C
confusion
Гостин
Ќе го однесам од понеделник кај официјален Пежо сервисер што е тука во Куманово па ќе видиме што како, кој сака нека е сензор, јас сите би ги сменил за да бидам на чисто, за брегаста можам и самиот да го сменам, дофатлив е, се гледа, за радилица не знам кај е, ама да знам дека е до нив, сам ќе ги средам.Тоа со water in diesel нема врска со палење толку макар да ако прави така сензорот за вода е дефект и треба да го смениш. Вода во нафатата од Макпетрол тешко, Лукоил и други бензиски можно е...досега двајца знам на кои колите им гаснеа поради вода во горивото, двајцата од лукоил наполнето...па сеа јас во живот не стапнувам таму.
А за тоа што не пали тие од сензор на радилица или сензор за температура. Треба колата да однесеш на дијагностика и пред да се пали наутро да се провери која температура ја дава сензорот. Ако е надвор 25 степени а сензорот кажува -10 или +50 тогаш јасно дека не е во ред.
Исто треба да се провери дали има синхронизација меѓу сензорот на брегаста и радилица...ти треба добар дијгностичар. Не менувај ништо по совет на мајстори, може ова може она да е...може се да биде, затоа дијагностика првин добра.
За температура сензорот не ми ни текна, во право си, можда и до тоа е, има ли врска тоа што климата не ми функционира а ја полнев пред 2 недели, работеше и ладеше топ, сега откако се појави грешкава и климава престана да работи, или тоа нема врска со тој сензор за температура?