А колку малку ,,бед ес'' единичари кои мислат дека се кул ако имаат повеќе едници се јавија на темава, да не веруваш. Напредува општеството, но за жал сеуште ги има.
Не е тоа поентата, поентата е што секаде мора да се најдат паметњаковичи. Темава очигледно е дека е отворена за забава.
Ама веќе ако одиме со сериозна дискусија, кој уште се замара со оценки? Како да се некаков реален показател на знаење. Се знае, ако професорот те фати на пик и се да знаеш нема да имаш 5-ка. Секаде е така, од секогаш било така и ќе остане така. Од друга страна, набубај на памет - 5ка. Потруди се и покрај раскажувањето изнеси и свое мислење - тројче. Само добро е што се помалку се практикува ова и кај се помалку професори. Кај оние кои што се пред пензија секако се практикува и не само ова, туку и невидена дрскост. Ама избегав од темата.
Немам ниту еден кец.