Слаб карактер

М

Мрак

Гостин
По мене,секоја личност има свој став за одредени работи.Сите сме паметни суштесва кои се разликуваат еден од друг и тоа е нормално,да имаме различни ставови.Личност со слаб карактер е онаа која не знае како или пак зџнае но се плаши(поради одредени причини)да го искаже своето мислење.Има и такви кои го кажуваат својот став но потоа незнаат да го одбранат истиот.Или пак оние кои дозволуваат некој да им го смени ставот на лесен начин.Не ги сметам тие луѓе за глупави или прости,само жал ми е за нив и кога би се дружела со некој таков ќе се обидувам да му помогнам својот став да го изрази на секој можен начин.Сметам дека секој треба да го каже своето мислење,па многу ми паѓа жал за вакви личности-со слаб карактер:(
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
според мене, луѓе без свое јас се луѓе со слаб карактер.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Напати во животот сите сме слаби на карактер,секој од различни причини и побуди.Не постои човек со челик карактер,не чини да се поседува крајно слаб карактер ,т.е да не може човек да пружи ни најмала линија на отпор.Но вистината е дека сите имаме нешто поради кое сме слаби.Така многу напаѓање на фиктивни слабаци е како да си мавате сами себе камен од глава.
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
според мене, луѓе без свое јас се луѓе со слаб карактер.
Па ако немаат свое Јас немаат карактер а ако го немаат неможе ни да биде слаб а богами ни јак.
Инаку само колку за информација од тоа "свое Јас" немаш ни С од свое.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Као прво не би го нарекол тоа слаб карактер. Карактер си е карактер. Нема слаб или јак.
Би го нарекол дека тоа е човек кој нема свое јас и не се држи до неговите принципи.
Сметам дека таквите луѓе не се криви за тоа како се изградиле, туку околината ги направила такви, воедно и родителите не биле од некоја голема помош.
Али се “лечи“ тоа. Можеби иако некој како мал има “слаб карактер“ ќе испадне дека е late bloomer?! :)
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
За мене лично човек што нема изградено свој карактер, или во минимална смисла, а следи туѓ карактер. Таква е 95% од младината, па така да... Тоа е за мене слаб карактер.
 
Х

Ханзо

Гостин
според мене, луѓе без свое јас се луѓе со слаб карактер.
The first rule of Tautology club is the first rule of Tautology club. А што правиме со луѓето кои немаат никакви принципи, ако спротивното е знак за јак карактер, и го сакаат тоа што летаат по ветрот, сакаат промени во секој поглед, и не им пречи било кој да ги манипулира се додека на нив им е убаво? Јас ги викам недораснати зашто ми е убаво да судам, прави да се чувствувам толку добро, толку супериорно. Нели?
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Па ако немаат свое Јас немаат карактер а ако го немаат неможе ни да биде слаб а богами ни јак.
Инаку само колку за информација од тоа "свое Јас" немаш ни С од свое.
Ама затоа ти имаш и преголемо што дури ни Ошо не ти е рамен. А и арогацијата не ти е непознат поим.

--- надополнето ---

Добар? :)
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Ама затоа ти имаш и преголемо што дури ни Ошо не ти е рамен. А и арогацијата не ти е непознат поим.

--- надополнето ---

Добар? :)
Да , арогантен сум ама тоа е единствен начин да се каже некогаш нешто.
Колку побрзо сватиш толку подобро за тебе.
Гледам дека си почнала да свакаш штом ме навредуваш со тоа што ми викаш дека сум имал преголемо Јас дури поголемо од некој такозвани Ошо.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Да , арогантен сум ама тоа е единствен начин да се каже некогаш нешто.
Колку побрзо сватиш толку подобро за тебе.
Гледам дека си почнала да свакаш штом ме навредуваш со тоа што ми викаш дека сум имал преголемо Јас дури поголемо од некој такозвани Ошо.
Јас немав намера да почнам со навреди, воопшто. Само не знам зашто мораше да нападнеш со тоа дека неам ни с од свое јас, кога не ме ни знаеш не ме ни познаваш. А и на тебе никогаш ништо ти немам кажано, така да немаше потреба од сето тоа. Сеа не знам со другите како е, ама ако со фино ми кажаш, јас барем би дискутирала, не би се расправала. Ако имам различен став од тебе, не мора да значи дека ќе го прифатам, ама не значи и дека ќе го нападнам. Наредна прилика, дај си свој став, ако може без да ме напаѓаш, па ќе дискутираме. Океј? :smir:
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Јас немав намера да почнам со навреди, воопшто. Само не знам зашто мораше да нападнеш со тоа дека неам ни с од свое јас, кога не ме ни знаеш не ме ни познаваш. А и на тебе никогаш ништо ти немам кажано, така да немаше потреба од сето тоа. Сеа не знам со другите како е, ама ако со фино ми кажаш, јас барем би дискутирала, не би се расправала. Ако имам различен став од тебе, не мора да значи дека ќе го прифатам, ама не значи и дека ќе го нападнам. Наредна прилика, дај си свој став, ако може без да ме напаѓаш, па ќе дискутираме. Океј? :smir:
Ок , договорено . :smir:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Па ако немаат свое Јас немаат карактер а ако го немаат неможе ни да биде слаб а богами ни јак.
Инаку само колку за информација од тоа "свое Јас" немаш ни С од свое.
Штом прочитав помислив на оние мирни алтруистични душички што ниту се лабилни ниту форсираат свои ставови, само се фини и културни, многу Индијци видов такви. Тоа е можеби онаа состојба на нирвана, не како блаженство, туку како состојба на Ништото, еден вид нула. Ако мислиш на тоа.
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Штом прочитав помислив на оние мирни алтруистични душички што ниту се лабилни ниту форсираат свои ставови, само се фини и културни, многу Индијци видов такви. Тоа е можеби онаа состојба на нирвана, не како блаженство, туку како состојба на Ништото, еден вид нула. Ако мислиш на тоа.
Да , на тоа мислев.
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Гледам сите во постовиве сте се фатиле со младината, и како тие немаат свое ЈАС или имаат СЛАБ КАРАКТЕР. А што е со постарите? Мислите дека слаб карактер е само ако сакаш да бидеш во тренд? или ако слушаш музика која те иритира али ја слушаат сите?... за мене тоа е толку банално што не го ни сметам за “слаб карактер“... има многу пострашни варијанти:

Погледнете ги само оние 50-тина илјади политички “мигранти“ кои секои четири години ја заменуваат црвената со сина партиска книшка...
Погледнете ги училишните професори, кои го направија секој клас со просек 5,00...
Погледнете ги медицинските лица/докторите, кои оставаат пациенти со инфракти и алергични реакции за да го испијат попладневното кафе...
Погледнете ги нашите родители кои гледаат лево-десно и те стишуваат кога некој ќе ја опцуе партијата на власт...
Погледнете ги свештените лица кои играат спортска прогноза...
Погледнете ги универзитетските професори кои ги нема на предавање а попладне ги гледаме како даваат експертски анализи за медиумите...
Погледнете ги цајканине кои те казнуваат само ако не им вратиш со лошо...
Погледнете ги државните административци кои носат луѓе за рака преку редови “за побрзо да им завршат работа“
Погледнете ги “патриотите“ и “предавниците“ кои војуваат помеѓу себе...

Е тоа дами и господа се дел од она што за мене значи СЛАБ КАРАКТЕР... секоја чест на исклучоците.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom