Селски/планински туризам во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Станоја
  • Време на започнување Време на започнување

Бил сум во Лештен преди 5г - чудо е!
Троjанскиja Балкан има многу што да понуди:http://www.villacolour.com/
Сега одим овде:http://guesthousebalkan.com/
 
Богданци го враќа сјајот на историското Паљурци
Полека и внимателно, историското место Паљурци се запишува во туристичката мапа на Македонија. Богата историја, убаво езеро, планина што изобилува со растителен и животински свет и пријатно катче за одмор. Вака изгледа денес Паљурци. Веселите лица на посетителите потврдуваат дека овде навистина вреди да се дојде.

Рекреативна патека, клупи за одмор, уредена околина. Ова е само дел од проектот на општината Богданци што го спроведува со помош на центарот за развој на југоисточниот регион.

Паљурци е дел од проект. Но за овдешните жители е повеќе од тоа. Нешто како визија или сон. Најголема желба на градоначалникот Ристо Ичков е Паљурци да добие можност да ја раскаже својата приказна.

Во 19 век, Паљурци бил центар на просветниот, духовниот и културниот живот во Македонија. И не случајно. На ова тло, бил изграден најголемиот католички манастирски комплекс, со училишта, сиропитачишта и развиена школа за превод и препис на литература. Денес, католичката црква е на чекор да го врати стариот сјај на Паљурци.

Апостол Павле, Мис Стон, Гоце Делчев, имале различна судбина, но заеднички благородни цели поврзани со Македонија. И уште нешто. И тројцата оставиле свој белег во Паљурци.

Првото оро се заниша. Следното ќе биде за една година на истото место. Во храмот што ќе го носи името на Апостол Павле.

Сузана Мицева

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=66824
 
Другарче, овие села не се раселени, во сите има жители. Во сите села има и објекти за сместување, се вложува со години во селскиот туризам во Преспа.
Ако евентуално доаѓате, барајте ме, ќе помогнам колку можам:helou:
Јас сакам да дојдам, помагај :) Крај на септември, двајца :)
 
Може некој да остави броеви за Беровскиот крај сместување?
 
Се надевам дека нема ваква тема, иако наидов на неколку слични но никаде не го најдов тоа што го барам.
Имено, имам желба да прошетам низ Македонија, кон крај на септември, но, мора да биде во природа, селски, планински туризам. Сум била речиси во сите поголеми градови.

Би ве замолила, посебно вие од внатрешноста на Македонија, да ми дадете идеи каде би можела да одам на 3-4 дена, пожелно е некое попусто местенце, секако најважно ми е да ми дадете некаков линк од вили/мотели/куќи каде што можам да најдам сместување, и пожелно е и барем појадок да се нуди.

Ви благодарам однапред!
 
Можи кај мене в село имам куќа камена градба, попусто место Амин :icon_lol:, а за појадок можи јас да готвам :icon_lol:.
 
Може :)
Ама дали е на високо ??? Сакам да биде на планина!!!!
 
Може :)
Ама дали е на високо ??? Сакам да биде на планина!!!!

Блиску е планината ама на врв од кањон е сместено и е на високо, е сега не знам надморска висина планинско место е :icon_lol:.
 
Селски туризам - Брајчино.

A податоци за сместување :) Има веќе тема околу тоа што е убаво да се види... Што се нуди во Брајчино, има ли мотели/вили ?
--- надополнето: Aug 29, 2011 1:56 PM ---
Блиску е планината ама на врв од кањон е сместено и е на високо, е сега не знам надморска висина планинско место е :icon_lol:.

Ми се допаѓа. Како се вика селото?
 
A податоци за сместување :) Има веќе тема околу тоа што е убаво да се види... Што се нуди во Брајчино, има ли мотели/вили ?
--- надополнето: Aug 29, 2011 1:56 PM ---

Мотели незнам дали има,но има вили лесно ќе се сместиш :)
 
И да одиме од куќа на куќа да прашуваме? :)
 
За во Љубојно 070 822 642 тоа е блиску до брајчино 920 метри надморска висина, а за во брајчино незнам, ваму имаш и ресторан кај што издавват за спиење
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom