Смее ли ФФМ да легитимира луѓе при замена на билетите за мечот со Шпанија

K

kaiser soze

Гостин
И не смее,а и не би требало да зема лични податоци од напатени навивачи кои чекаа со часови,за да си ги заменат претходно купените билети.Среќа што во тој метеж не дојде до некој инцидент од поголеми размери,освен по некој вербален конфликт,кој е неизбежен во такви ситуации.
Тоа што ФФМ целосно потфрли во организацијата на спортски настан од ваков тип,воопшто не ги засега.А и тоа што шиткачите,а и виновниците за фалсификуваните билети се токму во нивните редови,сега засега минува без никакви санкции.Како и се друго во државава.
Ама затоа пак евидентирањето на граѓани им е една од посилните страни,за разлика од организациските спообности,во кои доживеаја своевидно фијаско.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom