Секакви рецепти

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.898
Поени од реакции
36.496
сакам да знам од шо се прави сенфот
не гледам друга тема оваква
Сенфот се прави од семе од бел синап, вода, оцет, сол, шеќер, зачини и конзерванс (мислам дека е Е-202). Има некои разлики помеѓу сенфовите, се зависи тоа од рецептот на производителот, но воглавно ова е тој состав за сенф. Има поделба на сенфот и на слаб/благ и јак сенф, разликата е во тоа дали семето од синап е со лушпа или не е, но тоа е друга поопширна тема:)
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.900
Поени од реакции
3.262
Посна салата

Потребно е:
1 цвет брокула
1 цвет карфиол
200 гр несолени кикирики
200 гр свежи печурки
маслиново,
сол,
бибер
сенф
лимон
соја сос


Се варат во топла и посолена вода цветовите брокула и карфиол. Откако ќе омекнат, но да не се премногу меки, веднаш оладете ги под млаз вода и оставете ги да се сушат во цедалка.
Печурките насечкајте ги на дебели ливчиња и пржете ги во маслиново, додадете сол и бибер и пржете ги додека не испари водата сосема. Оставете ги и нив да се оладат.
Кикириките ростирајте ги без масло на тивко во тава, пример на 2ка, околу 15 минути, за да фатат боја и мирис.
Подгответе го дресингот - измешајте маслиново масло околу 2 полни лажици со лажица соја сос, лажица сенф, исцеден половина лимон, малку сол и бибер и сето ова промешајте.

Оладените карфиол и брокула одвојте ги на мали цветчиња и додајте ги печурките. Ставете ги кикириките и добро промешајте. На крај, полијте со сосот. На сликава е ланската салата, без карфиол, но е здрава, вкусна и корисна во очи посни празници :)

12522931_10153821327773516_8050669957279518716_n.jpg
 
Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
114
Пита со кисела зелка
Потребни состојки:
- кори за пита
-500 гр. исецкана кисела зелка
- главица ситно исецкан кромид
- 300 ml. кисела вода
- неколку лажици масло
- сол и бибер

Подготовка:
Кромидот исекајте го ситно и додадете го во тавче со малку масло.
Додадете малку вода со цел кромидот да омекне. Откако ќе започне да се пржи и добие светло кафеава боја, додадете ја зелката и пржете додека не биде готово. Додадете сол и бибер, доколку сакате можете и црвен бибер за малку боја.

Повеќе
 
Член од
13 февруари 2017
Мислења
9
Поени од реакции
11
Рецептов за пуканки е феноменален... од кога го дознав веќе не правам обични :)

Пуканките се прават стандардно, а после се поливаат со мешавина од зачини : рузмарин, босилек, оригано (и само со оригано се превкусни), изрендан пармезан онаков од ќесичка и маслиново масло.

 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.028
Поени од реакции
16.929
Ја дур не сум ја заборавила рецептава, пред 2 дена ја правев, па да си ја запишам тука.

Чоколадна торта со мус од еурокрем, палачинки и чоко стоби флипс

Пандишпан: 4 јајца се матат со 140 грама шеќер. Се додаваат претходно промешани 4 лажици брашно, 3 лажици какао, 1 пециво и 1 ванилин шеќер. Се дели на два дела и се пече (а може и заедно да се пече, па потоа да се сече, јас бидејќи не сум многу спретна при делење на два дела, па печам посебно).
Палачинки: 2 јајца, прстофат сол, ванилин шеќер, чаша ипол брашно, половина чаша какао (од 200 мл) и 550 мл од прилика од кое повеќе кисела вода отколку млеко. 8 палачинки мислам дека ми излегоа.
Фил: 3 жолчки на пареа со 3 лажици шеќер. Се разматуваат со мискер, па им се додава 200 мл слатка павлака, па 170 грама топено чоколадо на пареа (пополека се додава мешајќи со миксер), уште 400 гр чоколаден еуорокрем и на крај уште претходно разматени 3 белки со прстофат сол и се меша со лажица.
Редење: Првиот пандишпан, фил, палачинка/фил, фил со 2 големи опаковки чоко стоби флипс, па вториот пандишпан. Одозгора по желба слатка павлака со чоколадо.

 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.900
Поени од реакции
3.262
Фусили со азиски сос од спанаќ, тиквичка, сусам и ѓумбир.

Се пржи на тивко лажица сусам со чешне лук и се додава една мала тиквичка насечкана на тенки ленти. Оваа смеса се вади од тавата и додека тавата е топла, во неа се става 500гр свеж добро исчистен спанаќ.
Кога ќе омекне, и тој се трга од оган.
Во блендер се става омекнатиот спанаќ, малку маслиново, сол, куркума и се ставаат омекнатите месечинчиња лук. Се ренда малку ѓумбир по вкус и се блендира да биде како пире.

Во тавата се става 200мл хопла (јас ставив со најмала масленост), пирето од спанаќ и тиквичките што се пржеа со сусамот. Се истураат фусили (350гр) ал денте сварени и се меша добро да се соедини.
Кој сака - си става пармезан или пекорино.
Време за подготовка: околу 25 минути.
C72DfnjW4AAMdQ8.jpg
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
13.664
Поени од реакции
10.437
Фусили со азиски сос од спанаќ, тиквичка, сусам и ѓумбир.

Се пржи на тивко лажица сусам со чешне лук и се додава една мала тиквичка насечкана на тенки ленти. Оваа смеса се вади од тавата и додека тавата е топла, во неа се става 500гр свеж добро исчистен спанаќ.
Кога ќе омекне, и тој се трга од оган.
Во блендер се става омекнатиот спанаќ, малку маслиново, сол, куркума и се ставаат омекнатите месечинчиња лук. Се ренда малку ѓумбир по вкус и се блендира да биде како пире.

Во тавата се става 200мл хопла (јас ставив со најмала масленост), пирето од спанаќ и тиквичките што се пржеа со сусамот. Се истураат фусили (350гр) ал денте сварени и се меша добро да се соедини.
Кој сака - си става пармезан или пекорино.
Време за подготовка: околу 25 минути.
Прегледај го приврзокот 167466
ФАН - ТАС - ТИ - ЧНО !!!

Нејшто највкусно што сум пробал годинава (y) Оценка 9,8 од 10 !!!
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.900
Поени од реакции
3.262
kolach.jpg


Банана леб


две стемнети заборавени банани
1 јајце
100 гр бело брашно
1 лажичка пециво
5 лажици кафеав шеќер
прстофат сол
лажичка цимет
рендана кора од еден портокал
50 гр стопен путер
по желба може чоколадо за готвење насечкано, јас немав, па ставив чоколадни топчиња.

Прво се прави сувата смеса - се меша брашното со пецивото, шеќерот, солта, циметот.
Настрана, се гмечат двете банани, се додава претходно изматеното јајце, путерот стопен, и добро се меша.
Ова се додава во сувата смеса и се промешува, да стане растресито. Се додава рендана кора од портокал и чоколадото по желба.
Во калап за печење (мојот е обично лимче, 30 см долг), се става хартија за печење и се истура смесата, убаво распоредена.
Се пече 30 минути на 180. После тоа, исклучете рерна и нека си стои уште 20 минути на топло.
Одличен е за рециклирање банани, лесен и брз.
Место чоколада, може да ставите какао или мелени ореви.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
17.622
Поени од реакции
20.890
Како се прави кечап како во пицериите.Пробував но никако да го направам како што треба .. Некако преблаг е..
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.151
Сенфот се прави од семе од бел синап, вода, оцет, сол, шеќер, зачини и конзерванс (мислам дека е Е-202). Има некои разлики помеѓу сенфовите, се зависи тоа од рецептот на производителот, но воглавно ова е тој состав за сенф. Има поделба на сенфот и на слаб/благ и јак сенф, разликата е во тоа дали семето од синап е со лушпа или не е, но тоа е друга поопширна тема:)
Ако е Е-202,тоа значи дека е штетно?
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.898
Поени од реакции
36.496
Ако е Е-202,тоа значи дека е штетно?
Тоа е калиум сорбат и многу се има зборено дали е штетен за човековото здравје или не. Него го има скоро во секој купечки производ, но е најприфатен како конзерванс низ целиот свет, затоа што во тие одредени дози/концентрации што се става во храната не е штетен во човековото здравје. Нормално големи дози од него се штетни за човекот (читај 5 гр/кг), но конзерванс како конзерванс, самата знаеш колку е здрав.
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
574
Поени од реакции
1.184
Некој да каже или сподели рецеп за печурки. Често ги јадам, најчесто шампињонине но здосадено ми е бидејки ги спремам на еден исти начин. Прво пропржувам кромид 10 минути, па потоа ги додавам сецкани па кога ке се пропржат додавам вода или сос за кување од томато(тинекс,рамстор го има) и кувам некое време. Ако имате некој интересен рецепт слободно споделете. :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
24.932
Поени од реакции
40.106
Некој да каже или сподели рецеп за печурки. Често ги јадам, најчесто шампињонине но здосадено ми е бидејки ги спремам на еден исти начин. Прво пропржувам кромид 10 минути, па потоа ги додавам сецкани па кога ке се пропржат додавам вода или сос за кување од томато(тинекс,рамстор го има) и кувам некое време. Ако имате некој интересен рецепт слободно споделете. :)
http://gotvi.mk/?s=печурки
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.028
Поени од реакции
16.929
Одамна немам бапнато некоја торта. :ROFLMAO:
Ја правев за на татко ми роденденот. :D Измислував, шлапав, турли тава напраив. :ROFLMAO:

Пандишпан 1 и 3:
Се миксираат 2 јајца со 450 гр шеќер. Се додава 300 мл млеко со 120 мл масло и 300 мл овошен јогурт од јагода. На страна се меша 210 гр брашно со 100 гр какао, 1 пециво и 2/3 лажичка сол. Се соединуваат смесите, се дели на два дела и се печат посебно.

Пандишпан 2 и 4:
Цврсто се матат 5 белки со постепено додавање на 6 лажици шеќер. Се додаваат една по една и 5те жолчки. На страна се меша 100 гр рендано чоколадо, 1 лажица брашно, 1 пециво и 1 опаковка пудинг од јагода. Се соединуваат смесите, се делат на два дела и се печат одделно.

Прв фил:
Од 900 мл млеко се двои малку, во него да се растворат 3 пудинга од ванила со 9 лажици шеќер. Кога ќе зоврие останатото млеко, се додава пудингот, се меша додека да згусне. Се остава на страна да се излади. На страна се меша 200 мл слатка павлака и се соединува со миксер, да се олади во фрижидер, па се додава 100 гр сецкано чоколадо.

Втор фил:
300 гр блендирани (или сецкани) замрзнати јагоди со 4 полни лажици шеќер на оган се меша, да зоврие некоја минута, па се додава прашокот од 2 пудинга од јагоди со 6 лажици шеќер претходно разматен во 400 мл млеко. Да се згусне, па да се олади.

Се реди прв пандишпан, втор фил, втор пандишпан, прв фил, трет пандишпан, втор фил, четврти пандишпан, прв фил.

П.С. многу поедноставно е да се печат наеднаш прв и трет пандишпан, па втор и четврти, ама пошто ја сум тро неспособна после да го преполовам на пола пандишпанот, ризично ми е да не ми се раскрши, па овака посебно 4 пати печев. :icon_mrgr: Плус порамномерно излегува смесата. :D

IMG_20180401_213326_preview.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom