Снукер

Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Светски Шампионат во Снукер 2018
од 21 април 2018 до 7 мај 2018
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

2 мај 2018
Дванаесетти ден - Четвртина финале:

Динг Џунхуи 5:13 Бери Хокинс;
Марк Ален 6:13 Кајрен Вилсон;
Марк Вилијамс 13:8 Али Картер;
Џон Хигинс 13:12 Џад Трамп;

Утре, четврток, 3 мај 2018, во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018 силите ќе си ги измерат:

14:00. Кајрен Вилсон - Џон Хигинс;
20:00. Бери Хокинс - Марк Вилијамс;

Во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018 се игра до максимални 33 фрејмови, односно во финалето ќе продолжат играчите кои први ќе освојат 17 фрејмови.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Трамп :tapp: Од 11-9 и фрејм за 12-9...
Ваква прилика за титула никогаш веќе нема да има.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Трамп :tapp: Од 11-9 и фрејм за 12-9...
Ваква прилика за титула никогаш веќе нема да има.
Млад е` Џад Трамп, иднината е пред него.

Проблемот на Трамп во четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018 беше тоа што за свој противник го имаше Џон Хигинс, кој секогаш најдобро игра кога е` под притисок, односно кога губи.

Трамп водеше со 4:1, па 5:3 во првата сесија од мечот во вторникот, 1 мај 2018.

Потоа, вчера, среда, 2 мај 2018, во пладневната сесија Трамп водеше со 7:3, за потоа Хигинс да поведе со 8:7, по што на крајот од сесијата Трамп израмни на 8:8 .

Потоа, вчера, среда, 2 мај 2018, во вечерашната сесија Трамп поведе со 10:8, по што Хигинс го намали водството на Трамп на 10:9, по што Трамп повторно го зголеми своето водство за 2 фрејма, овој пат на 11:9 .

Потоа Хигинс ги освои наредните 3 фрејма и по втор пат во мечот воспостави водство над Трамп, овој пат на 12:11, по што Трамп го освои 24-от фрејм и израмни на 12:12, по што следуваше последниот одлучувачки 25-ти фрејм, кој беше освоен од страна на Хигинс со резултат 84:0 .


Откако помина можноста за финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018 да се одигра помеѓу Англичанецот Рони О'Саливен и Шкотланѓанецот Џон Хигинс, сега фаворити за финалето се Велшанецот Марк Вилијамс и Џон Хигинс, кои заедно со Рони О'Саливен доминираа оваа снукер сезона 2017/2018, поради што финале помеѓу Вилијамс и Хигинс не би било шлагот врз тортата за оваа сезона како што ќе беше финале помеѓу О'Саливен и Хигинс, но затоа би било одличен прелив врз сладоледот - и онака веќе е` лето, пролетта помина пред да трепне човек. :D

Хигинс и самиот потврди дека сеуште е` во шок откако извојува победа над Трамп во четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018 со резултат 13:12 .



Откако извојува победа во осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018 против Роберт Милкинс со резултат 13:7, Вилијамс вети дека доколку успее да се пласира во финалето и доколку победи и ја освои титулата Светски Шампион во Снукер по трет пат во својата професионална снукер кариера, ќе ја одржи прес конференцијата разголен.


Откако извојува победа во четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018 против Али Картер со резултат 13:8, Вилијамс изјави дека ќе се држи до дадениот збор и неговото ветување сеуште важи.


Истовремено, доколку Вилијамс успее да се пласира во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018 и извојува победа против Хигинс или Кајрен Вилсон, ќе биде вториот најстар светски шампион во снукер на 43 годишна возраст од кога турнирот се одржува во англискиот театар Крусибл во Шефилд од 1977 година па наваму, после неговиот сонародник, шест кратниот светски шампион во снукер, Велшанецот Реј Риердон, кој по шести и последен пат во својата професионална снукер кариера ја освои титулата Светски Шампион во Снукер на 45 годишна возраст во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 1978, каде што извојува победа над Јужноафриканецот Пери Манс со резултат 25:18 .

За волја на вистината, истото важи и за Хигинс, кој на 18 мај 2018 ќе го прослави својот 43-ти роденден, но и како 42 годишен Светски Шампион во Снукер 2018, Хигинс сепак би бил вториот најстар Светски Шампион во Снукер после Реј Риердон, а истото ќе важеше и за 42 годишниот О'Саливен, кој ќе го прослави својот 43-ти роденден на 5 декември 2018, доколку успееше да се пласира во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, и доколку победеше во финалето, се разбира.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Светски Шампионат во Снукер 2018
од 21 април 2018 до 7 мај 2018
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

3 мај 2018
Тринаесетти ден - Полуфинале:

Утре, петок, 4 мај 2018, продолжуваат мечовите од полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018:

11:00; 20:00. Кајрен Вилсон 3:5 Џон Хигинс;
15:30. Бери Хокинс 5:3 Марк Вилијамс.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Светски Шампионат во Снукер 2018
од 21 април 2018 до 7 мај 2018
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

4 мај 2018
Четиринаесетти ден - Полуфинале:

Утре, сабота, 5 мај 2018, треба да продолжат и да завршат мечовите од полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, во кои силите ќе си ги доизмерат:

11:00; 20:30. Бери Хокинс 9:7 Марк Вилијамс;
15:30. Кајрен Вилсон 11:13 Џон Хигинс.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Светски Шампионат во Снукер 2018
од 21 април 2018 до 7 мај 2018
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

5 мај 2018
Петнаесетти ден - Полуфинале:

Кајрен Вилсон 13:17 Џон Хигинс;
Бери Хокинс 15:17 Марк Вилијамс;

Иако изгуби во полуфиналето од Марк Вилијамс со резултат 15:17, сепак во 22-от фрејм од нивниот меѓусебен полуфинален меч во Светскиот Шампионат во Снукер 2018, Бери Хокинс со 133 поени го одигра 75-от три цифрен брејк на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, кој беше услов на главниот спонзор на турнирот Бетфред за да донира 25.000 британски фунти за болницата за тешки детски болести Џеси Меј во Бристол, југозападна Англија.


Делуваше речиси невозможно со оглед на фактот дека Бери Хокинс постојано водеше во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018 против Марк Вилијамс со предност од 2 фрејма, но откако на резултат 15:15 Вилијамс го освои 31-от фрејм за прв пат во мечот да воспостави водство над Хокинс со резултат 16:15, во 32-от фрејм можноста за израмнување на 16:16 и одигрување на последен одлучувачки 33-ти фрејм ја однесе промашувањето на розовата топка од страна на Хокинс, која му беше потребна за да го освои фрејмов, додека на Вилијамс му беа потребни и розовата и црната топка, кои успешно ги внесе за да го освои фрејмот, за да победи со резултат 17:15 и за да се пласира во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, каде што го чека Џон Хигинс.

Дали Марк Вилијамс разголен ќе одржи прес конференција утре, понеделник, 7 мај 2018, како трикратен Светски Шампион во Снукер, или Џон Хигинс ќе се израмни со Рони О'Саливен по број на освојувања на титулата Светски Шампион во Снукер, освојувајќи ја истата по 5-ти пат во својата професионална снукер кариера, допрва ќе дознаеме.



Од своја страна, откако се пласираше во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, Марк Вилијамс повторно потврди дека ќе се држи до дадениот збор.


Денес, недела, 6 мај 2018, започнува дводневното финале на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, каде што силите ќе си ги измерат:

15:00; 20:00 Џон Хигинс - Марк Вилијамс;

Судијата кој ќе го води мечот е 46 годишниот Англичанец Брендан Мур.

Во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018 се игра до максимални 35 фрејмови, односно победата во финалето и титулата Светски Шампион во Снукер 2018 ќе ги освои играчот кој прв ќе освои 18 фрејмови.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Светски Шампионат во Снукер 2018
од 21 април 2018 до 7 мај 2018
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

6 мај 2018
Шеснаесетти ден - Финале:

Утре, понеделник, 7 мај 2018, треба да продолжи и да заврши финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, каде што силите ќе си ги доизмерат:

15:00; 20:00 Џон Хигинс 7:10 Марк Вилијамс;

Марк Вилијамс го делат само 8 (ОСУМ) фрејмови од неговото трето освојување на титулата Светски Шампион во Снукер во неговата професионална снукер кариера.

Теоретски изводливо е Вилијамс да победи во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018 веќе во попладневната сесија доколку Џон Хигинс не освои ниту еден од 8-те фрејмови од сесијата и Вилијамс победи со 18:7 .

 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.992
Ау ако прокоцка ова Вилијамс...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Ау ако прокоцка ова Вилијамс...
Нема да го видиме гол да ја одржува прес конференцијата после финалето.

