Селски/планински туризам во Македонија

Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Јас мислам дека правилна варијанта ти е врвот Солунска Глава . Комотно ќе спиеш во планинарскиот дом Чеплес,150 денари од човек не е ништо.Е сега за јадење ќе си носиш ќе си направиш што сакаш.
 
Член од
26 август 2011
Мислења
94
Поени од реакции
33
Прекрасна работа. Јас немам одено до сега, ама да ми понудат веднаш ќе одам. Тоа е вистински одмор. ама добро би било да имам интернет таму..секако дека нема да седам на него , како што сум по дома..ама колку да не бидам ептен исклучена од светот. Интернет + селски туризам = совршенство.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Серменин (Гевгелија), незнам дали некој ја спомна. Прекрасно место на Кожув, само што патот до таму е.......ептен крш..ниту е асфалтирано, а сигурно ќе ти треба минимум 1 саат до таму со кола. Само што треба е, да се потрудат патот да го средат.
 

Lord Macedon

Етнички жител на Кајгана
Член од
12 септември 2008
Мислења
135
Поени од реакции
21
Специфичен селски туризам значи да се прикажат убавините на својата земја, преку дозволување на туристите да престојуваат кај селаните, притоа помагајќи им во домашните работи, работењето на нива, и се друго што е специфично и ретко. Кај нас, иако пребогати со култура, пресиромашни со развивање на селскиот туризам. Државата добро е да дава средства на селаните во некои села, каде што може да се развие селски туризам, да привлече луѓе од големите светски метрополи, каде освен чад,гужва и напнатост нема ништо друго. Со тоа мислам дека би влегле многу странски девизи, и би се развил овој туризам, најпогоден за нашата држава.
Исто така позитивно е тоа што би се разменувале искуства релација граѓанин-селанец.
Што мислите вие за тоа ?
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
Специфичен селски туризам значи да се прикажат убавините на својата земја, преку дозволување на туристите да престојуваат кај селаните, притоа помагајќи им во домашните работи, работењето на нива, и се друго што е специфично и ретко. Кај нас, иако пребогати со култура, пресиромашни со развивање на селскиот туризам. Државата добро е да дава средства на селаните во некои села, каде што може да се развие селски туризам, да привлече луѓе од големите светски метрополи, каде освен чад,гужва и напнатост нема ништо друго. Со тоа мислам дека би влегле многу странски девизи, и би се развил овој туризам, најпогоден за нашата држава.
Исто така позитивно е тоа што би се разменувале искуства релација граѓанин-селанец.
Што мислите вие за тоа ?
Секој кој има вила,куќа или само оди на излет на село знае каква убавина се крие во таквите места.Мирот,чистиот воздух,тивкото жубуркање на оближниот поток додека ти го испиваш првото утринско кафе гледајќи го разиграниот коњ кој пасе на оближното ридче,а сонцето заедно со свежото селско ветре си поигруваат со твојата коса,се напросто научна-фантастика за некој кој еве на пр.живее во центарот на Скопје.Да,тука му се близу ГТЦ,еднакупа кафичи,ресторани и дуќани,ама тие се за повремено уживање,јас овде зборам за вистинското уживање,за силата на природата која ја има во и околу селата,за одмарање и празнење на психата и ослободување од натрупаниот градски стрес и нервози.Замислете ситуација,станувате,појадувате и веднаш се упатувате во авантура на оближната планина која едноставно мами и плени за такво нешто.Вооружени со една кошничка и нешто за прикаснување,се нурнувате во древната шума и нејзините прастари дрва,притоа засладувајќи се со дивите јагодки и пиејќи вода од чист планински поток(ова ќе претставува привилегија само на супер богатите во 2070-та:)),затоа побрзајте луѓе и не чекајте,додека е бесплатно!
Упатените и оние кои го имаат доживеано селскиот туризам ќе разберат и знаат за што зборувам,останатите нека пробаат,после ќе дискутираме,поздрав ;)
 
Член од
14 јануари 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
iznajmuvam sobi vo berovo prekrasno mesto za odmorrrrrrr
sobite se so sopstveno vc so kujna so internet so parno grenje so terasi so parking tv dvd i taka natamu

Годинава сум расположен да поминам 10-тина дена на некое планинско езерце. Како први идеи низ глава ми се свртеа Маврово и Берово. Нормално, добредојдени се и други локации.
Перфектната варијанта би била што е можно поосамена колиба покрај езеро или во близина без многу - многу гужви во близина (нормално со струја/вода).
Но, доколку не може да се најде такво нешто и некое хотелче со слични параметри би завршило работа.

Идеја каде, под кои услови и за која цена може да се најде такво нешто?
dojdi vo berovo da se odmoris kao covek berovo e prekrasno mesto ako sakas smestaj pobaraj me po PP

Едитиран пост од модератор
Телефонски броеви и инфо за смештај нуди по ПП или на www.oglasi.kajgana.com
 
Член од
2 мај 2017
Мислења
36
Поени од реакции
7
zdra vo kade mozam da najdam informacii za debarski banji ili nekoj neka kazi iskustvo kako odat rabotite
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Да не знае некој каде можам да се информирам како што треба да се пријави објектот куќата и кој законски регулативи треба да се почитуваат за да се започне нешто во овој стил--????
Селски туризам е секогаш убава работа.Ем да си работиш нешто а и да живееш обичен живот скромен и убав
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Темава мрда или никој не ја прати???
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Мадафаказ..... дајте некои предлози да идеме на спас летово на месец дена со минималец у некое селце ван цивилизација да спасиме душите ???? И искуство некое ако некој го направил тоа.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
791
Поени од реакции
218
Има ли што да се види за един ден во Крива паланка?
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
1.997
Дајте предлог за одмор некаде на чист воздух сакам да одам сега четврток, петок, сабота и недела...
Сакав да одам во Банско меѓутоа само преку една агенција има за со нивни превоз (бидејќи немам зелен картон ) а се е полно за овој викенд... Сега размислував за некаде кај нас се јавив на неколку места за во Берово, меѓутоа многу скапо некако ми се гледа... Поефтини беа понудите за во Банско со превоз доручек, вечера и користење спа и т.н одколку во Берово само спиење...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom