JETKUNDO да ти кажам право и јас се мислев за брвнара, ама не се залажувај со ламинат кој има цена од 300 ден/м2 и прозори од 50-80 евра, изгради си цигла или итонг е тоа е да не се замараш (ке се замараш додека се гради да, меѓутоа не се замараш за рок на траење и премачкување и заштити и слично...) Хот и Хот работат со пресувана пилевина, јас би подразмислил дали сакам да вложам илјадници евра во куќа од пилевина
а Сунѓерчо има право.... пожар? скраја да е.... не дека циглата не гори, ама пилевина ке ти бувне од цигара
Брвнара ти е поскапа од цигла затоа што квалитетното дрво за квалитетна брвнара треба да го увезеш и е многу скапо, инаку е убаво и дава некоја топлина кога ја гледаш...
Доколку сакаш по ефтино, но и квалитетно, мој совет цигла или итонг (што и за итонгот разговарав со луѓе кои со години се во градежништвото како со искуство така и со дипломи, итонгот може да се случи и некогаш да створи кондензација на плафонот и незнам колку е поефтин од цигла, треба да се израчуна), се информирав, читав, разгледував....