Сепак сеуште е прерано за да го отпишеме Марк Вилијамс, на крајот на краиштата, во текот на целиот меч води против Џон Хигинс, вчера заврши со 9:7, денес попладне водеше со 14:7, а попладневната сесија ја заврши со водство од 15:10 .

Со водство од 15:14 , на Вилијамс му требаат уште само 3 (ТРИ) фрејма, додека на Хигинс му требаат уште само 4 (ЧЕТИРИ) фрејма за да извојува победа во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018.

Јас по навика кога играат најдобрите секогаш навивам за играње до последен одлучувачки фрејм, но нема да ме изненади ако Вилијамс ги освои наредните 3 фрејма и извојува победа над Хигинс со резултат 18:14 .

Од друга страна, Хигинс секогаш најдобро игра под притисок и кога губи.

Во досегашните меѓусебни пресметки на рангирачките турнири во снукер, Хигинс го води Вилијамс со 3:2, така што последниот пат кога Вилијамс го има победено Хигинс во финалето на Кинеското Отворено Првенство во Снукер 2006 со резултат 9:8 и последниот пат кога Хигинс го има победено Вилијамс во финалето на Британскиот Шампионат во Снукер 2010 со резултат 10:9 , имаат играно до последен одлучувачки фрејм.
 
Последно уредено:
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Браво мајсторе... Честитки! Го надигра тотално, дури мислам дека резултатов е нереален за она што го гледавме. Поубедливо требаше.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Светски Шампионат во Снукер 2018
од 21 април 2018 до 7 мај 2018
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

7 мај 2018
Седумнаесетти ден - Финале:

Џон Хигинс 16:18 Марк Вилијамс;

На 43 годишна возраст, Велшанецот Марк Вилијамс по трет пат во својата професионална снукер кариера ја освои титулата Светски Шампион во Снукер, откако во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018 извојува победа над 42 годишниот Шкотланѓанец Џон Хигинс со резултат 18:16 .

Освојувајќи го Светскиот Шампионат во Снукер 2018 на 43 годишна возраст го направи Вилијамс вториот најстар професионален играч на снукер кој ја освоил титулата Светски Шампион во Снукер, веднаш после неговиот сонародник, Велшанецот Реј Риердон, кој последен пат ја освои титулата Светски Шампион во Снукер во 1978 година на 45 годишна возраст, откако во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 1978 извојува победа над 37 годишниот Јужноафриканец Пери Манс со резултат 25:18 .

И како што најави, Марк Вилијамс се држеше до дадениот збор, разголен ја одржа прес конференцијата после финалето.










Светскиот Шампион во Снукер 2018 го даде својот збор дека ако наредната година 2019 победи во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2019, повторно ќе одржува прес конференција разголен, и тоа во корпа на тркала.

Како да не му посакува човек победа на Вилијамс со вакви ветувања ? :D


Со завршувањето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018 официјално завршува и снукер сезоната 2017/2018.

Првиот професионален турнир во снукер од сезоната 2018/2019 е летонскиот Рига Мастерс 2018, рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 27 јули 2018 до 29 јули 2018 во летонската спортска Арена Рига.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Летонски Рига Мастерс 2018
на 28 јули 2018 и на 29 јули 2018
во летонската спортска Арена Рига

28 јули 2018
Прв ден - 16-на финале:

Џејми Џоунс 0:4 Крис Вејклин;
Лукас Клекерс 2:4 Марк Кинг;
Џо Свеил 3:4 Стјуарт Карингтон;
Шон Марфи 0:4 Жао Ксинтонг;
Скот Доналдсон 3:4 Креиг Стедман;
Лианг Венбо 3:4 Нил Робертсон;
Ли Ханг 0:4 Рики Волден;
Марк Ален 4:2 Али Картер;
Мајкл Вајт 1:4 Џо Пери;
Стифен Мегваер 4:2 Џо О'Конор;
Кајрен Вилсон 4:2 Сајмон Бедфорд;
Антони Хамилтон 4:1 Мајкл Холт;
Граем Дот 4:0 Ашли Карти;
Марко Фу 3:4 Марк Дејвис;
Жанг Јонг 4:3 Марк Вилијамс;
Оливер Лајнс 0:4 Џек Лисовски;

28 јули 2018
Прв ден - Осмина финале:

Крис Вејклин 4:3 Марк Кинг;
Стјуарт Карингтон 4:1 Жао Ксинтонг;
Креиг Стедман 2:4 Нил Робертсон;
Рики Волден 4:2 Марк Ален;
Џо Пери 0:4 Стифен Мегваер;
Кајрен Вилсон 4:2 Антони Хамилтон;
Граем Дот 4:0 Марк Дејвис;
Жанг Јонг 1:4 Џек Лисовски;

Утре, недела, 29 јули 2018, во четвртина финалето на летонскиот Рига Мастерс 2018 силите ќе си ги измерат:

Крис Вејклин - Стјуарт Карингтон;
Нил Робертсон - Рики Волден;
Стифен Мегваер - Кајрен Вилсон;
Граем Дот - Џек Лисовски.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Летонски Рига Мастерс 2018
на 28 јули 2018 и на 29 јули 2018
во летонската спортска Арена Рига

29 јули 2018
Втор ден - Четвртина финале:

Крис Вејклин 2:4 Стјуарт Карингтон;
Нил Робертсон 4:2 Рики Волден;
Стифен Мегваер 4:2 Кајрен Вилсон;
Граем Дот 0:4 Џек Лисовски;

29 јули 2018
Втор ден - Полуфинале:

Стјуарт Карингтон 0:5 Нил Робертсон;
Стифен Мегваер 1:5 Џек Лисовски;

29 јули 2018
Втор ден - Финале:

Нил Робертсон 5:2 Џек Лисовски;

На 36 годишна возраст, Австралиецот Нил Робертсон ја започна снукер сезоната 2018/2019 со освојување на 14-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, откако во финалето на летонскиот Рига Мастерс 2018 извојува победа над 27 годишниот Англичанец Џек Лисовски со резултат 5:2 .

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2018/2019 е Отвореното Светско Првенство во Снукер 2018, рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 6 август 2018 до 12 август 2018 во Јушан, Кина.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Отворено Светско Првенство во Снукер 2018
од 8 август 2018 до 12 август 2018
во средното училиште број 1 во Јушан, Кина

8 август 2018
Прв ден - 16-на финале:

Динг Џунхуи 4:5 Роберт Милкинс;
Марко Фу 5:4 Ендру Хигинсон;
Дејвид Гилберт 5:3 Али Картер;
Рики Волден 5:3 Нил Робертсон;
Бери Хокинс 5:2 Мајкл Холт;
Метју Селт 5:3 Јан Бингтао;
Фергал О'Брајан 5:4 Лука Бресел;
Гери Вилсон 5:3 Џад Трамп;
Марк Селби 5:2 Џејми Џоунс;
Рајан Деј 2:5 Нопон Саенгкам;
Ксиао Гуодонг 5:0 Џек Џоунс;
Антони Хамилтон 5:4 Меи Кси Вен;
Кајрен Вилсон 5:3 Харви Чендлер;
Марк Ален 1:5 Џек Лисовски;
Џо Пери 5:4 Стифен Мегваер;
Бен Вуластон 2:5 Марк Вилијамс;

Утре, четврток, 9 август 2018, во осмина финалето на Отвореното Светско Првенство во Снукер 2018 силите ќе си ги измерат:

Марк Селби - Нопон Саенкгам;
Ксиао Гуодонг - Антони Хамилтон;
Кајрен Вилсон - Џек Лисовски;
Џо Пери - Марк Вилијамс;
Роберт Милкинс - Марко Фу;
Дејвид Гилберт - Рики Волден;
Бери Хокинс - Метју Селт;
Фергал О'Брајан - Гери Вилсон.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Отворено Светско Првенство во Снукер 2018
од 8 август 2018 до 12 август 2018
во средното училиште број 1 во Јушан, Кина

9 август 2018
Втор ден - Осмина финале:

Марк Селби 4:5 Нопон Саенкгам;
Ксиао Гуодонг 5:3 Антони Хамилтон;
Кајрен Вилсон 4:5 Џек Лисовски;
Џо Пери 1:5 Марк Вилијамс;
Роберт Милкинс 2:5 Марко Фу;
Дејвид Гилберт 5:3 Рики Волден;
Бери Хокинс 5:4 Метју Селт;
Фергал О'Брајан 2:5 Гери Вилсон;

Утре, петок, 10 август 2018, во четвртина финалето на Отвореното Светско Првенство во Снукер 2018 силите ќе си ги измерат:

Марко Фу - Дејвид Гилберт;
Бери Хокинс - Гери Вилсон;
Нопон Саенгкам - Ксиао Гуодонг;
Џек Лисовски - Марк Вилијамс.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom