мило ако присуствувате на коктел средбата со која ние, заедно со Вас и нашите пријатели ќе го означиме стартот на работата на Фондацијата, чија примарна цел е грижа за болните и изнемоштени лица - стои во дописот на професор Ќазим Асотиќ, директор на Срце од Срце до медиумите.

По кусиот пригоден говор на челните луѓе ќе следува коктел- дружење.
 
?

..........

Гостин
Подршка од мене, за жал неможам да дојдам, но тоа не смее да ги обесхрабрува оние кои можат да го сторат тоа :)
 
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
Хуманоста нема граници

Познати личности дел од Фондацијата Срце од срце

Вчера, на прес-конференција, се официјализира хуманитарната Фондација Срце од срце, за помош на болни деца и стари и изнемоштнеи лица.

Во присусто на новинарите беше претставен тимот кој ќе работи во извршната канцеларија - Заштитно лице - поп-пејачот Игор Узунов, директор- професор Ќазим Асотиќ, извршен секретар - Елена Трајковска, асистент-Дарко Петров.

Управниот одбор го сочинуваат - претседател: Валентина Ѓоргиевска- Парго, потпретседател: Јованка Новеска, членови: Снежана Арсова Трнски, Игор Тодоров. Савка Нејковска, Славка Каленикова, др.Митко Благоевски. Мецена е г-дин Јусуф Рушовиќ.

Фондацијата потпиша меморандум за соработка со МОБ и ЦИРА, како и донациски број на фондацијата здружено од ОНЕ и ВИП 075/077 143 700
 

Kajgana Shop

На врв Bottom