Скопје се дави во ѓубре

  • Креатор на темата Креатор на темата Tex
  • Време на започнување Време на започнување

Го собира ли КСХ ѓубрето од кај вас?

  • ДА

    Гласови: 4 28,6%
  • НЕ

    Гласови: 10 71,4%

  • Вкупно гласачи
    14
  • Гласањето е завршено на .
Значи цел град труе на ѓубре, и контејнерите се преполни, Карпош и Кисела Вода особено, Центар не толку бар кај што движам. Нели е срамота бе.
Викаат немало камиони за собирање. Кој и да е одговорен у КХС, нека си набави.

На 40+ степена се фаќа болест, смрди, не се проаѓа на улица бидејќи го разнесуваат.

Плус, сеуште ( не знам како кога не знаеме да чуваме) доаѓаат туристи. Прееска баш видов неколку Германци.
Малце не ви е глупо во каква состојба е ,,метрополава”?
Ќе си почекаме до ноември-јануари некаде, па ваљда ќе ги стегнат КХС.
 
Не само Скопје и други градови е катастрофа со ѓубрето.
Пред се ние народот сме криви за тоа а потоа партија на власт.

Ние народот сакаме да заштедиме и секогаш ѓубрето од дома во текот на денот ќе го собереме во некој најлонска кеса која без пари ни ја дале на пазар. Во таква кеса ќе набутаме остатоци од храна, конзерви, шишиња.. па тече се цеди и тоа ќе го фрлиме во контејнерот кај што ќе замириса и ќе се гледа сето ѓубре како некоја уметничко дело на срамот.

Друго криви се и партиите на власт кој секогаш се бават со некој глупи работи наместо ете со оваа битна работа закон мерки со кој колку толку ќе се спречи да е толку нечисто со воведување најстроги законски мерки и казни за непочитувања.
 
Ќе си почекаме до ноември-јануари некаде, па ваљда ќе ги стегнат КХС.
Каков ноември човек. Кај мене во маало смрди на умрено секој ден. И не знам уште кој моча околу нив. Уште полошо.. ќе се заразиме :( мали деца шетаат
 
ги приметувам јас, го собираат ѓубрето само у контејнерите. тоа покрај нив го оставаат. И некој доаѓа дури после 2-3 дена да го собере. И додека се исчисти контејнерите се пак полни.
 
ги приметувам јас, го собираат ѓубрето само у контејнерите. тоа покрај нив го оставаат. И некој доаѓа дури после 2-3 дена да го собере. И додека се исчисти контејнерите се пак полни.
Истото го прават и кај мене.
Или пак. Ќе ги испразнат контејнерите, тие од страна ќе ги стават у контејнерите, ќе ги наполнат пак со тоа, и си идат.
Епа фала.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom