Almeida
поет, мрачна сила, гад
- Член од
- 15 февруари 2015
- Мислења
- 7.563
- Поени од реакции
- 19.993
Да не помешаме сега, претпоставувам дека Соборниов храм ти е во контекст на почитувањето на црквата во време на социјализмот, наспроти обратните тврдења. Ако не се лажам, најголема во површина и сите други димензии е оваа црква - иницирана и комплетно изградена во „црни времиња за црквата“, нели.
Контроверзен проект е за мои сфаќања, мора да признаам. Во денешно време, познавајќи ги прилично неуките и заостанати (не би ги нарекол конзервативни) владици, овој облик не би прошол, иако содржи многу канонски симболики и е правилно. Тоа што е разбирливо, тргната е од главен плоштад, односно не и е дадена таква важна позиција - мене лично оваа не ми се допаѓа многу, затоа што и самиот објект не може да се доживее импозантно - тргнат е од главна оска и треба да се дојде до него - црквите, посебно камбанариите биле ориентир во градовите - овде тоа е, претпоставувам свесно избегнато - многу вешто.
Имаше во времето на СФРЈ и несмасни коментари дека повеќе личи на џамија, што е наивно да се каже. Османлиската џамија (не онаа од блиски исток) е практично црква, целосно е украден моделот. Мимар Синан, големиот османлиски градител бил фасциниран од Аја Софија и сите големи џамии кои ги изградил низ империјата биле во голема мерка „инспирирани“ од тој објект.
Да не го губи континуитетот темава со овие оф-топик дискусии, терај со презентациите @Византиецот