S
Shellshock nam67
Гостин
Семејствата тешко живеат и со 500 евра месечно
Месо, увозни млека, сувомесни производи, шампони, средства за хигиена, козметика - рафтовите по продавниците се вжештија од континуираниот скок на цените. Ако порано цените рипаа за денар-два, сега, по скокот на енергентите и горивата, тие забрзано растат и за над 5 денари на производ. Граѓаните се во паника, а трговците креваат раце. Велат дека веќе не знаат што с` поскапува бидејќи секоја нова пратка носи за 2-3 денари повисока цена речиси на сите производи. Се жалат дека Македонците штедат речиси на с`, од исхрана до средства за лична хигиена.
Статистиката, пак, покажува дека граѓаните за исти пари можат да купат многу помалку производи во споредба со претходните години. Според експертите, тоа покажува дека животниот стандард драстично паѓа и за да се прехранат во месецот, луѓето се принудени да штедат и на основните прехранбени артикли.
Сето ова се случува во услови кога просечната плата изнесува 348 евра и е за некое евро помала во однос на лани. А статистиката, пак, покажува дека дури 70 отсто од вработените земаат плата помала од просечната, а дури 92.000 вработени се на границата до 8.000 денари, која од јануари е законски загарантирана минимална плата во земјава.
Граѓаните во апатија
Поскапувањето на парното, струјата и на природниот гас, но и постојаниот раст на цените на горивата што деновиве бележат рекорди, ги вивнаа цените на основните прехранбени артикли по рафтовите во маркетите. Трговците веќе не ни бројат што е поскапено и за колку пари.
- Секој ден ни стигнува стока со нови цени. Поскапени се кафето, шампоните, сувомесните производи. Значи, с` оди нагоре од крајот на минатата година, а сега веќе се чувствува тој нов бран. С` што доаѓа е со повисока цена за 2-3 денари, а кај некои производи оди и до 7-8 денари. Веќе ни ние не можеме да ги следиме промените. Не стигнуваме ниту да ги долепиме старите цени, а веќе мора да ставаме нови. Најмногу реагираат граѓаните кога на каса ќе им отчукаме повисоки цени. Прашуваат зачудено: „Нели ова вчера беше 3 денари поевтино“ – велат во големите супермаркети.
Граѓаните, пак, се во апатија. Велат дека веќе не можат да размислуваат што с` поскапува и како ќе го преживеат месецот.
- Со сопругата заедно имаме месечен приход од 50.000 денари. И ако дојде време ние да се жалиме дека веќе не се издржува, не ни можам да коментирам како преживуваат граѓаните со помали примања. Ова е навистина сурово – вели еден муштерија во супермаркетот.
Секојдневните поскапувања станаа хит и по интернет-форумите. Граѓаните на големо веќе калкулираат колку пари им се потребни за да го преживеат месецот, а колку за „нормална живејачка“.
- Баш деновиве правев математика затоа што ми се чинеше дека некако многу пари бегаат, ама кога ја направив, видов дека за еден месец ни требаат околу 35.000 денари за редовни трошоци - храна, сметки, кредит и по нешто за џепарлак за кафе, за пелените за ќерка ми. Во оваа сума не влегуваат трошоците за подновување на гардеробата, подароци и други чуда. Навистина животот стана многу скап. Некако на задна врата с` поскапе, и иако ние го немаме подобрено или влошено квалитетот на живеење, живееме како и порано, ама тоа сега чини многу поскапо. Животот во помалите градови е навистина поевтин, но не можам да сфатам како живеат луѓето со 15.000 денари месечен приход – вели една родителка која се приклучила на интернет-дебатата.
Според другите, и 50.000 денари се малку за нормално егзистирање.
Ќе се одврзе инфлаторната спирала
Економските експерти велат дека зголемувањето на цените ќе ја одврзе инфлаторната спирала. Тие предупредуваат дека европската криза, која се рефлектира и кај нас, ќе донесе повисок процент на инфлација од проектираната на 2 отсто. Иако Државниот завод за статистика не ја мери потрошувачката кошничка, според податоците за годишно расположливи и употребени средства на домаќинствата, излегува дека за да ги задоволат основните потреби, на семејствата месечно им се потребни најмалку 500 евра. Тоа се совпаѓа и со сумата што ја мери Сојузот на синдикатите на Македонија како минимална потрошувачка кошничка за четиричлено домаќинство.
Според последните податоци на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало и индексот на трошоците на животот во јануари годинава во споредба со јануари лани е повисок за 3,4 отсто. Цените на мало и трошоците за живот во јануари споредено со декември лани пораснале за 1,6 отсто, односно 1,2 отсто.
Благородна Дулиќ - пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
Не сум обичен граѓанин
Благородна Дулиќ, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, вчера не сакаше да коментира дали таа, како и останатите обични граѓани, го чувствува зголемувањето на цените на повеќето производи.
- Не сум обичен граѓанин. На таа тема илузорно е со мене да се разговара - изјави Дулиќ.
Светлана Јакимовска - потпретседател на Собранието од ВМРО-ДПМНЕ
Потешко им е на оние со помали плати
Секако дека ги чувствувам поскапувањата на повеќе производи. Иако во нејзиното семејство почесто пазари нејзиниот сопруг, таа вели дека не може да се избегне впечатокот дека е зголемена цената на повеќе производи, како што се лебот, млекото, струјата, комуналните давачки. Сепак, луѓето што имаат подобри примања, како што сме и ние пратениците, помалку го чувствуваат покачувањето на цените. Потешко им е на оние што имаат пониски плати.
Марјанчо Николов - пратеник од СДСМ
Домашниот буџет се троши за основните потреби
Нормално е дека се чувствува покачувањето на цената на речиси сите производи, особено на енергентите како што се бензинот, струјата и парното. Зголемувањето на цената на енергентите автоматски го намалува домашниот буџет за другите производи кои исто така се поскапи во споредба со порано. Мали се можностите за штедење.
Kосана Николиќ-Мазнева - пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
Тоа е светски тренд
Се разбира дека и јас го чувствувам покачувањето на цените на повеќе производи. Но верувам дека граѓаните се свесни и се информирани дека светски тренд е поскапувањето на цената на храната.
Сепак, Владата прави многубројни напори да се справи со овој светски тренд на покачување на цените, а тоа ќе го прави и во иднина.
Бујар Османи - портпарол на ДУИ
Трошоците за бензин не се мали
Трендот на поскапувања на производите на глобално ниво, особено поради порастот на цената на нафтата, се одразува и во Македонија. Тоа се чувствува и во секојдневниот живот на граѓаните. Јас повеќе го забележувам тоа кај цената на бензинот бидејќи сум во постојано движење и трошоците не се мали.