Се' што ќариле во Македонија инвеститорите враќаат дома

T

Tetro

Гостин
Над 100 милиони евра од профитот што го оствариле странските компании годинава го испратиле во матичните компании




Сите пари што странските инвеститори ги заработуваат во Македонија ги враќаат во нивните матични земји.

Во деветте месеци од годинава дури 100 милиони евра од профитот што го оствариле странските компании го испратиле дома. Податок кој е поразителен и по малку разочарувачки, во услови кога се прават толку многу напори тие да се донесат во Македонија. А овој тренд не е карактеристичен само за годинава, во последниве 10-15 години странските газди го повлекуваат 90 отсто од ќарот.

Експертите ценат дека, всушност, државата нема големи финансиски ефекти од странските инвеститори, бидејќи тие профитите не ги реинвестираат кај нас и не размислуваат за ширење на бизнисот.

Излегува дека оние што веќе дошле во земјава и почнале да работат, само ја користат нашата евтина работна сила, бенефитите што им ги дава државата, и толку. Се' друго е „чиста заработувачка“ за газдите.

Тоа го потврдуваат податоците за влезот и излезот на странски капитал во земјава за годинава. Забележливи се големи осцилации кај приливот и кај одливот. Според последните статистика на Народна банка на Македонија, во септември годинава странските инвеститори повлекле 11 милиони евра од својот капитал. А многу поголемо одлевање на инвестиции имаше и во месеците април, мај и јуни.

„Оваа 2011 година е интересна по тоа што во четири месеци од деветте, за кои има податоци на веб-страницата на НБМ, има одлив на капитал. Различни се факторите од месец во месец. Во април одливот се должи на повлечена дивиденда. Во мај и во јуни причините се други. Фирмите кои во претходните години земале кредити во овие месеци ги враќале. Во мај странските фирми вратиле кредити во износ од 25,7 милиони евра, а во јуни од 20 милиони евра. Во септември пак, се јавува нов фактор. Компаниите- ќерки што работат во земјава им даваат кредити на нивните фирми-мајки. Околу 22 милиони евра се одлеани по овој основ во септември, а нема нов прилив, па затоа е во минус нивото на инвестиции. Или вкупно за деветте месеци од годинава се одлеале околу 100 милиони евра странски инвестиции. Но, ова не е карактеристика само за годинава. Во последниве 10-15 години странците 90 отсто од добивката, како што ја остваруваат, така ја одлеваат во нивните матични компании“, анализира професорот на Економскиот факултет во Скопје, Ѓорѓи Гоцков за „Утрински весник“.

И професорката Шенај Хаџи Мустафа коментира дека државата нема никакви финансиски ефекти од странските инвеститори бидејќи тие си ги враќаат профитите во своите матични компании, а нема ниту некои позначајни придобивки врз намалувањето на невработеноста, затоа што во странските компании се вработени незначителен број на лица кои примаат ниски плати. Според неа, треба да се преиспита целата даночна политика на Владата кога се во прашање СДИ, бидејќи не е во ред Македонија да им нуди широки можности на инвеститорите во водење бизнис, а за возврат државата да не добива ништо. Ова посебно се однесува на нула процентниот данок на реинвестирана добивка и на ослободувањето од придонесите за пензиско и за здравствено осигурување за одреден период. „Овие даночни ослободувања се без никакви ефекти за нашата економија и треба да се преиспитаат затоа што веќе покажуваат негативни последици врз Фондот за пензиско и за здравствено осигурување. Тие секоја година мора да се полнат од Буџетот со се' поголеми средства. Значи, инвеститорите од странство само ја искористуваат нашата економија во своја полза, а на наша штета“, вели Хаџи Мустафа.



Што велат бројките

Во деветте месеци од годинава нивото на СДИ изнесува 182,6 милиони евра, ако е за утеха сепак оваа, ќе биде подобра од претходните две години. Од 2009 година кога во земјава влегоа само 145 милиони евра СДИ, и од 2010 која ја завршивме со 159 милиони евра СДИ. Но, се' уште сме далеку од најдобрите години по влез на странски инвестиции 2008, кога во земјава влегоа 400 милиони евра, и 2007 година кога нивото на СДИ изнесуваше рекордни 506 милиони евра.

Се ближи крајот на 2011 година, а освен конкретната реализација на инвестицијата на турски ТАВ во македонските аеродроми од околу 100 милиони евра, не влезе друга странска компанија. Имаше неколку најави и фрлени лопати во зоната „Бунарџик“ и во онаа во Штип на втората фабрика што ќе ја отвора „Џонсон контролс“. Така, освен веќе активните „Џонсон контролс“ и „Џонсон мети“, во мај темели удри „Кемет електроникс“, а во текот на летото во „Бунарџик“ фрлија лопати и „Технокозе“, „Продис“ и „Мадерсан груп“. Сите, освен „Џонсон контролс“, кој најави вработување на нови 1.000 лица, нудат, горе-долу, меѓу 100 и 300 нови работни места.



Даночни привилегии за странците

Според Законот за технолошки и индустриски развојни зони, државата им дава парична помош на потенцијалните инвеститори во висина од 50 отсто. Ако на пример, станува збор за инвестиција од 40 милиони евра, максималната регионална помош ќе изнесува 20 милиони евра. За инвестициите, пак, кои надминуваат 100 милиони евра се обезбедуваат 34 проценти помош. Освен тоа, има 100 процентно ослободување за период од 10 години за персоналниот данок на доход, данок на промет на производи, потоа данок за стоките кои се внесуваат во зоната и се наменети за производство за извоз, ослободување има од данокот на промет за услуги, а ослободувањето од данокот на добивка е за период од 10 години. Прометот на стоки и на услуги во економските зони е изземен од царини.

За потсетување, есента во 2007 година Владата и „Џонсон контролс“ склучија договор за инвестициски вложувања со кој во период од две години Владата беше обврзана да и' исплатува на компанијата средства кои ќе покриваат 50 отсто од бруто-платите на вработените.

http://www.time.mk/read/22a323e288/3f27047854/index.html
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
И што ти беше целта со темава?
претпоставувам целта му е да не подучи да не рипаме ко млади мајмуни кога ќе кажат дека ќе влезеле странски инвестиции затоа што тие доаѓаат ради профит а не да ни приложат хуманитарна помош
 
P

Princ

Гостин
Ова сметам дека е најголемиот проблем за нашата економија. Сите поголеми фирми во земјава голата заработка наместо да ја реинсвестираат тука, си ја праќаат во својата матична фирма/земја. Не само што не добиваме туку и губиме.

EDIT: Bodhidharma, избегнувај да цитираш голем пост за да искоментираш нешто што не кажува ништо. Всушност, избегнувај да не коментираш нешто што не кажува ништо.
Прва јавна опомена, без казнени поени засега.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
претпоставувам целта му е да не подучи да не рипаме ко млади мајмуни кога ќе кажат дека ќе влезеле странски инвестиции затоа што тие доаѓаат ради профит а не да ни приложат хуманитарна помош
Се додека даваат добри плати ич кур не треба да не боли за профитот ;)
Не гледам да се жали некој што работи по тие фирми.
--- надополнето: 17 декември 2011 во 00:30 ---
EDIT: Bodhidharma, избегнувај да цитираш голем пост за да искоментираш нешто што не кажува ништо. Всушност, избегнувај да не коментираш нешто што не кажува ништо.
Прва јавна опомена, без казнени поени засега.
Темава е километарска а нема поента, не беше лошо да пише нешто во таа насока.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Се додека даваат добри плати ич кур не треба да не боли за профитот ;)
Не гледам да се жали некој што работи по тие фирми.
--- надополнето: 17 декември 2011 во 00:30 ---

Темава е километарска а нема поента, не беше лошо да пише нешто во таа насока.
паа не не дека се лоши ама нешто што е за радост е нашите македонски фирми да раснат и сл а не странските инвестиции којшто како што е кажано доаѓаат за нивни лични профити а не за да ни "помогнат"
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
паа не не дека се лоши ама нешто што е за радост е нашите македонски фирми да раснат и сл а не странските инвестиции којшто како што е кажано доаѓаат за нивни лични профити а не за да ни "помогнат"
Раснат они, не се секирај. По 100 евра плата на вработените си имаат ќар.
Не ги жали жити господ. :)
 
T

Tetro

Гостин
Се додека даваат добри плати ич кур не треба да не боли за профитот ;)
Не гледам да се жали некој што работи по тие фирми.
Даваат добри плати, ако накако се протнеш до позиција шеф, а како обичен работник, си се зае*ал малце. Најчесто, вработувањето иде преку некоја агенција, која зема дел од колачот.

Ама, темата е за ќарот, не за работниците.
 
P

Princ

Гостин
Се додека даваат добри плати ич кур не треба да не боли за профитот
Ова е бледо оправдување. Како ич кур да не не боли за профитот кога тие фирми не вложуваат странски пари кај нас, туку нашите пари ги изнесуваат? Ако кајмакот го зимаат германци, словенци и турци, тогаш ние како земја губиме многу. А "добри плати" (во наводници бидејќи тоа е променлива категорија, за мене добра плата е 700-1000 евра месечно, за тебе може е 200-300 евра месечно) ќе даваше било кој домашен сопственик на тие фирми - плус профитот ќе останеше во земјава.
Темава е километарска а нема поента, не беше лошо да пише нешто во таа насока.
Јас сум супермодератор, јас одлучувам дали одредена тема ќе остане или не.
Ти си обичен член, и имаш право само да учествуваш или да не учествуваш на одредена тема, твое право. Но, не ми шерифувај или ќе те отстранам од форумов. Шерифувањето е 1 од 10те смртни гревови на форумов.
Не се труди да ми реплицираш, ќе го сметам тоа како продолжување на шерифувањето.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Друга работа, дали некој би одбрал да живее во Грција(пример ја земам)
или Македонија. Таму да зима 1500 евра плата и државата да должи 300 000 000 евра или да зима два триста евра во Македонија и државава да цвета.
--- надополнето: 17 декември 2011 во 00:40 ---
Даваат добри плати, ако накако се протнеш до позиција шеф, а како обичен работник, си се зае*ал малце. Најчесто, вработувањето иде преку некоја агенција, која зема дел од колачот.

Ама, темата е за ќарот, не за работниците.
Чиј ќар?
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Раснат они, не се секирај. По 100 евра плата на вработените си имаат ќар.
Не ги жали жити господ. :)
не е темата за тоа али еве еден оф топик ќе морам ... нашите мали бизниси/фирми се само за жалење брат тие од лиценци и контроли и казни и политики неможат да пркнат така да си знаеш очигледно не си упознаен со водењето на мали бизниси во макеоднија прашај некој што има ќе видиш...
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
не е темата за тоа али еве еден оф топик ќе морам ... нашите мали бизниси/фирми се само за жалење брат тие од лиценци и контроли и казни и политики неможат да пркнат така да си знаеш очигледно не си упознаен со водењето на мали бизниси во макеоднија прашај некој што има ќе видиш...
За кои мали бизниси мислиш?
Продавница или нешто слично да отвориш?
Инаку се знае кој оди напред во оваа држава, тој што е со тие што се на власт, а тоа нема врска со темава.
 
P

Princ

Гостин
Еве вака ќе ти објаснам.
Значи фирма, ќерка на фирма регистрирано во странство, врши некоја дејност во земјава.
Од таа дејност таа фирма заработува (чист профит) 100 милиони евра годишно. Профитот (ќарот) секоја година, таа фирма ќерка, го праќа на фирмата-мајка. Профитот (ќарот) се наши пари.
Е сега, наместо тој ќар да се вложува во земјава (бидејќи ни треба тоа... ќе се отвараат уште повеќе работни места, наместо да зимаш 300 ќе зимаш 600 евра плата, итн) нашите пари се изнесуваат надвор од земјава, и се вложуваат надвор во земјава. И после ти на пример се прашуваш зошто имаш ист стандард како и пред 10-20 години. Затоашто се вртиме во круг. Фирмата-ќерка од примеров кога дошла во земјава вложила 100 милиони евра, пари што ги вратила на фирмата-мајка уште во првата година, и после тоа само изнесува готови пари од земјава, наместо да внесува.
Тоа е проблем.
--- надополнето: 17 декември 2011 во 00:52 ---
За кои мали бизниси мислиш?
Продавница или нешто слично да отвориш?
Инаку се знае кој оди напред во оваа држава, тој што е со тие што се на власт, а тоа нема врска со темава.
И не збориме за дучанчина. Збориме за големи бизниси, ЕВН, Телеком, итн.
 
T

Tetro

Гостин
Ќарот, Игорче.
Сите пари што странските инвеститори ги заработуваат во Македонија ги враќаат во нивните матични земји.
Знам дека е многу обемен текстот, но за дискусија на темава ќе мораш да го прочиташ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom