Скопје ќе биде поделен на квартови и блокови

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Скопје ќе биде поделен на квартови и блокови


Град Скопје со новиот ГУП ќе биде поделен на 30-тина квартови. Секој од квартовите ќе биде поделен на неколку блокови, а се претпоставува дека ќе има од 170-180 блокови, изјави денеска скопскиот градоначалник Коце Трајановски на работната средба за ГУП 2012-2022 на Град Скопје што се одржува во Берово.
Секој блок ќе има своја идентификација и назив. Трајановски смета дека во рамки на квартовите ќе има одредени услови кои ќе треба да се исполнат, а во блоковите нема да има бидејќи тоа се помали единици. Според Трајановски, ова ќе биде добро и од аспект на планирање и идентификување, и за стручните служби и за граѓаните. Ова, како што рече, е добра новина во правењето на новиот ГУП на Град Скопје и додаде оти сите поголеми градови, Загреб и Белград веќе имаат блокови и квартови. Одговарајќи на новинарски прашања, Трајановски рече дека во Град Скопје има околу 100 илјади нелегални градби од кои во општина Гази Баба се околу 16 илјади. Со новиот ГУП, Трајановски смета дека добар дел од овие нелегални градби ќе може да се легализираат. Нема да се легализираат оние градби каде треба да поминуваат сообраќајници и булевари.
Работната средба во Берово е една од последните консултации со 10-те скопски општини, со градоначалниците и стручните служби. Во меѓувреме се прават елаборати од еколошки аспект. Се очекува во средината на јули да биде донесен Нацрт ГУП-от. Во втората половина на јули, август или почеток на септември да бидат јавните расправи и до средината на септември се очекува да биде донесен новиот ГУП на Град Скопје.

Извор
За мене ова е тотално непотребна работа и сум против класифицирање на градот на “квартови“ и “блокови“.
Ваши мислења?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.817
Немам определено мислење. Не гледам ништо лошо, башка, добро е да се поедностави. Ако со ова, се поедностави пронаоѓањето на локациите, немам ништо против.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.817
Скопје има ИТНА потреба од проширување!!!!
Во спротивно ќе поцркаме овде сите, па Скопје има околу 1 милион жители, кои користат дотраена инфраструктура наменета за 300-400 000 жители!!!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Немам определено мислење. Не гледам ништо лошо, башка, добро е да се поедностави. Ако со ова, се поедностави пронаоѓањето на локациите, немам ништо против.
А како мислиш дека ќе се поедностави?
Не е Скопје, Њујорк па не знам какви да има проблеми за снаоѓање и поедноставување. Во третиот кварт, 4тиот блок?
Башка и изразиве...
А и Скопје, колку и да си го обожавам највеќе на свет, не е метропола како Њујорк или Париз.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Мојот кварт предлагам да се вика Мала Венеција, и онака после секој дожд улиците се претвораат во канали.

Исто може улиците да ги викаме авении и да ги нумерираме со бројки и после ќе се чекаме на аголот од 42-ра и 35-та авенија. Исто као у сериите.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Зашто мора да се идентификуваме со Загреб и Белград, ај ако не и со Њујорк да се идентификуваме па да воведеме Chinatown и Little Italy. Како ќе биде поделен градот. Општина Центар, блок Дебар Маало, Градски ѕид, Капиштец не иде ова, глупава идеја е ова. Има поголеми проблеми кој треба да бидат решени и да им се даде приоритет него ли на ваквите непотребни работи.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Скопје моментално функционира како административна единица со повеќе градски општини додека сите градови во светот функционираат како една општина со квартови и блокови. Ако ова би значело укинување на скопските општини и создавање на една општина Скопје тогаш ја поддржувам идејата. Така би било полесно за управување и ќе има многу помали трошоци бидејќи ќе има само 1 градоначалник за сите и советници од секој квартал (y)
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
66
Поени од реакции
36
Немораат да го делат, веќе е поделено на 2 дела (наш и нивни).
Ама највероватно нашиот дел ќе биде поголем, зато не се бунат нашиве
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
428
Поени од реакции
519
Скопје има ИТНА потреба од проширување!!!!
Во спротивно ќе поцркаме овде сите, па Скопје има околу 1 милион жители, кои користат дотраена инфраструктура наменета за 300-400 000 жители!!!

Баш заради тоа не треба да се шири Скопје, има многу зони во градов кој зјаат празни и кои треба да се пополнат а не и така дотраената инфраструктура да се растегнува уште толку. Во врска со квартови и блокови ватевер само нека гледаат да не потрошат 20 милиони евра за наједноставни административни работи.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.817
А како мислиш дека ќе се поедностави?
Не е Скопје, Њујорк па не знам какви да има проблеми за снаоѓање и поедноставување. Во третиот кварт, 4тиот блок?
Башка и изразиве...
А и Скопје, колку и да си го обожавам највеќе на свет, не е метропола како Њујорк или Париз.
Полесно е за снаоѓање. Ти значи тебе нешо улица Филип Филиповиќ? Подобро би било, да речеме, блок 13 (Автокоманда, Железара, Керамидница, Бутел), кварт 7 (Железара). Од старт знаеш каде да ја бараш локацијата, наместо да ги учиш сите можни улици, на кои би требало да отидеш.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ако ова би значело укинување на скопските општини и создавање на една општина Скопје тогаш ја поддржувам идејата. Така би било полесно за управување и ќе има многу помали трошоци бидејќи ќе има само 1 градоначалник за сите и советници од секој квартал (y)
Еден градоначалник, една администрација - 200 клатодршци надвор. Вака се согласувам.
Али кај нас ова мора да има задна намера. Сите остануваат на работа (помалку гласови), се концентрира се во еден центар и земаш камп приколка во Парк и чекаш додека не ја завршиш работата.
 
I

Iblis

Гостин
Ако се планира проширување, блоковите се доста добар и едноставен начин за да се изврши истото, ама вака веќе постоечкото да се прераспределува meh.
П.С.
Дај не го праќајте Коце низ светов, се гледа дека шетал човекот ,ама не разбрал како одат работите........
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Е од тоа делењето не ја бидува Македонија. Само знаеме да се делиме и ништо друго.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Што ќе стане со Месните Заедници? Мислам дека оваа промена се прави заради тоа, некаде функционираа добро некаде ги немаше сега само административно ќе се официјализираат и допрецизираат микро заедниците во рамки на општините а како што гледам и ќе се воведе уште едно ниво плус (општина, кварт, блок).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom