Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.552
Поени од реакции
26.060
Ако дојде Мицко барем народот ќе покаже дека не е за сите работи што ги направи Заев...јасно ли ти е?
Не е ни битно кој ќе дојде на власт....само СДСМ да не е.
Аха значи ќе покаже народот дека е против и?

Уствари покажа народот, бојкотираше... значи Мицко ќе дојде на власт да го канализира незадоволството.... и толку...
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Аха значи ќе покаже народот дека е против и?

Уствари покажа народот, бојкотираше... значи Мицко ќе дојде на власт да го канализира незадоволството.... и толку...
Не гласај....нека дојде пак Заев на власт и ќе видам колку ќе бидеш среќен........... толку.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.552
Поени од реакции
26.060
Не гласај....нека дојде пак Заев на власт и ќе видам колку ќе бидеш среќен........... толку.
убеди ме да гласам за Мицко.... Што ќе направи освен што ќе утврдува штета.... самото учество во оваа фарса и канализирањето на незадоволството кое до сега го праат е за мене СОУЧЕСНИШТВО...

Никаков отпор не дадоа... немаше протест, немаше нереди... според однесувањето... не беа нешто против...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.802
Најглупо нешто што може човек да направи, е да гласа за Мицковски. Поглупо нешто, е само да гласа за Заев. Нема више некоја логика да се гласа за ВМРО или СДСМ.
Освен ако се нема некој личен ќар.
Автоматски споено мислење:

И покрај тоа, ако сакаш да го тргнеш едниот, најлесно е да гласаш за другиот. И тоа да ти биде причина за гласање за Мицковски сега.
А од оние што ќе гласаат за Мицковски, секако најглупи се тие кои ќе гласаат затоа што ќе го врател името.
Автоматски споено мислење:

И тука можда не е правилниот израз - глупи, туку наивни. Али кога наивен оди во крајност се претвора во глуп.
 
Последно уредено:
M

Macedon1um

Гостин
Ете го и Курто Дудуш си поминал само со опмена, обичен човек за неколку кила кебапи и ракија го бутнаа во затвор 5 плус години во затвор а ова функционериве тепаат, шверцаат цигари преку граница како екс градоначалникот Боро малборо, па за криминали предметите им траат по неколку години додека не застарат истите сред судења поротници си даваат оставка итн. И после некој ќе рече зошто младите бегале, абе семето да ви е сотре на тие мафијаши во судовите
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Која е разликата од едниот и другиот Павле?
Само сакав да посочам дека вториов по се изгледа под дејство на опијати гласаше за промена на името и уставните измени, првиот можеби не зема такви стимуланси ама изгледа не му ни требаат за да бара промена на името Македонија!

Најдобро ќе ја видиш цензурата кога самиот ќе бидеш изложен на истата, еве на форумов почни да пласираш поинакви ставови и ќе видиш што е цензура и дали ја има (прво членови ќе ти се нафрлат а потоа и администрацијата). Дека има цензура кон Бачев е повеќе од јасно, дури и Канал5 излезе со соопштение дека му се забранува да настапува во емисии, а со што се солидаризираа и другите како Сител, Телма, 24..... ако ги следиш сигурно ти е ова познато.
Интернет е добра алатка ама за популација до 30 год. оние повозрасните се неписмени за тој нов облик на размена и пристап до информации. (можеби грешам можеби и помладите не се до толку писмени, но немаат страв од новите технологии кои им се составен дел од секојдневието)

Апасиев се наметна како одличен правник а лош политикант, веќе еднаш напишав да не се повторувам, неговата поддршка за Силјановска е очекувана па тој беше еден од учесниците на куртон-револуцијата, би било глупо човек од него да очекува работите да ги гледа во подолги временски рамки, тој само што самиот не признал дека Црпе го изиграл. Човек кој е изигран од Црпе не заслужува доверба, барем не кога се работи за државни работи.

Исто како и медиумските пресстутутки и ти се обидуваш да ги дисквалифицираш потенцијалните движења-партии и лидери, дека не се моќни итн итн... при тоа намерно се избегнува да се говори за принципи во политика, платформа и програмски определби кај тие нови лица туку се напаѓаат ад-хоминем (се заборава дека на Груки и денес не му оди со буквата Р или на Црпе кој е црпант на бел ден и неговата слика за месија -значи кандидат за пациент на некоја умоболница) дека сите јавни личности се наметнати преку медиумска пропаганда, ... или примерот со Касица-Прасица, една реченица јадната не можеше да состави ама медиумите си тераа и ја направија Анѓел на рекет, инаку токму заради нивниот Македонизам сите овие вонпарламентарни движења-партии и... се предмет на цензура демонизирање!

(Најболното е што додека го правиш тоа мислиш дека е тоа твое мислење и став, дека самиот имаш слободна волја да носиш одлуки и одлучуваш, а всушност си само уште еден добро програмиран....!)

И уште еднаш ќе повторам затоа што го одземаш контекстот а тој е многу важен да не речам пресуден.
Наредните избори ќе се сведат на “борба“ помеѓу Македонците и Северџаните!
Вакви предизвици до сега немало во минатите избори па не може да се повлекува аналогија.

П.С.
Ова, ““““апсолутно никоја партија не беше против промената на името на референдумот, сите овие си бојкотираа“““ не ти требаше, ме ставаш на мисла дали знаеш што пишуваш?
Ако не си знаел БОЈКОТ значи ПРОТИВ!
Гледам, овде тебе сите те цензурираат. Ај што те цензурира администрацијата, туку ти се нафрлаат и членовите. Си се запрашал ли зошто е така? Да не случајно вината е кај тебе?
Еве да почнеме од твоите недоречени и нејасни ставови. Да не гласаме за ДПМНЕ, да не гласаме за СДСМ, Апасиев не го бива, Павле уште помалку... Дај изјасни се за кого да гласаме. За Господ или за Ѓаволот?
Понатаму, во секој твој коментар преовладува цинизам, омаловажување на другите членови, прикриени (недоречени) навреди, па си дозволуваш дури и јавни навреди кон сите, не само членовите на форумов, туку на целата македонска популација. Затоа си подложен на цензура од админнистрацијата (и коментаров што го цитирав треба да биде цензуриран) и тивко игнорирање од членовите. Не е секој расположен да поднесува навреди.
Вистината е таа.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Штетата е направена...единствено ни останува да констатираме колкава е ако дојде ВМРО на власт. Иначе со овие идиоти уште еден мандат и си ебавме матер...да им е јасно на сите.
Автоматски споено мислење:


Добро еве нема да гласаш.....доаѓа СДСМ пак на власт и со тоа македонскиот народ потврдува дека се што направи Заев е ок.

Вака ако победи ВМРО барем народот се изјаснува за нешто друго....јасно ли ти е која е колосалната разлика?
Ако дојде СДСМ на власт тогаш со округлиот па со правоаголниот печат ќе се потврди се до сега направено а ако дојде ВМРО прво со правоаголниот па со округлиот печат ќе се потврди се што е досега направено.Ја разбираш ли ти сега колосалната разлика?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.802
Гледам, овде тебе сите те цензурираат. Ај што те цензурира администрацијата, туку ти се нафрлаат и членовите. Си се запрашал ли зошто е така? Да не случајно вината е кај тебе?
Еве да почнеме од твоите недоречени и нејасни ставови. Да не гласаме за ДПМНЕ, да не гласаме за СДСМ, Апасиев не го бива, Павле уште помалку... Дај изјасни се за кого да гласаме. За Господ или за Ѓаволот?
Понатаму, во секој твој коментар преовладува цинизам, омаловажување на другите членови, прикриени (недоречени) навреди, па си дозволуваш дури и јавни навреди кон сите, не само членовите на форумов, туку на целата македонска популација. Затоа си подложен на цензура од админнистрацијата (и коментаров што го цитирав треба да биде цензуриран) и тивко игнорирање од членовите. Не е секој расположен да поднесува навреди.
Вистината е таа.
Нема везе, баш си е ОК.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.657
Поени од реакции
4.315
„ а тие се вешти политичари ќе направат еден Македонски Фронт кој би можел да добие 80 пратеници! “

Аман бе човек, што зборуваш? Какво е ова летање во облаци, кој е тој Бачев, мнозинството народ нит чул нит знае кој е, а не пак за што се залага. Кој ќе го гласа? Вон реалноста си, тотално. Додуша ти се уште мислиш дека разговараш со некој заевист, така што очекувано е.
Зошто постојано извлекуваш надвор од контекст?
Целата реченица е во коментар како целина и е речено (..., а тие се покажат како вешти политичари..... - може и да цртам но се губи време), таквото видување не мора да ти одговара, но не мора да се служиш со вакви работи.

Прашањата веројатно не ти се допаѓаат па ги игнорираш!
Ти не би сакал Македонски Фронт со Бачев во него, да победи и да го врати името Македонија?
Зошто такво нешто не ти е прифатливо?


Ако ги одговореше ќе можеше да видиш дека за Бачев се зборува во контекст на еден многу поширок фронт, можеби се работи за дислексија штом ваква едноставна работа не си можел да разбереш.

Зошто мислиш дека мислам дека си “заевист“?
Уште не ти е јасно?

Автоматски споено мислење:

Гледам, овде тебе сите те цензурираат. Ај што те цензурира администрацијата, туку ти се нафрлаат и членовите. Си се запрашал ли зошто е така? Да не случајно вината е кај тебе?
Еве да почнеме од твоите недоречени и нејасни ставови. Да не гласаме за ДПМНЕ, да не гласаме за СДСМ, Апасиев не го бива, Павле уште помалку... Дај изјасни се за кого да гласаме. За Господ или за Ѓаволот?
Понатаму, во секој твој коментар преовладува цинизам, омаловажување на другите членови, прикриени (недоречени) навреди, па си дозволуваш дури и јавни навреди кон сите, не само членовите на форумов, туку на целата македонска популација. Затоа си подложен на цензура од админнистрацијата (и коментаров што го цитирав треба да биде цензуриран) и тивко игнорирање од членовите. Не е секој расположен да поднесува навреди.
Вистината е таа.
Нема цензура ама коментарот треба да биде цензуриран :yid:

Не сум јас тема, знам дека би сакал ама не е дозволено, ај сега шетај.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
убеди ме да гласам за Мицко.... Што ќе направи освен што ќе утврдува штета.... самото учество во оваа фарса и канализирањето на незадоволството кое до сега го праат е за мене СОУЧЕСНИШТВО...

Никаков отпор не дадоа... немаше протест, немаше нереди... според однесувањето... не беа нешто против...
Имаше протести.....ама двајца без тројца, ги болеше курот македонците да протестирааат ;)
Ако има каква и да е надеж јас ќе се ориентирам натака....сламка да е, не е битно. Ако ништо друго ќе покажам дека се борам и не сум се предал.....народот тоа треба да го направи на избори, и да си даде шанса преку ВМРО затоа што е последната......каква таква.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Нема цензура ама коментарот треба да биде цензуриран :yid:

Не сум јас тема, знам дека би сакал ама не е дозволено, ај сега шетај.
За тебе сите се неписмени, се прашувам во која група спаѓаш ти? Си даваш за право да ги навредуваш сите. Затоа коментаров треба да биде цензуриран.
Интернет е добра алатка ама за популација до 30 год. оние повозрасните се неписмени за тој нов облик на размена и пристап до информации. (можеби грешам можеби и помладите не се до толку писмени, но немаат страв од новите технологии кои им се составен дел од секојдневието)
Ај сега ти шетај!
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Нема везе....знам дека звучи неверојатно, ама еве уште 20 души како мене овде да ја оптеретат темава на еден месец ќе се смени мислењето тука во полза на опозицијата. Така функционира јавното мислење.....погодете зошто е сега насочено контра ВМРО и Мицковски? :)
Перцепција.....кога не ти е пореметена многу едноставно расудуваш во твоја полза!
 
Член од
6 јануари 2020
Мислења
326
Поени од реакции
320
Мицковски само контролира штета со неговата пасивност и пасивноста на неговата партија. Све е договорено позади затворени врати, сите партии и нивни лидери. Име враќање нема, а и очигледно на народот и не му е до толку битно иначе ќе имаше некоја народна организација за протестирање.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.552
Поени од реакции
26.060
Имаше протести.....ама двајца без тројца, ги болеше курот македонците да протестирааат ;)
Ако има каква и да е надеж јас ќе се ориентирам натака....сламка да е, не е битно. Ако ништо друго ќе покажам дека се борам и не сум се предал.....народот тоа треба да го направи на избори, и да си даде шанса преку ВМРО затоа што е последната......каква таква.
Никогаш ВМРО не го повика членството на протест во овие 3 години... иако се кршееше основната повелба на ОН за човекови права... Со еден збор СДСМ во соучесништво со ДПМНЕ, го направија најголемиот злостор на Македонскиот народ, посерувајќи им се на гробовите на нашите дедовци..... кои реки крв пролеале за Македонија...

Сите тие заедно заслужиле само да се накитат канделабрите со нив.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom