Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Зависи тоа од колата, колку работа има да се припреми и колку боја ќе оди и работна рака нормално. Не е ефтино, сигурно накај 600-700 евра ќе идат. Најубаво да прашаш на неколку места па кој ќе ти даде поприфатлива цена да идеш таму.
Makes sense. Фала ти!
 
А генерално, да не знаеш колку се движат цените за целосно фарбање на автомобил?

Многу зависи и од квалитетот на материјалите и кој мајстор ќе ја работи...има фарбање колку да се каже фарбано е, а има и фарбање по пропис кое накај 1000 евра фаќа дури и за мала кола како поло. Ако има и нешто рѓа или скапано тоа тие плус
 
Здеаво
Каде можам да најдам гуми по најполовни цени во Македонија...не сум воопшто искусен со автомобиливе и не сакам да ме изиграат...
и што мислите дали вреди да се земат комбинирани
 
Што да се мисли за комбинирани друже што очекуваш???
Нит летно време имаат вожња како летните нит зимно време ќе те качат на Маврово пример

Ок гума за да ја возиш низ град и ништо повеќе од тоа (па зависи и за низ кој град не за сите), плус деградација ќе им биде значително побрза од два пара ако имаш така што ќе уштедиш сега на гуми ама место за 5 години ќе ги смениш за 3 и коа ќе видиш малтене исто ти доаѓа
 
Пребарај на гугл гуми, имаш неколку мк страни со добри цени, препорака од лично искуство гумигуми мк, зависи од потребите за обичен смртник што вози низ град и од време на време меѓуградска комбинирани ти се најисплатливи.
 
Што да се мисли за комбинирани друже што очекуваш???
Нит летно време имаат вожња како летните нит зимно време ќе те качат на Маврово пример

Ок гума за да ја возиш низ град и ништо повеќе од тоа (па зависи и за низ кој град не за сите), плус деградација ќе им биде значително побрза од два пара ако имаш така што ќе уштедиш сега на гуми ама место за 5 години ќе ги смениш за 3 и коа ќе видиш малтене исто ти доаѓа
Значи маркетиншки трик и мене ми немаше логика со еден удар две муви да може да отепаш.
Тоа ти е како комбинирани влечки и летни и зимски
 
Последно уредено:
Возам 100км за да видам кола. Не ти кажува по телефон за дефекти.
Ко ќе појдеш на лице место те пречекува кочина од кола која последно била в перална пред 6 месеци и ти објаснува како колата во лер држи 1500rpm и дека треба да смениш сензорче кое кошта 50€ ама тој нема време да го смени.
И на крај ти прави мајндфак каде така самоволно урива цена 500Еура од тоа што првично го бара.
Значи пичкави матер. Или продавајте како што треба или не ми ебавајте време и живци.
 
Далеку е од маркетиншки трик, гумите си вршат одлична работа како што ти кажа и членот погоре за низ град, па и да возиш малку надвор ама додека ги користиш со усул. Тоа малку надвор не е да се качуваш на маврово/Крушево во јануари или да возиш 200 на саат по автопат летно време

ако возиш како мене (пензионери да те поминат) и повеќе од добра гума би ти била за у МКД
Ама ако сакаш да си стискаш на гаста подобро потроши некој денар на добри гуми него ли на поправки и не дај боже болници понатака
Тргни прво од твоите потреби и како возиш. Ако возиш само низ град (нели не у Берово Пехчево Маврово Крушево кај што секако ќе имаш 2 метра снег и зимски не те оправаат што се вика) и имаш мека нога возиш во ограничувањата тогаш немаш мака со комбинираните
 
Здеаво
Каде можам да најдам гуми по најполовни цени во Македонија...не сум воопшто искусен со автомобиливе и не сакам да ме изиграат...
и што мислите дали вреди да се земат комбинирани
Јас возев 4 години вакви гуми, не пробав да се качувам на зимските центри затоа што не ни сакам снег и зимски спортови, на Плетвар поминував по неколку пати во зима, и со внимателна вожња немав апсолутно никакви проблеми.
Во лето ќе внимаваш да не влегуваш апла јако во кривини кога е многу жешко оти ќе почнат да пиштат и може да ги оштетиш, инаку бркаат работа.

Ок гума за да ја возиш низ град и ништо повеќе од тоа (па зависи и за низ кој град не за сите), плус деградација ќе им биде значително побрза од два пара ако имаш така што ќе уштедиш сега на гуми ама место за 5 години ќе ги смениш за 3 и коа ќе видиш малтене исто ти доаѓа
Со цените на работна рака тешко дека ќе му дојде исто, 4 години по 1200+ денари за промена му се уште 100 евра работна рака + уште толку за чување, или пак ќе треба да зема уште еден пар бандаши со што ќе го кошта малку поефтина промената, ама пак ако имаш алуминиумски е греота да ја грдиш со челични и рандом раткапни.
 
Возам 100км за да видам кола. Не ти кажува по телефон за дефекти.
Ко ќе појдеш на лице место те пречекува кочина од кола која последно била в перална пред 6 месеци и ти објаснува како колата во лер држи 1500rpm и дека треба да смениш сензорче кое кошта 50€ ама тој нема време да го смени.
И на крај ти прави мајндфак каде така самоволно урива цена 500Еура од тоа што првично го бара.
Значи пичкави матер. Или продавајте како што треба или не ми ебавајте време и живци.

Друже тоа е...како што реков пред некое време ако е колата во ред никој не ја продава.

Инаку барај кола што е во твојот град или близина баш ради такви работи...па макар била и многу различна од тоа што бараш. Главното е да најдеш здрава кола, што фајде дека ќе најдеш таква кошо бараш ко ќе треба 2000 евра во нејзе да вложиш за два месеци.

Шансите да најдеш зачувана кола баш таков модел кошо бараш. со толку врати, со тој мотор, итн. ти се многу мали. Македонија е премногу мал пазар за тоа.
 
Последно уредено:
Јас возев 4 години вакви гуми, не пробав да се качувам на зимските центри затоа што не ни сакам снег и зимски спортови, на Плетвар поминував по неколку пати во зима, и со внимателна вожња немав апсолутно никакви проблеми.
Во лето ќе внимаваш да не влегуваш апла јако во кривини кога е многу жешко оти ќе почнат да пиштат и може да ги оштетиш, инаку бркаат работа.

Со цените на работна рака тешко дека ќе му дојде исто, 4 години по 1200+ денари за промена му се уште 100 евра работна рака + уште толку за чување, или пак ќе треба да зема уште еден пар бандаши со што ќе го кошта малку поефтина промената, ама пак ако имаш алуминиумски е греота да ја грдиш со челични и рандом раткапни.
Тоа што пробувам да му кажам, со такви гуми ќе вози океј ама мора да е внимателен, не се гуми за да брка брзини.

е за математиката друже како е што е греота да вози челични бандажи за да му ја личела колата, уште погреота е да вози комбинирани гуми и да има мизерна вожња

нормално најубаво е да се имаат два пара бандажи со посебни гуми летни/зимски ама не секогаш е тоа возможно
Со два пара бандажи не мора да плати ни за менување а ако има услови ни за чување
Може не знам да сменам сет ламела ама менување на гуми е саат време работа (зборам за два сета бандажи)
 
Се разбираме, али два пара само ако вози многу и по заебани терени. Ако врти под 10к годишно, и најчесто низ Скопје нема есап. И од стоење нема да ги бива.
Јас во Македонија возев од 8-15к км годишно, и не секогаш имав есап за да земам и зимски и летни, требаше да ги возам 7+ години за да ги направам километрите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom