Собранието го донесе законот за знамињата

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Албанското знаме виси - македонското извиси:

Пред општинската зграда во Липково се вее само албанското знаме, а градоначалникот не ни помислил да го истакне државното, иако вчера стапи во сила Законот за употреба на знамињата на заедниците. Тој пропишува пред и во објектите на локалната самоуправа постојано да бидат истакнати државното знаме и знамето на етничката заедница која е во мнозинство.

- Се разбира дека пред општинскиот објект е истакнато само албанското знаме. А дали ќе биде и државното ќе треба да се консултирам со партијата - ни изјави Беќир Саќипи, градоначалник на Липково и член на владејачката ДУИ.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
По Илинден, македонското знаме симнато, а албанското остана да се вее во неколку општини. На јарболот пред општина Чаир и пред 2 Август и утрово државното и знамето на албанската етничка заедница се виорат заедно.

Но, улицата „Цветан Димов“ утрово осамна накитена само со албански знамиња. Според градоначалникот на Чаир Изет Меџити, се работи за инает.

Комитетот за урбанизам на град Скопје пред празникот на улиците и пред позначајните објекти ги поставиле само македонското и знамето на град Скопје. Во знак на револт градоначалникот Меџити приватно наредил да се постави и албанското знаме.

„Во границите на општина Чаир беа поставени само државното и градското знаме. Со тоа го прекршија законот и за ова ќе барам објаснување од нивна страна“, изјави Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир.

„Во моментот кога тоа беше утврдено, дадов наредба заедно со градското и државното знаме да се вее и албанското знаме, оти така е предвидено со новиот закон. Во моментот стои само албанското знаме и дадов наредба и тоа да се собере, но ова мора да се среди за идните празници“, додаде Меџити.

„Гледам дека нема, само тие се останати. Нека размислат малку нашите политичари за тоа“, рекоа граѓани на Чаир.

Во неколку липковски села во изминативе денови воопшто не се почувствува дека е државен празник. Се вееше само албанското знаме.

Иако законот за знамињата веќе е на сила, некои градоначалници сакаат да покажат дека се над законот, а власта покажа дека е неспособна подеднакво да ги спроведува законите на целата територија на државава.
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
а бе тоа инаетот некој ден од глава ќе им се скрши, само да се надеваме дека до аму нема да дојди...

ама ко шо ги знам албанскиве „водачи„, ко збеснати кучиња се понашат

а со бесно куче...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom