Српски/хрватски рап

M

Muranyi

Гостин
Ако веќе морам да прогласам крал на балканската рап сцена,тогаш јас лично тоа место без размислување му го препуштам на единствениот и незаменлив Едо Маајка.
Неговите секогаш интелегентно напишани и критички настроени текстови,преку кои на мошне умешен начин ни ги пренесува проблемите кои ги носи животот на ова парче земја наречено Балкан и ни го пресликува менталитетот на типичниот Балканец,кој рака на срце и не се разликува многу без разлика дали се работи за Србин,Хрват,Босанец или Македонец,успеваат секогаш да ме придвижат во позитивен правец,во нив многупати наоѓам еден вид на утеха и изнаоѓам сила за надеж за подобра иднина,будат во мене мноштво на емоции и размисли за одредени теми и појави во нашето општество.Навистина,кој не го слушал Едо Маајка не знае што пропуштил во животот,се работи за исклучително талентиран рапер,јас дури би одел и чекор понапред и би го нарекол и визионер.Не би можел да издвојам што посебно ми се допаѓа од неговата музика,од проста причина што буквално ама баш се ми се допаѓа и секоја песна,секое негово дело е совршенство само по себе.
Од останатите рапери,ќе ги издвојам нашите САФ,потоа хрватските Трам 11,Ел Бахати,ТБФ,потоа белградските гангста Прти Би Ги,Ајс Нигрутин со својот специфичен стил и еден од моите фаворити,како е неговата група Бед Копи кои повеќе не се активни но оставија добро творештво,Бвана-дечкото што римува и краде:).
 
M

Muranyi

Гостин
Едо најверојатно е вонземјанин:вонзем: ....текстовите му се универзални,маестрални и допираат до секој Балканец.
--- надополнето: 6 март 2013 во 19:40 ---
Сте го слушале Ел Бахати?Не смеете да го пропуштите:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom