- Член од
- 13 јануари 2008
- Мислења
- 49
- Поени од реакции
- 0
Се зголемува довербата во Груевски за повторен избор за премиер ВМРО-ДПМНЕ ја задржува високата поддршка од граѓаните и по година и пол на власт, покажува последната анкета на Меѓународниот републикански инститиут (ИРИ). Ако сега се одржат избори, 26 отсто од граѓаните би гласале за најголемата владејачка партија. Истражувањето на ИРИ, спроведено во декември, покажува и благ раст на рејтингот на опозициската СДСМ, која има 11 отсто поддршка од граѓаните, наспроти осумте проценти во анкетата од септември. ДУИ со 11 отсто поддршка и натаму има висока предност кај албанското гласачко тело во однос на владејачката ДПА, на која доверба и изразиле 5 отсто од испитаниците. Скромниот рејтинг од 2 отсто го задржува и владејачката НСДП, а зад неа е ДОМ на Лилјана Поповска со 1 отсто поддршка кај граѓаните. Премиерот Никола Груевски и натаму е неприкосновен на врвот кај политичарите, чиј реизбор го поддржуваат високи 56 отсто од граѓаните. Дека не заслужува да биде премиер сметаат 27 отсто од испитаниците. Обратен е случајот со претседателот Бранко Црвенковски, чиј реизбор го поддржуваат 27 отсто од испитаниците, а речиси две третини сметаат дека тој не заслужува уште еден мандат. Граѓаните целосно го поддржуваат влезот на Македонија во ЕУ(94%), а нешто помал е процентот на граѓани (89%), кои сметаат дека земјата треба да влезе во НАТО. Сепак, граѓаните не го поддржуваат членството во Алијансата доколку услов за тоа е промена на уставното име. Високи 77 отсто од граѓаните се противат на влезот во НАТО со "скршена кичма", наспроти 15 проценти од испитаниците кои се подготвени да прифатат промена на името. Теренската анкета на ИРИ е спроведена на примерок од 1180 испитанции, од 15 до 21 декември минатата година.
http://vecer.com.mk/?ItemID=672B6A080EA9D54C80B14C2A9EA95877
http://vecer.com.mk/?ItemID=672B6A080EA9D54C80B14C2A9EA95877