Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.657
Поени од реакции
1.519
Немам тука начекано таква опција за монтажа, денес свртив по локалците... држ-недај, набиваат цена. Зедов некоја Uniroyal Express2 лајно гума (и тие како Барумот се на Континентал) за отприлика 67еур парче, башка на тоа монтажа, а пошто и климата ќе ми биди за полнење и гумите не се на лагер моментално закажав термин тек за идна недела. Како ќе се покажат во вожња ќе видиме.

Инаку, фала за инфо околу мрежата, се двоумам што да правам и јас. Локално тука не најдов, ќе видам до крај на недела ако нешто има на ebay, amazon, чика Алија и слично и за колку време би стигнало пошо за на одмор сум. Па ако нема ќе пичам и јас така, дури тера, тера.
Jas togas mrezata ja gledav na amazon. Inace izbegavam da vozam zad kamioni(pogotovo kiperi) poso od niv najmnogu letaat kamenciinja i praat mnogu steta. Ne prasuvaj kako znam :D Eden pred godina mi ja osteti bojata na haubata. Sreka u nesrekja pred nekolku nedeli firma ja osteti haubata uste povekje i toa pri perenje i ja napravija i farbaa seta hauba besplatno.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.046
Поени од реакции
11.323
Мислење за Hyundai i20 сакам половен да земам 2010-2012 год, дали е подобро бензинец или дизел?
Овде бензинците ги отруја возење како мало градско возило, на ангро ги купуваат, на комшијата ќерка му вози едно бело ене го мака нема 2 години оф немаат речено.

Дизелите не знам како се имаат покажано, ниту бензинците, ова го кажувам само како нем посматрач пошто едно време и јас се интересирав за i20 бензинец како градска кола, а еден ден и ќе ја земам пошто многу ми е фаца на изглед.

Jas togas mrezata ja gledav na amazon. Inace izbegavam da vozam zad kamioni(pogotovo kiperi) poso od niv najmnogu letaat kamenciinja i praat mnogu steta. Ne prasuvaj kako znam :D Eden pred godina mi ja osteti bojata na haubata. Sreka u nesrekja pred nekolku nedeli firma ja osteti haubata uste povekje i toa pri perenje i ja napravija i farbaa seta hauba besplatno.
Ќе барам деновиве на амазон, немав време досега, а денес бев вгаража пошто термин имав и го наместив тоа кондензерот (казанчето) за клима па ако најдам пвц мрежа ќе треба накнадно да ја ставам - али имаше простор од долу па нема да е поголем проблем и предизвик.

Ќе ставам утре слики како поминав, ебате тоа пластиките ебате, пластични штрафови и навртки ќе сонвам сега кога ќе си легнам. Златна стега батуле, треба нешто да смениш сечи ја и стегни после нова.

Инаку од зад такви камиони возење пазам и јас, генерално се шлепам зад ладњачи кога за тоа има потреба (и на дистанца).
 
Член од
27 мај 2016
Мислења
365
Поени од реакции
144
Мислење за Hyundai i20 сакам половен да земам 2010-2012 год, дали е подобро бензинец или дизел?
Не дека го рекламирам но пред неколку дена на ProAvtoMarket објавија јарис 2012 год 1.4дизел добра градска кола.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.046
Поени од реакции
11.323
Не дека го рекламирам но пред неколку дена на ProAvtoMarket објавија јарис 2012 год 1.4дизел добра градска кола.
Од Мирко (Neovlasceni serviser) препорака бр. 1 за мало градско возило, под услов да се најди одржувано (иако за одржување најмалку мака имаат јапонците ама сепак каква да е кола ако газдата не чини - џабе).
Тие и хондините мотори атмосферци се најдобри и според него и според многу мајстори кои поштено си ја работаат работата.

И сите го велат истото, битен е газдата - НЕ колата. Секоја кола горе долу ќе биди океј (од ваквите производители) ако газдата навремено ја одржувал.
 
Член од
20 јануари 2023
Мислења
379
Поени од реакции
509

И да додадам, покрај газда кој навреме ја одржувал и газда кој добро/нормално ја возел. Ова е најголемиот проблем кај половните БМВ возила (покрај малку овериженерингот) кои се поквалитетно направени и од Ауди па и од Мерц., со другите европски и да не ги споредуваме. Веројатно над 50% од БМВ не се доволно добро одржувани и нормално возени, особено 1-те и 3-те.
 
Ај ќе те цитирам во овој дел, а со тоа и да поставам воедно и битно прашање за мене пошто сè уште учам од туѓи искуства и стекнувам свои.
Одговори кога имаш време, а и може некој друг да се вклучи во дискусија, добредојдено.

Прво, скроз си во право, тоа нормалното возење е исто битен дел ако не и најбитен. Особено ако возат како луди т.е. тргнуваат од место со фул гас, педала до крај и шибаат така до пред два метра пред семафор па кочат како луди на црвено место. Овде тоа е правило, не исклучок и затоа сите имаат отидени држачи на мотор (првенствено), а потоа и ред други проблеми со плочки, дискови, мотор... you name it.
Станва од сабајле во зима, моторот не загреан, го цепи ко да нема утре.
Кретени.

Прашањето: мењачот ми играче чочек во вожња, го сменав држачот на мењач долу и се реши проблемот добри 70%, нарачав сега и држачи на мотор и стигнаа вчера, НО кај гумениот дел кога ќе ги фатиш играат леле мори мајко - ептен се криват на горе и долу, буквално се виткаат за 45 степени.

Нормално е тоа, така треба да има еластичност држачот за моторот или пошто се заменски дел (не оригинален) едноставно не чинат па да ги враќам?

Пошто не сакам да се заебавам да ги наместам па после да не бркаат работа да мора стари да враќам назад..., плус за релативно брзо тргам на пат.

Колку треба да има „игра“ кај овие држачи? Пошто тој за мењач немаше воопшто и гумата беше камен тврда, додека пак стариот шо го извадив се мрдаше гумата минимално и оттаму имаше еден куп вибрации т.е. мрдање на мењачот при давање и одземање гас.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.042
Поени од реакции
7.699

Tie dva drzhaci samo original. Ili nachbau od Lemförder ili Meyle HD. ( Samo Meyle bez HD isto ne chinat)

Ima i so Acitv Gel vnatre vo drzhachot i Mercedes gi isfrli od upotreba zatoa shto mnogu brzo se rasipuvaja.
 
Ги најдов од Kavo (таков беше и овај за мењач и океј беше) ама будалата ги нарачав другите Imperum некоја марка али ко стигнаа вчера... не ми се ни отворени од ќеса, така стојат.

Ќе барам Lemförder или Meyle HD да видам шо нудат пошто оригинални појма немам од кој производител се, а да ги вадам само за да барам ОЕМ на нив никој не ми гарантира дека и овие шо се монтирани не се реплика некоја па бадијала да ми испадни работата.
Фала за предлогот.
 
Zemi toa shto ti pishav i nemaj galje.
Pred se so Lemförder.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.046
Поени од реакции
11.323
Zemi toa shto ti pishav i nemaj galje.
Pred se so Lemförder.
Читав сега и на еден Германски форум шо ми излезе на срч, сите истото го препорачуваат. Фала уште еднаш за советот, се надевам ќе најдам конкретно за овој модел.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.402
Поени од реакции
16.632

Од кј наручуеш делоој?
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.046
Поени од реакции
11.323
Од кј наручуеш делоој?
Autodoc .de ама мамицата нивна за нешто каснат со испорака, за нешто не.
Зедов трајал премиум членство, пак ми каснеа со испорака т.е. од стовариште/фабрика мн му требаше додека ги пратат па ајде со супорт на чат - едниот пат успешно, вториот не (пак каснеа).
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.402
Поени од реакции
16.632
Autodoc .de ама мамицата нивна за нешто каснат со испорака, за нешто не.
Зедов трајал премиум членство, пак ми каснеа со испорака т.е. од стовариште/фабрика мн му требаше додека ги пратат па ајде со супорт на чат - едниот пат успешно, вториот не (пак каснеа).
И се искурназија со наплата за достава, пред короната не наплаќаа уопште ако добро ме држи сеќавање. Еден филтер да ти треба, 7 евра плус достава.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.046
Поени од реакции
11.323
И се искурназија со наплата за достава, пред короната не наплаќаа уопште ако добро ме држи сеќавање. Еден филтер да ти треба, 7 евра плус достава.
Тоа да, треба чоек да си земи комплет 2 сета со една нарачка такви евтини работи инаку повеќе испораката кошта од делот.

Инаку, дали имате користено од овие евтините масла во Акцион?

Холандија сите произведени, на старата кола едно друго као демек Холанѓанско кога ми ставија во МКД ми изгледаше ептен ретко, а башка шо постои можност да оксидира моторот да си еби делумно мајката.

Кога ја купив му зедов 5w30 на LIQUI MOLY - TOP TEC 4600, иако @Kadaif имаше напишано пред тоа баш кога му одговараше на еден член дека за опел мотори е срање ова масло, чекав јас да помини одреден период да видам како ќе работи моторот, не го слушам да е побучен, исто ми работи како претходно.

Сеа ќе ги свртам километрите на одмор, следна промена не е проблем да нјадам на попуст било кое од овие подобрите (моли, кастрол и слични) ама ме интересира во золчас дали има штета од овие за 5 пари произведени и се продаваат на ангро.
Башка шо цела авто козметика им е од таа линија C & C, за гребаници, за внатрешна кабина, бандажи, двотактоли, масти разни, антифриз, ју нејм ит.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.418
И се искурназија со наплата за достава, пред короната не наплаќаа уопште ако добро ме држи сеќавање. Еден филтер да ти треба, 7 евра плус достава.
За филтри ако е, боље од амазон ги порачај. Таму и испорака можиш да добиеш бесплатна ако си ја земеш од маалската продавница. Иначе и аутодок истите филтри ги продава преку амазон.
Автоматски споено мислење:

Тоа да, треба чоек да си земи комплет 2 сета со една нарачка такви евтини работи инаку повеќе испораката кошта од делот.

Инаку, дали имате користено од овие евтините масла во Акцион?

Холандија сите произведени, на старата кола едно друго као демек Холанѓанско кога ми ставија во МКД ми изгледаше ептен ретко, а башка шо постои можност да оксидира моторот да си еби делумно мајката.

Кога ја купив му зедов 5w30 на LIQUI MOLY - TOP TEC 4600, иако @Kadaif имаше напишано пред тоа баш кога му одговараше на еден член дека за опел мотори е срање ова масло, чекав јас да помини одреден период да видам како ќе работи моторот, не го слушам да е побучен, исто ми работи како претходно.

Сеа ќе ги свртам километрите на одмор, следна промена не е проблем да нјадам на попуст било кое од овие подобрите (моли, кастрол и слични) ама ме интересира во золчас дали има штета од овие за 5 пари произведени и се продаваат на ангро.
Башка шо цела авто козметика им е од таа линија C & C, за гребаници, за внатрешна кабина, бандажи, двотактоли, масти разни, антифриз, ју нејм ит.
Од акцион, со масла не би ризикувал. Во акцион 50% од робата вреди, 50% е ѓубре. Како ќе ти се погоди. Но за такви работи не би ризикувал. Подобро од амазон порачај од дилер на масла со бесплатна доставка на некоја бензинска.

На масла верувам кои се брендови на светските концерни. Тие другите one player сигурно ќе сечат на квалитет.

BP, Shell, Esso, Total.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom