Сончев брег

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
кажете некоjа агенциjа што вози до несебар/сончев брег :)

Минатото лето возеа Црво Транс од Штип и Бран Прилеп цените беа окколку 40 евра без патничко осигурување. Црво возеше на 2 дена, Бран на 5 дена.
Црво- Штип Кочани Мак Каменица Делчево Бг
Бран - Прилеп Кавадарци(по потреба) Велес Штип Кочани Каменица(по потреба) Делчево Бг
тоа се градовите од каде можете да се качите :)
Какво е морето/плажата во Несебар?
Имаш две плажи, двете плажи се со ситен песок и се чисти нема отпадоци по нив, на некои места има наталожено школки али ништо страшно.
Поголемиот дел се платени плажи со лежалки по солени цени(за бг) по 10лева чадор 10лева лежалки, но има и доста слободни зони за крпи и чадори :)
Морето не е баш сјајно, на едната плажа накај Сончев брег(северната мислам) на многу места има еден куп алги и морски треви, на другата плажа такво нешто нема.
Бранови има колку сакаш некои поголеми некои помали но сепак нон стоп ги има, и ако е среќа да е зелено знаме можеш колку сакаш да пливаш и да внесуваш душеци и сл.
Ако си во план за Бг-Несебар овоа ти доволно инфо, смештај таму наогаш сигурно од 5-8 евра максимум :)
 
Со Црво никогаш повеќе во животот нема да се излажам да патувам некаде. Лани со нив одевме на одмор во Бугарија и беше катастрофа! На враќање па ич да не правиме муабет, ги збркаа патниците, тие што беа од Штип, Радовиш и Струмица требаше да си одиме со два автобуси преку Ново Село а они ги смениле и тие од Скопје, Битола и Прилеп во нашиот автобус. Цели три часа дремевме на Митницата додека да се разберат шоферите и организаторите кој каде е и во кој автобус треба да се префрли, откако тоа го средија заборавија на багажот и моравме во Штип сите да застанеме за да си пронајдеме торбите. Наместо Штип, Радовиш и Струмица да си одиме преку Ново Село што ни кратеше време во патувањето ние тоа време го изгубивме бидејќи вртеа низ Митница за да си ги средат патниците. А тоа што едниот шофер за малку ќе го згазеа со автобусот на излегувањето од паркингот во Несебар и што мораа да викаат Брза Помош е плус. И така требаше да тргнеме во 16ч и некаде сабајле во 3-4 да сме дома, ние тргнавме од таму во 18:30ч а стигнавме тука другиот ден во 8 сабајле. Затоа никогаш повеќе со нив нема да патувам, бидејќи организацијата им е -10!

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk 2
 
Некој да пише/предложи добра понуда за Сончев брег ?
 
Некој да пише/предложи добра понуда за Сончев брег ?
Другар од искуство ти кажувам,
Најди си превоз и отиди таму, и имаш еден куп вили, соби, хотели за ефтини цени многу поефтини од агенциите.
Што ќе ти се допадне си договараш цена, малку се ценкаш и уживај си :)
 
Несебар и Сончев брег од мене имаат голем лајк, пак ќе им се вратам кад-тад!!!
 
Ме интересира како се дивжат цените за пиење, јадење, ноќен живот? Дали е поразлично од кај нас? И отприлика за 10 дена колку пари би ми требале се на се?
 
Ме интересира како се дивжат цените за пиење, јадење, ноќен живот? Дали е поразлично од кај нас? И отприлика за 10 дена колку пари би ми требале се на се?
Цените по маркети се тука некаде како нашите нешто можда и поефтини. Во несебар кафе по кафичите(мада малку ги има) се до 50-60ден. Коктелите по кафичите по плажите ти се до 10-12 лева. Сончев брег ти е нешто поскапо од Несебар али во глобала тука некаде се цените :)

Со 250 евра ќе поминиш 10 дена фул :)
 
Оваа година негде крајот на јули планирам да одам во Сончев брег, е сега се мислам дали да одам преку агенција или да отидам така па таму да барам сместување. Некој да даде совет како е подобро? Од прилика која цена би била од вечер тој период? Или да предложи така некое скромно хотелче, апартманче во кое бил, слушнал, му кажале ?:)

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk 2
 
Цените по маркети се тука некаде како нашите нешто можда и поефтини. Во несебар кафе по кафичите(мада малку ги има) се до 50-60ден. Коктелите по кафичите по плажите ти се до 10-12 лева. Сончев брег ти е нешто поскапо од Несебар али во глобала тука некаде се цените :)

Со 250 евра ќе поминиш 10 дена фул :)
со овие пари за 10 дена само хотелот не можеш да платиш а ако одиш на соба приватно-може но под услов да немаш големи претензии-за храна и други трошеци ќе ти требат поне уште толку пари
 
со овие пари за 10 дена само хотелот не можеш да платиш а ако одиш на соба приватно-може но под услов да немаш големи претензии-за храна и други трошеци ќе ти требат поне уште толку пари
Не претерувај.

Со 100 евра имаш превоз и смештај во Несебар, ти остануваат 30 лева дневно за трошење што е поприлично доволно за девојче па и за машко.

Со 500 евра ќе поминеш претерано луксузен одмор под услов да одиш приватен смештај, тоа се 80 лева дневно, нема како да ги потрошиш таму :icon_mrgr:
 
не претерувам-една едноставна сметка да направиме-тука-
http://www.nextbgtrip.com/city.php?c=62
се гледа дека цените се од 20 до 100 лева на креват-да прифатиме просечно 25 лв за 10 дена -250 лв или120 евра за персон-за двајца 500 лева или 250 евра само за спиење-за превоз и храна што останува?
 
Со 400 евра (тука вклучено и смештај и превоз) имаш ТОП провод во Несебар, за Сончев брег не баш
 
со овие пари за 10 дена само хотелот не можеш да платиш а ако одиш на соба приватно-може но под услов да немаш големи претензии-за храна и други трошеци ќе ти требат поне уште толку пари

Не зборев за хотел. Во Несебар приватно смесутување во куќи и некој помали хотели ти е до 10-12 евра максимум, а реално ти се од 6-8 евра :) Храната е тука некаде како нашата, ресторанти што има по Несебар се како нашите, пиле печено мислам дека беше 10-11 лева, риба цаца со пиво оклу 2 - 3 лева мислам. Се на се со 200 евра можеш да поминиш 10 дена во Несбар :)

п.с Со 400 евра во БГ ќе си господ, каде сакаш да си :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom