Серии или филмови?

Серии или филмови?


  • Вкупно гласачи
    28

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Што повеќе сакате да гледате серии или филмови?
Зошто?
Зошто сметате дека сериите се подобри од филмовите или обратно, зошто сметате дека филмовите се подобри од сериите?
Или нема разлика и сериите и филмовите се добри?

Дали сериите се подобри затоа што подобро ги разработуваат ликовите или филмовите може тоа да го направат исто толку добро?

Ваши мислења, со образложение ЗОШТО, нормално. :)
 
I

Intex

Гостин
Серии.

Може повеќе време трошиш на нив, ама како шо се градат карактери во серија, не е изводливо и во филм. Немаат толку ефекти, ама имаат далеку подобри приказни. Секако, има исклучоци и на совршени филмови. Од истата причина сакам и книга повеќе од филм, приказната.:)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.340
Поени од реакции
57.953
Ја бев за филмови... додека изгледав едно милион :pos: Сега сакал нејќел гледам серии. Згора на тоа и попрактични се, секогаш имам време да направам пауза од што и да е што работам и да ѕирнам една епизода од 20 или 40 минути. За филмови ептен треба и слободно време. Како и да е, уживам и во едните и во другите, ако се добри.
 
Член од
9 јануари 2009
Мислења
188
Поени од реакции
72
исто ми е..
одреден период повеќе ми се гледат филмови, другпат повеќе сакам да изгледам некоја серија...
нема некоја посебна причина за тоа
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Филмови дефинитивно. Серии пратам многу ретко, за брзо време ми здосадуваат и баш поради тие причини што ги наброја, се концентираат само на разработувањето на ликовите и на ништо друго. Се разбира има исклучоци Твин Пикс на пример, Сајнфилд, Фрејзер...Во филмот не е така, приказната може да се раскаже на различни начини,многу елементи учествуваат за да се добие целината, ефектот во филмот, а и задоволството е поголемо кога гледам добар филм:)
 
Член од
12 февруари 2009
Мислења
9
Поени од реакции
1
филмовите ги гледам повеќе, поради тоа што сум позафатен па неможам во континуитет да ги следам сериите на нашиве телевизии кои патем речено немаат никаква содржина.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
филмовите ги гледам повеќе, поради тоа што сум позафатен па неможам во континуитет да ги следам сериите на нашиве телевизии кои патем речено немаат никаква содржина.
Интернет постои, немора да гледаш на тв, така што ќе можеш во секое време да гледаш што сакаш! :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom