Семејствата тешко живеат и со 500 евра месечно

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Семејствата тешко живеат и со 500 евра месечно

Месо, увозни млека, сувомесни производи, шампони, средства за хигиена, козметика - рафтовите по продавниците се вжештија од континуираниот скок на цените. Ако порано цените рипаа за денар-два, сега, по скокот на енергентите и горивата, тие забрзано растат и за над 5 денари на производ. Граѓаните се во паника, а трговците креваат раце. Велат дека веќе не знаат што с` поскапува бидејќи секоја нова пратка носи за 2-3 денари повисока цена речиси на сите производи. Се жалат дека Македонците штедат речиси на с`, од исхрана до средства за лична хигиена.

Статистиката, пак, покажува дека граѓаните за исти пари можат да купат многу помалку производи во споредба со претходните години. Според експертите, тоа покажува дека животниот стандард драстично паѓа и за да се прехранат во месецот, луѓето се принудени да штедат и на основните прехранбени артикли.

Сето ова се случува во услови кога просечната плата изнесува 348 евра и е за некое евро помала во однос на лани. А статистиката, пак, покажува дека дури 70 отсто од вработените земаат плата помала од просечната, а дури 92.000 вработени се на границата до 8.000 денари, која од јануари е законски загарантирана минимална плата во земјава.

Граѓаните во апатија

Поскапувањето на парното, струјата и на природниот гас, но и постојаниот раст на цените на горивата што деновиве бележат рекорди, ги вивнаа цените на основните прехранбени артикли по рафтовите во маркетите. Трговците веќе не ни бројат што е поскапено и за колку пари.

- Секој ден ни стигнува стока со нови цени. Поскапени се кафето, шампоните, сувомесните производи. Значи, с` оди нагоре од крајот на минатата година, а сега веќе се чувствува тој нов бран. С` што доаѓа е со повисока цена за 2-3 денари, а кај некои производи оди и до 7-8 денари. Веќе ни ние не можеме да ги следиме промените. Не стигнуваме ниту да ги долепиме старите цени, а веќе мора да ставаме нови. Најмногу реагираат граѓаните кога на каса ќе им отчукаме повисоки цени. Прашуваат зачудено: „Нели ова вчера беше 3 денари поевтино“ – велат во големите супермаркети.

Граѓаните, пак, се во апатија. Велат дека веќе не можат да размислуваат што с` поскапува и како ќе го преживеат месецот.

- Со сопругата заедно имаме месечен приход од 50.000 денари. И ако дојде време ние да се жалиме дека веќе не се издржува, не ни можам да коментирам како преживуваат граѓаните со помали примања. Ова е навистина сурово – вели еден муштерија во супермаркетот.

Секојдневните поскапувања станаа хит и по интернет-форумите. Граѓаните на големо веќе калкулираат колку пари им се потребни за да го преживеат месецот, а колку за „нормална живејачка“.

- Баш деновиве правев математика затоа што ми се чинеше дека некако многу пари бегаат, ама кога ја направив, видов дека за еден месец ни требаат околу 35.000 денари за редовни трошоци - храна, сметки, кредит и по нешто за џепарлак за кафе, за пелените за ќерка ми. Во оваа сума не влегуваат трошоците за подновување на гардеробата, подароци и други чуда. Навистина животот стана многу скап. Некако на задна врата с` поскапе, и иако ние го немаме подобрено или влошено квалитетот на живеење, живееме како и порано, ама тоа сега чини многу поскапо. Животот во помалите градови е навистина поевтин, но не можам да сфатам како живеат луѓето со 15.000 денари месечен приход – вели една родителка која се приклучила на интернет-дебатата.

Според другите, и 50.000 денари се малку за нормално егзистирање.
Ќе се одврзе инфлаторната спирала

Економските експерти велат дека зголемувањето на цените ќе ја одврзе инфлаторната спирала. Тие предупредуваат дека европската криза, која се рефлектира и кај нас, ќе донесе повисок процент на инфлација од проектираната на 2 отсто. Иако Државниот завод за статистика не ја мери потрошувачката кошничка, според податоците за годишно расположливи и употребени средства на домаќинствата, излегува дека за да ги задоволат основните потреби, на семејствата месечно им се потребни најмалку 500 евра. Тоа се совпаѓа и со сумата што ја мери Сојузот на синдикатите на Македонија како минимална потрошувачка кошничка за четиричлено домаќинство.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало и индексот на трошоците на животот во јануари годинава во споредба со јануари лани е повисок за 3,4 отсто. Цените на мало и трошоците за живот во јануари споредено со декември лани пораснале за 1,6 отсто, односно 1,2 отсто.
Благородна Дулиќ - пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
Не сум обичен граѓанин
Благородна Дулиќ, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, вчера не сакаше да коментира дали таа, како и останатите обични граѓани, го чувствува зголемувањето на цените на повеќето производи.

- Не сум обичен граѓанин. На таа тема илузорно е со мене да се разговара - изјави Дулиќ.

Светлана Јакимовска - потпретседател на Собранието од ВМРО-ДПМНЕ
Потешко им е на оние со помали плати

Секако дека ги чувствувам поскапувањата на повеќе производи. Иако во нејзиното семејство почесто пазари нејзиниот сопруг, таа вели дека не може да се избегне впечатокот дека е зголемена цената на повеќе производи, како што се лебот, млекото, струјата, комуналните давачки. Сепак, луѓето што имаат подобри примања, како што сме и ние пратениците, помалку го чувствуваат покачувањето на цените. Потешко им е на оние што имаат пониски плати.

Марјанчо Николов - пратеник од СДСМ
Домашниот буџет се троши за основните потреби

Нормално е дека се чувствува покачувањето на цената на речиси сите производи, особено на енергентите како што се бензинот, струјата и парното. Зголемувањето на цената на енергентите автоматски го намалува домашниот буџет за другите производи кои исто така се поскапи во споредба со порано. Мали се можностите за штедење.

Kосана Николиќ-Мазнева - пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
Тоа е светски тренд

Се разбира дека и јас го чувствувам покачувањето на цените на повеќе производи. Но верувам дека граѓаните се свесни и се информирани дека светски тренд е поскапувањето на цената на храната.

Сепак, Владата прави многубројни напори да се справи со овој светски тренд на покачување на цените, а тоа ќе го прави и во иднина.

Бујар Османи - портпарол на ДУИ
Трошоците за бензин не се мали

Трендот на поскапувања на производите на глобално ниво, особено поради порастот на цената на нафтата, се одразува и во Македонија. Тоа се чувствува и во секојдневниот живот на граѓаните. Јас повеќе го забележувам тоа кај цената на бензинот бидејќи сум во постојано движење и трошоците не се мали.
 
М

Мартин`

Гостин
Колку години има оваа Благородна Дулиќ ? 70+ отиде ли веќе.. нека остапи таму место на помлади кои повеќе ќе се ангажираат и ќе помогнат во собранието не само џабе пари да зима и да кажува дека не била “обичен“ граѓанин. Инаку нормално дека се чуствуваат поскапувањата во државата (за храна, бензин итн) а платите некако стагнираат или па уште полошо надоле одат.. тешко на оние што само од плата добиваат приходи.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ќе биде интересно....
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
балканска унија спас за македонија и сите мали држави без акцизи и даноци и да видите како ќе се сменат нештата
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Овај монетарно-фискаленн систем ќе се распадне на светско ниво, што ќе дојде ќе видиме ама нема да биде како досега.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.658
Поени од реакции
35.291
Благородна Дулиќ, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ,- НЕ СУМ ОБИЧЕН ГРАЃАНИН :tapp:
Бабо Дулиќ - прво и основно ваквите како тебе треба да се засрамат штом даваат вакви изјави.
Само потсетете се дека баш ОБИЧНИТЕ граѓани на оваа држава ви ја дадоа својата доверба и ве изгласаа да бидете нивни претставник во собранието. Штом не го чувствувате зголемувањето на цените значи дека пратеничката плата е доволно голема, ама потсетете се од чиј џеб земате плата, од данокот кој го плаќаат ОБИЧНИТЕ граѓани. ОБИЧНИТЕ ГРАЃАНИ мораат да платат данок, и по цена да не им купат на децата нешто што им треба. Епа имајте ги на душа сите ОБИЧНИ ГРАЃАНИ кои немаат дури ни за леб, за Вие да не се чувствувате ОБИЧНО:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Дежаву ми е темава...Да не е стара оваа вест? Пошто сега ни со повеќе од 500 евра не се преживува...
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Kосана Николиќ-Мазнева - пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
Тоа е светски тренд

Се разбира дека и јас го чувствувам покачувањето на цените на повеќе производи. Но верувам дека граѓаните се свесни и се информирани дека светски тренд е поскапувањето на цената на храната.

Сепак, Владата прави многубројни напори да се справи со овој светски тренд на покачување на цените, а тоа ќе го прави и во иднина.

------------

Да ама светстки тренд е и плата од 2000 евра!!!
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Како не им е срам на сите овие пратенички створења да излезат и да кажат дека они тешко живееле? Кои 500 евра, кои сини очи? Шо да кажат фамилиите у кои двата брачни партнери (едвај) вкупно внесуваат бедни 17-18000. И колку тоа хумано изгледа кога истиве тие пратеници само хумано се прашуваат. Беда!
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Благородна Дулиќ - пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
Не сум обичен граѓанин

- Не сум обичен граѓанин. На таа тема илузорно е со мене да се разговара - изјави Дулиќ.
:pos: оваа се преценила себеси изгледа:pos:

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Благородна Дулиќ - пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
Не сум обичен граѓанин
Благородна Дулиќ, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, вчера не сакаше да коментира дали таа, како и останатите обични граѓани, го чувствува зголемувањето на цените на повеќето производи.

- Не сум обичен граѓанин. На таа тема илузорно е со мене да се разговара - изјави Дулиќ.
Комшика ми е. Нема таа што со македонските плати.
Живее онака како што живее, благодарение на маж и.
--- надополнето: 4 март 2012 во 13:28 ---
Kосана Николиќ-Мазнева - пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
Тоа е светски тренд

Се разбира дека и јас го чувствувам покачувањето на цените на повеќе производи. Но верувам дека граѓаните се свесни и се информирани дека светски тренд е поскапувањето на цената на храната.

Сепак, Владата прави многубројни напори да се справи со овој светски тренд на покачување на цените, а тоа ќе го прави и во иднина.

------------

Да ама светстки тренд е и плата од 2000 евра!!!
Не, тоа беше само грчки тренд, просечна плата 2000 евра.
Никаде не е просечна плата толку, ако работиш на подобра позиција, да, но просек... не баш.
 
--HEIDERN--

The Iron Fist
Член од
18 декември 2011
Мислења
638
Поени од реакции
378
Abe lugje dajte ne si igrajte bajram so umot, so 500 evra(na semejno nivo)mesecno se ziveese gospodski, da, no porano, pred edna decenija, pa i do pred nekoja godina, no momentalno so porastov na cenive na struja, parno, goriva, hrana, komunalii, danoci, taksi, legalizacii, kazni(nedaj boze) i sl. i so 500 evra e mnogu tesko ............ zboram za normalen prosecen zivot vo grad(konkretno za SK), ne zboram za vo nekoe zapusteno planinsko selo !!!
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Не сум обичен граѓанин
Благородна Дулиќ, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, вчера не сакаше да коментира дали таа, како и останатите обични граѓани, го чувствува зголемувањето на цените на повеќето производи.

- Не сум обичен граѓанин. На таа тема илузорно е со мене да се разговара - изјави Дулиќ.
(y)
--- надополнето: 4 март 2012 во 14:01 ---
Kосана Николиќ-Мазнева - пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
Тоа е светски тренд

Се разбира дека и јас го чувствувам покачувањето на цените на повеќе производи. Но верувам дека граѓаните се свесни и се информирани дека светски тренд е поскапувањето на цената на храната.

Сепак, Владата прави многубројни напори да се справи со овој светски тренд на покачување на цените, а тоа ќе го прави и во иднина.

------------

Да ама светстки тренд е и плата од 2000 евра!!!
Плус светски тренд е и револуција против диктаторски влади.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Најголерма загуба ќе имаат маалските продавнички и многу од нив нема да можат да го издржат тоа, а Тинекс Веро Кам и останатите олигарски супер и хипермаркети само ќе им се намали добивката малку.
--- надополнето: 4 март 2012 во 14:18 ---

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Пост кризен период е ова, не знам што очекувате?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom