Совет за Iphone телефоните

O

onefifty

Гостин
Јас имам одлично искуство со Android на Samsung galaxy S8, госпожата со S21 исто ... претходно теравме со S4 (+ iphone 5S мислам) и S6.
Никогаш не сум имал проблем со оперативниот, обично после година две се затупуваа малце па флешував кастом ROMs.

Moментално сум на iOS (13 мини) оперативниот ми е мање више ко што се сеќавам на 5S-oт :) ... стабилен е коска, според мене најголемата разлика се апликациите ... се осеќа разлика.

Да резимирам, мое мислење е дека саглам Samsung ти е исто толку лесен за користење (за просечен корисник) колку и iPhone.
Ни на едниот ни на другиот нема потреба од рутирање, флешување или џеилбрејк.
Многу јасно, јас телефон што нејвеќе го користев и ме служеше беше Samsung S3, после тоа пробав и други Самсунзи како Ј5, А5, С6 ама на Ј5 и С6 два пати ми пуцаше екран во џеб, не знам како и ги баталив. Користев Хуавеи П20 и од тогаш почнав да се мачам со страшни УИ интерфејси кинески, да ти се одмили и телефон и све.
Сега сум на iPhone СЕ2020 и сум презадоволен како глатко и едноставно работи, само ме нервира батеријата пошто многу брзо се троши бидејќи е мала. Неверувам дека пак би бегал од iOS во догледно време, несакам да фрлам пари за скап iPhone 13 ама тоа е. Би сакал да пробам Google Pixel 6, се надевам најминимален ОС и едноставен за користење без тракатанци, уште тоа ми фали да пробам. :D
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.461
Поени од реакции
11.390
Нема да те обвинам за лага, затоа што можеби не ги осеќаш успорувањата, јас имав iPhone 6s, пред 4-5 години, телефонот дропаше фремови скоро цело време - буквално. После едно едно 2 месеци употреба дојде апдејт и се оправи, зборам за генерациски апдејт пример IOS 9>10 или кој и да беше не памтам.

iPhone 6, има значајно поспор чипсет, и драстично поспор сторејџ oд 6s кој штуцаше во 2015-2016, па така повторно ќе ти спомнам дека најверојатно не ги осеќаш дроповите на фремови и статери, иначе ги има еден куп, згора на тоа IPhone 6 е и телефон со 1гб рам, 1гб што беше малце во 2014-15, а камоли сега.

Комбинација на 1гб и тој сторејџ/чипсет во 2021/2022 nah, not buying it.
Нема зашто да лажам ете го телефонот кој сака нека го работи ке увиди дека не кочи, јас не реков дека некој сега треба да купи толку стар модел туку само дека и послем толку време тооооп си работи, инаку сум приметил пред апдејт да направам или знае да почне да кочи или да троши побрзо батерија иначе вече нема апдејти за 6


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
327
Многу јасно, јас телефон што нејвеќе го користев и ме служеше беше Samsung S3, после тоа пробав и други Самсунзи како Ј5, А5, С6 ама на Ј5 и С6 два пати ми пуцаше екран во џеб, не знам како и ги баталив. Користев Хуавеи П20 и од тогаш почнав да се мачам со страшни УИ интерфејси кинески, да ти се одмили и телефон и све.
Сега сум на iPhone СЕ2020 и сум презадоволен како глатко и едноставно работи, само ме нервира батеријата пошто многу брзо се троши бидејќи е мала. Неверувам дека пак би бегал од iOS во догледно време, несакам да фрлам пари за скап iPhone 13 ама тоа е. Би сакал да пробам Google Pixel 6, се надевам најминимален ОС и едноставен за користење без тракатанци, уште тоа ми фали да пробам. :D
Супер е телефонот (според рецензии онлајн) али е огромен, ако не ти смета големината супер.

Проблемот е што неможеш да го купиш, кај нас не се продава, а и во тие неколку земји каде што се продава викаат дека нема веќе залиха.

 
Член од
18 септември 2021
Мислења
33
Поени од реакции
39
@boban984 како си задоволен од 13 мини, ако можеш кратка рецензија, маани/предности?
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
327
@boban984 како си задоволен од 13 мини, ако можеш кратка рецензија, маани/предности?
Да не го копирам ... ќе ти пуштам неколку линка со мој впечаток од forum.it.mk

Мана една и единствена ... тоа ночот :) предности во мини рецензијата.
Мини рецензија ... сеуште го имам истото мислење, батеријата сеа ми трае троа појќе комотно гура ден, ден и пола.
https://forum.it.mk/threads/apple-pametni-telefoni-generalna-diskusija.45355/post-1310520

Цицање батерија при користење ЏиПиЕс, блутут и ЛТЕ
https://forum.it.mk/threads/apple-pametni-telefoni-generalna-diskusija.45355/post-1310710

Камера
Фотографии сликани со мобилен (ЧИТАЈ ПРВ ПОСТ!) | Страница 108 | IT.mk | Форум
Споредба на слики од S8, S21 и 13mini
Прогресот во мобилната фотографија низ годините | Страница 4 | IT.mk | Форум




И уше една да се посмееме ... последна е :P:D:D:D
1637356006811.png
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
1.522
На глас се смеам за мемињата за Шаоми :pos:

Али го делам мислењето дека фрлање пари е iPhone. Андроид и iOS девелопер сум, и пред очи ми е што се случува.
И за iPhone, и за било кој Apple продукт.

Стив Џобс одкога си замина Apple е повеќе ламја за профит, одколку иновативна компанија. Назад се со иновации - за телефони посебно. Избација конечно компјутерски процесор нивни, што е одличен, али за тие пари пак ќе склопиш звер Windows машини 1-2-3.

Користам еден Mac Mini 2014 модел од што морам (iOS не се компелира на Win)
Дур не умре душата ќе му ја вадам.

Него да се вратам на темата: Ова е само мое ЛИЧНО мислење.
Windows + Android.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Еве и од човек што ги поштува Xiaomi и се има бафтано со доста менување на оперативни системи на него (Redmi 4 Prime), ќе кажам и ја дека iOS ми е скроз друга категорија што ми ги олеснува секојдневните тракатанци кај што на Android не баш можев тоа да го направам. А и плус на MacOS ми е компјутерот, и синхронизирани ми се - едноставно супер workflow :)))

И добра камера у пм!
Добро нели ти изгледа малце глупо да споредуваш искуство на дно aka Redmi 4 со иПхоне од 500е + најмалку? Згора на тоа софтверот на Xiaomi не е силна страна, хардвер за цената е, за софтвер Samsungs/Google/Sony.

Ај покористи S21U па после дојди и сподели ни искуство.

Тие трактанци што ги викаш се викаат 2-3 клика плус на добар дел од функциите кај IOS, па така не знам како може непотребни кликови додатни да се подобра опција, да another level of pain in the ass.
 
Член од
18 јуни 2021
Мислења
285
Поени од реакции
618
Кога веќе замина темата страшно офф-топик, дај и јас да ве прашам за ум околу мојата дилема.

Моментално сме на iPhone X-ови со сопругата и дојде време да ги менуваме, имено затоа што не сме задоволни со камерата, дури и за нашите повремени, обични/аматерски секојдневни потреби е лоша, особено во ситуации со малку светлина камерата е компир, но и затоа што веќе се сака нешто ново, и сметам дека 4 години амортизација е доволно. Инаку телефоните ни се уште во прекрасна состојба како нови и абсолутно употребливи без никаков проблем (освен квалитетот на фотографија).

Е сега се решивме на iPhone 13 Pro 128GB, имено заради квалитетот на камерите, но тука цената е некаде $1.428 USD, што вкупно би било $2.856 USD за два телефони. Иако абсолутно можиме да си дозволиме по сите објективни стандарди, некако развратнички ми звучи концептот на фрлање скоро $3.000 на телефони.

Па сега сум во дилема што да правам, цел домашен дигитален екосистем систем ни е на Apple (macOS, Apple TV, Apple Cloud).

Да ја каснам перницата и да фрлам $2.856 на телефони или не вреди?
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
327
Ако сте у Ејпл еко системот нема логика да мењаш на Андроид ... а богами и нема нешо подобро да најдеш, можеби S22 ќе биде нешто што би сакале да го почекате.

Дома имам и S21 и iphone 13 mini ... камерата е исти к** ... јас неможам да кажам која е која на слики што сме ги сликале со госпожата.
Се синкаат двата на Synology Photos и кога ги гледам појма неам која слика со кој моб. е сликана.
Иначе цената на 13ката и S21 беше иста т.е. 53К, така да и аргументот дека Apple e поскап не е валиден.
Автоматски споено мислење:

На глас се смеам за мемињата за Шаоми :pos:

Али го делам мислењето дека фрлање пари е iPhone. Андроид и iOS девелопер сум, и пред очи ми е што се случува.
И за iPhone, и за било кој Apple продукт.

Стив Џобс одкога си замина Apple е повеќе ламја за профит, одколку иновативна компанија. Назад се со иновации - за телефони посебно. Избација конечно компјутерски процесор нивни, што е одличен, али за тие пари пак ќе склопиш звер Windows машини 1-2-3.

Користам еден Mac Mini 2014 модел од што морам (iOS не се компелира на Win)
Дур не умре душата ќе му ја вадам.

Него да се вратам на темата: Ова е само мое ЛИЧНО мислење.
Windows + Android.
Друже ако не ти тешко дај некој лаптоп со цена 50% од Apple лаптопиве со М процесор што е тука негде со перфоманси или немора да е лаптоп еве десктоп со слични перф. а цена упола, моеш?

Пр. Widows машина за 325$
1637493610610.png

или Win лаптоп што може да парира на ова
1637493693866.png

Јас земав летово Lenovo Thinkbook 15G2ITL и може да му се фати на мек еров у секој поглед, потапа батерија, перфоманси, изработка, екранот е срање :), а беше 950еур :)

Kako тргнале епл со лаптопиве ... да излезе стабилна верзија на Windows на вритуелка у МекОС ич не му ја мислам.
Пази Епл вади подобри перфоманси за Windows (компајлирање код и сл) на виртуелка отколку windows на i7 11th gen.
Чудни времиња.
 
Последно уредено:
Член од
18 септември 2021
Мислења
33
Поени од реакции
39
Се мислам од кај да земам нов ајфон или сегде се исти? Затоа што гледам разлика во цени на пример Нептун е со 100/150 евра поскапо од мобилариве.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Добро нели ти изгледа малце глупо да споредуваш искуство на дно aka Redmi 4 со иПхоне од 500е + најмалку? Згора на тоа софтверот на Xiaomi не е силна страна, хардвер за цената е, за софтвер Samsungs/Google/Sony.

Ај покористи S21U па после дојди и сподели ни искуство.

Тие трактанци што ги викаш се викаат 2-3 клика плус на добар дел од функциите кај IOS, па така не знам како може непотребни кликови додатни да се подобра опција, да another level of pain in the ass.
Брату, не ми изгледа глупо зашто ако прочиташ подобро не ги споредив - туку само дадов до знаење дека го знам и светот на Android до толку што имам мењано оперативни системи секоја недела, за да си направам како што сакам.

И по стариот 4 Prime (што кога го имав беше врв телефон), имам користено high-end Android уреди, али пак, iOS за мене (не читај за тебе) си е подобар, и то...

Не мора да значи дека на секој ќе му биде подобар, затоа си имаш избор Иначе за тракатанците, се` е до навика.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Брату, не ми изгледа глупо зашто ако прочиташ подобро не ги споредив - туку само дадов до знаење дека го знам и светот на Android до толку што имам мењано оперативни системи секоја недела, за да си направам како што сакам.

И по стариот 4 Prime (што кога го имав беше врв телефон), имам користено high-end Android уреди, али пак, iOS за мене (не читај за тебе) си е подобар, и то...

Не мора да значи дека на секој ќе му биде подобар, затоа си имаш избор Иначе за тракатанците, се` е до навика.
Сакав да ти одговорам еден подолг пост, ама кога прочитав дека Redmi 4 е врв, а си "користел" флагшипс, се ми стана јасно. Tој телефон бил и ќе биде ентри левел џанк, ама теши се дека бил врв.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Сакав да ти одговорам еден подолг пост, ама кога прочитав дека Redmi 4 е врв, а си "користел" флагшипс, се ми стана јасно. Tој телефон бил и ќе биде ентри левел џанк, ама теши се дека бил врв.
Redmi 4 Prime со Snapdragon 625 i think. Не е џанк, а и не беше кога искочи, ѕирни дата првин
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Интересна тема сте отвориле, па вака да се нафрлам со прашања.

Моментално користам Xiaomi mi note 10 и телефонот е сосема океј, и перфоманси и камера, не кочи, не лагува, играм игрици редовно на телефонот, преполн е со апликации, слики, видеа, глупости.

Но !

Некако ми е досадно веќе android да користам, сите телефони досега што сум ги имал биле на android систем.

Сакам да земам некој Iphone, но и не планирам да продадам бубрег за да купам од поновите ајфони.

Предложете некој ајфон, јас лично размислувам за Iphone XS max, па може да ме советувате.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom