T
Tetro
Гостин
Над 100 милиони евра од профитот што го оствариле странските компании годинава го испратиле во матичните компании
Сите пари што странските инвеститори ги заработуваат во Македонија ги враќаат во нивните матични земји.
Во деветте месеци од годинава дури 100 милиони евра од профитот што го оствариле странските компании го испратиле дома. Податок кој е поразителен и по малку разочарувачки, во услови кога се прават толку многу напори тие да се донесат во Македонија. А овој тренд не е карактеристичен само за годинава, во последниве 10-15 години странските газди го повлекуваат 90 отсто од ќарот.
Експертите ценат дека, всушност, државата нема големи финансиски ефекти од странските инвеститори, бидејќи тие профитите не ги реинвестираат кај нас и не размислуваат за ширење на бизнисот.
Излегува дека оние што веќе дошле во земјава и почнале да работат, само ја користат нашата евтина работна сила, бенефитите што им ги дава државата, и толку. Се' друго е „чиста заработувачка“ за газдите.
Тоа го потврдуваат податоците за влезот и излезот на странски капитал во земјава за годинава. Забележливи се големи осцилации кај приливот и кај одливот. Според последните статистика на Народна банка на Македонија, во септември годинава странските инвеститори повлекле 11 милиони евра од својот капитал. А многу поголемо одлевање на инвестиции имаше и во месеците април, мај и јуни.
„Оваа 2011 година е интересна по тоа што во четири месеци од деветте, за кои има податоци на веб-страницата на НБМ, има одлив на капитал. Различни се факторите од месец во месец. Во април одливот се должи на повлечена дивиденда. Во мај и во јуни причините се други. Фирмите кои во претходните години земале кредити во овие месеци ги враќале. Во мај странските фирми вратиле кредити во износ од 25,7 милиони евра, а во јуни од 20 милиони евра. Во септември пак, се јавува нов фактор. Компаниите- ќерки што работат во земјава им даваат кредити на нивните фирми-мајки. Околу 22 милиони евра се одлеани по овој основ во септември, а нема нов прилив, па затоа е во минус нивото на инвестиции. Или вкупно за деветте месеци од годинава се одлеале околу 100 милиони евра странски инвестиции. Но, ова не е карактеристика само за годинава. Во последниве 10-15 години странците 90 отсто од добивката, како што ја остваруваат, така ја одлеваат во нивните матични компании“, анализира професорот на Економскиот факултет во Скопје, Ѓорѓи Гоцков за „Утрински весник“.
И професорката Шенај Хаџи Мустафа коментира дека државата нема никакви финансиски ефекти од странските инвеститори бидејќи тие си ги враќаат профитите во своите матични компании, а нема ниту некои позначајни придобивки врз намалувањето на невработеноста, затоа што во странските компании се вработени незначителен број на лица кои примаат ниски плати. Според неа, треба да се преиспита целата даночна политика на Владата кога се во прашање СДИ, бидејќи не е во ред Македонија да им нуди широки можности на инвеститорите во водење бизнис, а за возврат државата да не добива ништо. Ова посебно се однесува на нула процентниот данок на реинвестирана добивка и на ослободувањето од придонесите за пензиско и за здравствено осигурување за одреден период. „Овие даночни ослободувања се без никакви ефекти за нашата економија и треба да се преиспитаат затоа што веќе покажуваат негативни последици врз Фондот за пензиско и за здравствено осигурување. Тие секоја година мора да се полнат од Буџетот со се' поголеми средства. Значи, инвеститорите од странство само ја искористуваат нашата економија во своја полза, а на наша штета“, вели Хаџи Мустафа.
Што велат бројките
Во деветте месеци од годинава нивото на СДИ изнесува 182,6 милиони евра, ако е за утеха сепак оваа, ќе биде подобра од претходните две години. Од 2009 година кога во земјава влегоа само 145 милиони евра СДИ, и од 2010 која ја завршивме со 159 милиони евра СДИ. Но, се' уште сме далеку од најдобрите години по влез на странски инвестиции 2008, кога во земјава влегоа 400 милиони евра, и 2007 година кога нивото на СДИ изнесуваше рекордни 506 милиони евра.
Се ближи крајот на 2011 година, а освен конкретната реализација на инвестицијата на турски ТАВ во македонските аеродроми од околу 100 милиони евра, не влезе друга странска компанија. Имаше неколку најави и фрлени лопати во зоната „Бунарџик“ и во онаа во Штип на втората фабрика што ќе ја отвора „Џонсон контролс“. Така, освен веќе активните „Џонсон контролс“ и „Џонсон мети“, во мај темели удри „Кемет електроникс“, а во текот на летото во „Бунарџик“ фрлија лопати и „Технокозе“, „Продис“ и „Мадерсан груп“. Сите, освен „Џонсон контролс“, кој најави вработување на нови 1.000 лица, нудат, горе-долу, меѓу 100 и 300 нови работни места.
Даночни привилегии за странците
Според Законот за технолошки и индустриски развојни зони, државата им дава парична помош на потенцијалните инвеститори во висина од 50 отсто. Ако на пример, станува збор за инвестиција од 40 милиони евра, максималната регионална помош ќе изнесува 20 милиони евра. За инвестициите, пак, кои надминуваат 100 милиони евра се обезбедуваат 34 проценти помош. Освен тоа, има 100 процентно ослободување за период од 10 години за персоналниот данок на доход, данок на промет на производи, потоа данок за стоките кои се внесуваат во зоната и се наменети за производство за извоз, ослободување има од данокот на промет за услуги, а ослободувањето од данокот на добивка е за период од 10 години. Прометот на стоки и на услуги во економските зони е изземен од царини.
За потсетување, есента во 2007 година Владата и „Џонсон контролс“ склучија договор за инвестициски вложувања со кој во период од две години Владата беше обврзана да и' исплатува на компанијата средства кои ќе покриваат 50 отсто од бруто-платите на вработените.
http://www.time.mk/read/22a323e288/3f27047854/index.html