Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
По бугасрките обиди во историскоетничка насока, да не останат покуси од своите соседи се јавија и Србите
Сквернавење на ликот и делото на Тоше Проески
"Балкански анѓео" е насловот на книгата во издание на српската Издавачка куќа "Правда прес", а посветена на нашиот Тоше Проески. Можеби во излегувањето на делото не би било ништо спорно, ако издавачот тоа го стореше во согласност со семејството Проески и Координативното тело за заштита на ликот и делото на Тоше. Книгата е во издание на редакцијата на дневни весници "Правда прес", содржи 130 страници и е печатена во 10.000 примероци. Веќе е пуштена во продажба и ја има и на интернет и тоа по сега намалена, нова цена од 6,75 евра, наместо првичните 8,75 евра.
"Кога претседател на држава вонредно ќе и се обрати на јавноста и ќе се упати на плоштадот на престолнината да запали свеќа, кога тоа ќе го направи и премиерот по итната седница, и претседателот на парламентот низ солзи ќе и соопшти на јавноста дека на тој ден парламентот нема да работи, а ќе им се придружи и црковниот поглавар и сето тоа за половина час секој би помислил дека умрел највисок државен функционер. На веста за смртта на момчето кое со својата песна, но и хуманост, едноставност, скромност и љубов кон луѓето го маѓепса Балканот, Македонија реагираше со срце. Луѓето беа во потполн шок... Со прераното заминување на Тоше од овој свет, музиката загуби многу, ние загубивме многу. Беше голема ѕвезда, но не се однесуваше така. Затоа и беше голем... е дел од предговорот на "Балкански анѓео".
Од Издавачката куќа "Аворд ентертејмент", а по повод издавањето на книгата, тврдат дека ниту семејството Проески ниту тие биле известени за објавувањето. Одобрение не било побарано ниту од Координативното тело на Владата на Република Македонија, кое го има заштитено ликот и делото на Тоше Проески. Славен Ристески, зетот на Тоше Проески и член на Координативното тело, ни рече дека ќе реагираат, но во интерес на постапката не сакаше да соопшти детали за тоа какви чекори ќе бидат преземени. Единствено за што со сигурност ни потврди е дека од никого не била побарана дозвола за објавување на книгата.