Синус Пилонидалис | Sinus pilonidalis (внатрешни влакна)

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Синус Пилонидалис | Sinus pilonidalis
Дефиниција и етиологија
Пилоноидален синус е постинфламаторна шуплина обложена со епител и локализирана во кокцигеалниот предел.
Настанува од перифоликуларниот абсцес кој се инкапсулира со епител кој од површината враснува во длабочина.
Точната етиологија (причина за настанување не е позната). Се смета дека се јавува поради тешкотија во пробивањето на влакната низ кожата, или пак е резултат на закржлавен остаток од постоењето на “еволутивната опашка”.
Може да се јави и кај двата пола, но претежно се јавува кај машките индивидуи. Предиспонирани се луѓето чија работа е поврзана со долго седење.
Клиничка слика
Не станува збор за права циста, туку за шуплина која настанува после инфламација. Пилоноидалниот синус настанува најчесто на кокцигеалниот предел по средната линија, на возраст од 10 – 30 години од животот. Се манифестира во вид на абсцес или јазол кој продира на површината на кожата и трајно фистулизира (влажи). Може да се јави болка и чешање во тртичниот предел.
Дијагноза
Се поставува лесно врз основа на клиничката слика и физикален преглед.
Терапија
Се состои во ексцизија на апсцесот и неговата капсула. Операцијата може да се направи во локална, регионална (спинална) и општа анестезија.
Прогноза
Прогнозата е добра, но во случај на некомплетно одстранување, можна е појава на рецидиви.
Автор/Превземено: За Здравје
  1. Категории:
  2. Хирургија
  1. ______________________________________________________________________________________________________
Во понеделникот бев опериран од ова, лежев во болница до петокот после тоа ме пуштија дома.Но проблемот е следниов:
-Јас не сум сошиен каде што е сечено туку е оставено отвор од околу 2 cm, со објаснување дека требало само да зарасне. Ок тоа, но сега мене ме плаши што преврски треба да правам дома па така има зголемен ризик од инфекција на местото па ситуацијата да се влоши. Зараснувањето на местото може да трае и до месец. Дали може да барам преврски на местото што е оперирано да ми се прават во болница со оглед на тоа што станува збор за отворена рана ? :/
*Патем на отпусното писмо пишува само контрола за 30 дена со упат од матичен лекар. Секоја идеја е добредојдена..
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Мене ми се задеси ова чудо :) Добив општа анестезија, лежев само една ноќ во болница. Ми оставија ситно дупченце, ради дренажа, затоа што не го извадија цел синус, само го исчистија. Ми рекоа да одам за 6 месеци да го вадат цел, но немам никакви проблеми (а поминаа 2 години) па не сум ни отишла.

Се тешам со тоа што, не излегува ништо од дупчето за дренажа, односно, очигледно синусот не создава гној. Така што, за сега сум мирна.

Веројатно не те сошиле затоа што се сече само кожа, нема др. ткиво кое се сече, па самото лесно ќе зарасне....
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Другар и ти да не ќе се правиш од ова?

И патем во отпусното писмо пишува вака:
пред година ипол ми правеа инцизија т.е дренажа ама не го извадија и сега за сега е добро, ама ако пак ми се воспали ќе го оперирам
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.041
Поени од реакции
4.335
Јас се оперирав од ова пред 2 месеца ама местото ми го сошија. Преврски мене ми дадоа од државна и ги носев едно 2 недели. Многу беше лошо, не можев да седам 1 месец само лежев, а и со лесна храна само се хранев. Идам секој месец и пол на контрола. Малце ми е страв да не се повтори зошто лежењето е многу тешко.
 
Член од
16 октомври 2011
Мислења
371
Поени од реакции
408
И ја се иам оперирано од ова. . Лани ова време, лежев една недела во болница, не ми ја сошија раната, ама после операцијата мирував добри два три месеца. . тоа значи никаков спорт, излегување надвор слабо, седење како на клинци :D

Мора да се чуваш некое време, да внимаваш на раната, постои можност ако не е добро зараснета самата да се отвори, ама тоа во ретки случаи кога премногу се напрегаш или спортуваш неш.
(и бајдуеј цело време на тоа мислиш, не ти дозволува мозокот на друго :D )
 
Еден месец, не сакам да помислам дека не треба да спортувам, а не па три.. Ќе бараме некое чаре друго..:unsure:
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Зависи во која болница го извршиле хируршкиот зафат, па некаде ја оставаат раната сама да зарасне демек помали биле шансите за рецидив, а некаде ја зашиваат раната. За да не се нервираш, наместо да одиш до болница кај шо те оперирале јавете се телефонски и прашајте дали треба да правите преврски.
Околу храната, јади полесна и потечна храна. Инаку да знаеш дека во 90 % од случаите се јавува повторно.
 
Леле зошто вака правиш сега страв ме фаќа. Не дај боже да се повтори кој ќе лежи пак по болници плус и дома.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Леле зошто вака правиш сега страв ме фаќа. Не дај боже да се повтори кој ќе лежи пак по болници плус и дома.
A шо лошо напраив? Пишав дека во 90 % од случаите. Не мора да значи дека ќе ти се повтори.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom