Скопскиот универзитет ќе тоне

Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Скопскиот универзитет старееАвтор: Антонија Поповска
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) е веќе стар. На катедрата по англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет, на повеќе од 1.000 студенти од сите четири години има само еден единствен вработен асистент, и тоа по предметот фонологија на англискиот јазик. Ова покажува дека не само што универзитетот е стар туку тој е претворен во своевиден геронтолошки центар.

Ова е ставот на професорот Зоран Анчевски, професор на оваа катедра, кој остро реагира на недостигот од асистенти на неговиот факултет. Но, освен овде, асистенти и помлади соработници недостигаат и на Природно-математичкиот факултет, на Филозофскиот, на Архитектонскиот факултет...

Асистентите и помладите соработници „бегаат“ од скопскиот УКИМ оти на приватните факултети платата им е повисока, а предност е и што таму веднаш се вработуваат.

Нема нови вработувања

Не е проблем платата што ја земаат асистентите за нивниот ангажман, проблем е вработувањето, вели Дивна Пенчиќ, асистентка на Архитектонскиот факултет.

- На нашиот факултет има недостиг од асистенти, кои секако дека се потребни.

Мислам дека мои колеги бараат спас на приватен универзитет не толку заради повисоката плата што таму ја добиваат туку затоа што таму веднаш добиваат вработување – вели Пенчиќ.

Месечната плата на асистенти на овој факултет се движи од 15.000 до 18.000 денари, а демонстраторите земаат хонорар околу 10.000 денари. Толкави приближно се и примањата на асистентите и другите соработници на Природно-математичкиот факултет, во зависност од ангажманот што го имаат на факултетот.

- Недостиг од соработници има на Институтот по информатика. Кај нас студенти од трета и четврта година кус период работат како демонстратори, но немаат којзнае какви амбиции да останат да работат во Институтот. Квалитетните студенти одат на доусовршување или на работа во странство. Затоа постојано имаме потреба од соработници. Платата што ја зема асистент на нашиот институт достигнува до 25.000 денари – вели асистент на овој институт.

Лектори нема ни за лек

Без лектор нема филологија, тоа се експерти, практичари на современиот јазик. Дел од нив се случи пред извесно време да заминат на работа на приватен универзитет заради подобрите услови за работа што таму се нудат, вели професорот на катедрата за англиски јазик Зоран Анчевски.

- Кај нас многу недостигаат помлади соработници, асистенти, лектори. Истата хронична болка ја има целиот факултет, не само катедрата на која јас предавам. Со првиот налет на пензионирање заминаа пет професори. Оттогаш поминаа речиси десет години, а тие сè уште немаат соодветна замена. Со новиот закон за високо образование, Ректоратот има должност да се зафати со обнова на кадарот. Друг проблем е и тоа што немаме израмнети плати по звања – објаснува професорот Анчевски.

Според него, суетните професори што мислат дека нив никој не може да ги замени, па дури ни нивни асистенти, го фрлаат, како што вели, во бездна младиот кадровски потенцијал.

Сериозен недостиг од помлад кадар има и на Филозофскиот факултет, а на тоа укажуваат професори од Институтот по социологија.

- Сите знаеме дека кај нас навистина требаат асистенти, демонстратори затоа што ретко на кој приватен универзитет има студии по социологија. На секој професор му треба асистент затоа што е голем обемот на работа, има многу часови, а некогаш има и повеќе студенти – вели професор од Институтот по социологија.

Не е до парите, до ентузијазмот е

Недостиг од помлад кадар нема на Правниот и на Економскиот факултет. Тодор Каламатиев, продеканот за настава на Правниот факултет, вели дека досега не се случило асистент да замине од овој факултет за да работи на приватен.

- Кај нас има повеќе од 40 демонстратори и асистенти што чекаат да се вработат на факултетот, на студиите по новинарство и на политички студии. Тоа се млади ентузијасти, кои многу се заинтересирани да предаваат и на кои не им е важно колкава плата ќе земаат. Единствен проблем е неможноста да се распишат конкурси за вработување, кои по правило треба да ги распише факултетот. Но треба да се добие согласност од Министерството за финансии. Тие што се вработени не знам колкава плата земаат – вели Каламатиев.

Добар дел доценти, асистенти и демонстратори на овој факултет пред извесно време немаа простории во кои тие треба да работат, затоа што неколкумина пензионирани професори ги држеа зафатени своите кабинети. Професорот Каламатиев рече дека овој проблем е решен.

Задоволни од примањата и од местото на кое се наоѓаат се и асистентите на Економскиот факултет, кои велат дека не би го оставиле работното место во замена за место на приватен универзитет.

- Мојот ангажман е научна, истражувачка работа. Немам намера да си одам од факултетот. Порано, пред неколку години, примањата на асистентите биле многу пониски за разлика од денес, но тоа и не е толку важно. Важно е дека работам со љубов – ни изјави асистент на Економскиот факултет, кој сакаше да остане анонимен.

Поддржуваме нови вработувања

Јас како ректор не можам да знам што им треба на факултетите. Ректоратот досега поддржал сè што барале, вклучувајќи и нови вработувања. Ако деканатите сметаат дека имаат потреба од нов кадар, ние тоа ќе го поддржиме, рече Велимир Стојковски, ректор на Скопскиот универзитет. Сенатот при универзитетот пред неколку месеци донесе одлука со која им забранува на сите вработени асистенти и професори да работат и на приватните високообразовни институции. Како што рече Стојковски, досега не откриле професор што има ангажман надвор од својот матичен факултет.

- Засега немаме сознанија дека некој ја прекршува одлуката на Сенатот. Ако такво нешто утврдат деканатите, треба да поведат дисциплинска постапка против професорот или асистентот што го прави тоа.




Сите асистенти треба да станат доценти

Сите асистенти до 2013 година треба да станат доценти, предвидено е во новите измени на Законот за високо образование. Асистенти, помлади асистенти и демонстратори во Законот не постојат, а тој предвидува дека секој што сака да остане да предава на факултетот, мора да го положи испитот за доцент. Соработниците ќе се избираат на јавен конкурс, а ќе бидат вработени на определено време.

Овие новини, кои се воведоа од минатата година, беа направени затоа што, како што велат во Министерството за образование и наука (МОН), беше потребно усогласување со болоњските принципи на студирање.

Асистентите велат дека е добро што се воведуваат вакви измени.

- До 2013-та морам да докторирам. Тоа не е лошо затоа што професорот ќе може да држи не повеќе од два предмети, а поради тоа што ќе нема асистенти, ќе мора тој да ги држи предавањата. Нема да биде како што е сега, целата работа што треба професорот да ја врши, ја прават асистентите, а не ретко се случува студентите да не знаат како изгледа нивниот професор, кој никогаш не се појавил на предавања – велат асистенти на Правниот факултет.




Колкав ангажман, толку пари

На универзитетите во западноевропските држави и во САД висината на платата што ја земаат асистентот или професорот зависи од тоа дали е машко или женско, од квалификациите, односно научното достигнување, како и претходното работно искуство. Така на пример на универзитетите во Велика Британија, ако професорот има работно искуство до четири години, тој годишно би земал околу 51.400 фунти. Ако се пријавува за таа позиција, а има повеќе од дваесетгодишно искуство, годишно би земал околу 63.000 фунти. Во Британија има разлика во примањата и врз основа на тоа во кој град се наоѓа универзитетот на кој предаваат професорите. Највисоки плати земаат оние во Манчестер, а најниски професорите и нивните соработници во Единбург.




Асистент на приватен зема до 1.000 евра плата

На универзитетот ФОН платите за асистентите се движат од 600 до 1.000 евра. Пред да се вработат, еден месец мораат да покажат како работат. Доцент на овој универзитет зема плата од околу 1.500 евра месечно, а универзитетски професор зема плата од 1.150 до 3.500 евра.




Колкава е просечната месечна заработка на асистентите во други држави?

Америка 4.400 евра
Белгија 3.100 евра
Германија 2.300 евра
Франција 1.800 евра
Грција 1.500 евра
Турција 770 евра
Хрватска 620 евра

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=396&top=1&ArticleID=24772
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Само напред нека тоне. Време е новоотворените факултети во другите градови да започнат да функционираат и со тоа сите да не се селат во Скопје.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Па Анчевски нашол да коментира за суетност на професори и за тоа што повеќе сакаат да се вработат на приватен.
И самиот тој предава и на ФОН. :toe:
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
- Недостиг од соработници има на Институтот по информатика. Кај нас студенти од трета и четврта година кус период работат како демонстратори, но немаат којзнае какви амбиции да останат да работат во Институтот. Квалитетните студенти одат на доусовршување или на работа во странство. Затоа постојано имаме потреба од соработници. Платата што ја зема асистент на нашиот институт достигнува до 25.000 денари – вели асистент на овој институт.
Не знам како е на ПМФ, ама истово е и кај нас на ФЕИТ. Моментално добра клапа на асистенти ќе заминува встранство на докторски студии и местата фиктивно ќе останат празни. Тие сеуште се третираат како вработени и не може да им се најде замена, а понудата за друг кадар кој ќе работи привремено е катастрофална.

Ама и без тоа, ситуацијата е катастрофа. Што го чека црн крај нашето високо внимание тоа е и повеќе од извесно. Кога нудат работа се знае, дојди, ќе те гњавиме до бескрај, ќе примаш нередовна плата пониска од некој што завршил со 6.0 и работи во фирма, минимум две години ќе си невработен а за потоа ако се распише конкурс, ќе видиме како стои листата на чекање. Ако биде, добро, ако не, пак ќе треба да чекаш.
Wow, понуда што не се испушта.

Од прва рака ви ги велам овие информации.

За да скокне малце образованието овие пранги треба сосема да се искорнат. Потреби од асистенти има доста. Квалитетни луѓе за тие позиции исто така. Ама условите се катастрофа. Башка сега и новиот закон е замка плус. Вака како што тргнале работите, за едно 2 години на техничките факултети, посебно информатиката, им пишам клиничка смрт.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Stvarno ne mi se veruva asistent na Fon da zema tolku plata...ovie sumi malce mi se nerealni :nesvest:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom