Секакви рецепти

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Канелони со брокула, печурки и топено сирење

Потребно:
250гр канелони (едно пакување)
500 гр брокула
300 гр печурки
1 стракче млад лук
1 стракче млад кромид
1 томатело
масло, бибер, сол, оригано

за прелив
100 мл. неутрална хопла
4 триаголници топено сирење
100 мл. млеко
мускатно оревче

Подготовка:

Младиот лук и младиот кромид ситно сечкани се пржат на тивко. Печурките се сечкаат на коцки и се додаваат во мешавината. Брокулата на страна се вари кратко (само да омекнат цветчињата) и се цеди, сечка на ситно и се додава во печурките. Посолувате, биберувате, ориганувате и оставате да се крчка за да пушти сок/вода и го додавате томателото. Се’ треба да се вари на тивко (јас на тројка правам се’). Откако ќе стивне сево ова, оставете го да се лади. Оладено, треба да е густо, но не и прегусто. Со лажичка ги полните канелоните и ги редите во четвртаста тепсија.
Доколку ви остане од течноста, само полијте ги канелоните. Ставете ги да се печат на 200 степени 20 минути.
За преливот, хоплата истурете ја во тенџерче и матете ја на тивок оган, со малку сол и мускатно оревче. Додадете ги триаголниците топено сирење и млекото и мешајте со маталка. Извадете ги канелоните (треба веќе да имаат фатена коричка) и истурете го преливот. Оставете да се допече уште 10тина минути и исклучете ја рерната.
Нека се оладат наредниот половина час и потоа имате вкусно и едноставно јадење.
CfHLTARXEAAvPVe.jpg
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Зелен пазар е преполн со млади тиквички и се многу ефтини.
Денес на пазар еден ми „ утрапи “ 5 парчиња за 20 денари. ( јас сакав да купам една ...)
Еве како ги подготвив
Две тиквички излупив и исеков на коцки со страна 2 см
Ги ставив во тенџере на оган, во кое налеав само еден сантиметар вода. Во водата додадов сол, зејтин и три лажици вински оцет
Кога тивичките омекна ( за 20 минути ) ги исцедив, ставив во чинија надробив врз нив сецкан магонос
и сервирав со пржени колбаси
Не беше лошо
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Оваа си ја правев за Именденот пред некое време. Претходно и после тоа правев уште доста, ама секогаш си измислувам некоја моја рецепта и после ја заборавам, не памтам како сум ја направила. :facepalm: Посебно сакам непечни, кремасти торти и такви најчесто правам. Што реално и не ти треба рецепт, не можеш да утнеш. Само за оваа го запишав рецептот...

Фил од портокал: Во сад се матат 3 јајца со 300 гр шеќер, се додава 300 мл сок од портокал заедно со кора од 1 1/2 портокал. Се додава 60 гр брашно и 60 гр нишесте. 450 мл млеко да зоврие, се додава претходната смеса на тивок оган, да се згусне како пудинг. Се додава уште 150 мл изматена слатка павлака и се меша се' заедно.

Чоколаден фил: Смесата за чизкејк (ја има од Др. Еткер околу 130 денари) се мати со 500 мл млеко, се додава изматена 350 мл слатка павлака, се додава растопено 500 гр чоколадо. 2 жолчки се матат на оган со 4 лажици шеќер, се миксира, па се додава во претходната смеса. Плус додадов половина шишенце чоколаден прелив и мало ќесиче капучино со вкус на чоколадо (во план ми беше да ги ставам и 2те белки изматени што останаа, ама излезе ептен висока, па ништо).

Прво се реди смесата за подлога (што ја има во тоа од Др. Еткер) претходно промешана со малку стопен маргарин, од прилика млеко и едно опаковче какао бисквити. И уште пола од чоколадниот прелив...
Така што прво прво иде подлогата, пола од чоколадниот фил, филот со портокал, па пак чоколадниот фил.

IMG_0041a.jpg
 
Член од
28 јуни 2016
Мислења
3
Поени од реакции
6
Дечки, доколку сте зависници од чоколадо како мене тогаш морате да го направите рецептов. Ова е убедливо најдобриот рецепт за чоколадно брауни, мислам дека имам пробано околу 10ина други рецепти ама на овој му нема споредба :ljubove::ljubove::ljubove:
Инаку рецептот си го гледам од овде https://moemeni.mk/?cs_recepti=chokoladno-brauni

brauni.jpg
 

Attachments

Член од
28 јули 2016
Мислења
57
Поени од реакции
76
Проја со спанаќ и сирење 2016-08-22 14.52.05.png

  1. 1.Спанаќот сварете го и ситно исечкајте го. Во пластичен сад изматете ги јајцата и додадете го маслото и јогуртот.
  2. 2.Во друг сад, брашното измешајте го со пченкарното брашно, прашокот за печиво и солта. Во смесата додадете ги изматените јајца и се мешајте се додека сè убаво не се соедини. Откако ќе се соедини, се додава сирењето (ситно издробено) и спанаќот и полека се промешува со виљушка.
  3. 3.Смесата се пече во калапи за проја или тава на која претходно сте ставиле хартија за печење (или сте премачкале со маргарин). По желба посипете со сусам и печете на 200 степени додека не зарумени, околу 25 минути.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Поприлично често на инстаграм манијачам слики со јадења и барам некои идеи. Сакам да направам јадења, барем слични на тие што сум ги видела. Така ја најдов и оваа торта и си реков тебе ќе те направам ја, каква-таква. :ROFLMAO:
Искомбинирав нешто. Искористив пандишпан којшто веќе го имам направено во друга рецепта, изменив некои состојки. Филот така што ми текна и еве што излезе. :D Барем приближно е слична, не е баш распоредена како таму...

Пандишпан (три излегуваат од него и сите посебно се печат).
360 мл млеко
177 мл масло
3 јајца
3 лажички ванила
675 гр шеќер
315 гр брашно
113 гр какао
3 лажици несквик во прав
2 лажички полни сода бикарбона
2 лажички полни пециво
2 лажички сол
360 мл турско кафе

Се миксираат јајцата со шеќерот и ванилата. Се додава млекото и маслото. Па брашното, какаото, несквикот, содата, пецивото и солта. Пополека се додава топлото кафе и се продолжува со мешање. Се дели на 3 дела и се става во тавче број 38. Се печат 20-30 мин на 180 степени.

Фил
2 јајца
6 лажици шеќер
180 гр кисела павлака
4 лажици шеќер
200 мл слатка павлака
кора од 1 лимон
сок од 1 лимон
жолта боја

Се матат белките со прстофат сол. На пареа се варат жолчките со шеќерот. Се матат и се додаваат во белките. На страна се меша киселата павлака со шеќерот, па се додава. Па слатката павлака претходно разматена. И на крај кората од лимон, сокот и бојата.

Ганаш
200 гр чоколадо
200 мл слатка павлака
1 лажица рум

На оган се мешаат состојките, додека се соединат.
И тоа е тоа. :D

 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Ај па уште една инстаграм инспирација. :P
Еве ја сликата:
Го искористив пандишпанот од таа горе тортата. :P

Пандишан:
120 мл млеко
60 мл масло
1 јајце
1 лажичка ванила
275 гр шеќер
45 гр брашно
85 гр какао
1 лажица несквик
1 лажичка сода
1 лажичка пециво
1/2 лажичка сол
120 мл турско кафе

Се миксираат јајцата со шеќерот и ванилата. Се додава млекото и маслото. Па брашното, какаото, несквикот, содата, пецивото и солта. Пополека се додава топлото кафе и се продолжува со мешање. Се става во тавче број 38. Се пече 20-30 мин на 180 степени.

Ганаш:
150 гр чоколадо
200 мл слатка павлака
1 лажица несквик

Чоколадото на коцки, се става во загреаната слатка павлака и несквикот и се меша на страна дур да се соедини.

Орео чизкејк:
500 гр маскарпоне
133 гр шеќер
2 јајца
83 гр кисела павлака
83 мл слатка павлака
20 орео колачи
1 филџан млеко

Се миксира маскарпонето со шеќерот. Се додаваат белките разметени. Се мешаат жолчките на пареа со 2 лажици шеќер. Се матат со миксер, па се додаваат. Се миксира на страна слатката павлака, и' се додава киселата. Се соединува се' заедно. Се нанесува врз ганашот, со потопени орео колачи во млеко.

Ишлери мус:
1 желатин
120 мл кисела павлака
2 лажици млеко
240 мл слатка павлака
100 гр шеќер
1 лажичка ванила екстракт
2 опаковки ишлери

Желатинот се потопува во млекото. Се мати слатката павлака, се додава киселата со шеќерот. Се топи желатинот, па се додава во павлаките со ванилата. Па мелените ишлери.

Ганаш:
150 гр чоколадо
100 мл слатка павлака
1 лажица несквик

Чоколадото на коцки, се става во загреаната слатка павлака и несквикот и се меша на страна дур да се соедини.

Изволте. :D
Првите две слики се со мобилен на брзинка. :noze:

WP_20160916_10_26_57_Pro.jpg
WP_20160916_15_10_40_Pro.jpg
photocat.jpg
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Пак јас со тортиве. :noze:

Оваа демек опера требаше да излезе, ама јас си ја сменив. Драма искочи. :ROFLMAO:

Прв и трет пандишпан: (заедно со подготвуваат, се печат одделно)

100 гр. мелени бадеми
25 гр. мелени чоколадирани бисквити
125 гр. шеќер + 20 гр.
30 гр. брашно
4 јајца
25 гр. путер
2 пецива

Белките се матат со шеќерот. Посебно се матат жолчките, им се додава растопениот млак путер и се меша со лажица. Во посебен сад се мешаат бадемите, бисквитите, шеќерот, брашното, пецивата. Им се додаваат на жолчките, а тие постепено се додаваат на белките. Смесата се дели на два дела и се пече по 15 минути на 150 степени (јас печев на 150, бидејќи во мала рерна што брзо се загрева, за да не ми потемни одма).

Втор и четврт пандишан: (заедно со подготвуваат, се печат одделно)

100 гр. мелени бадеми
25 гр. мелени чоколадирани бисквити
125 гр. шеќер + 20 гр.
40 гр. какао
2 лажици брашно
4 јајца
25 гр. путер
2 пецива

Истата постапка е, како кај претходните пандишпани, какаото нормално се додава во „сувите“ состојки.

Крем од путер и кафе

150 гр. шеќер
2 јајца
250 гр. путер
1 мала опаковка нес кафе
2 лажици вода
240 мл. бурбон ванила (има мали шишенца во стокомак)

Шеќерот на пареа со жолчките. Се додава на матените белки. Па полека путерот исецкан на коцки, се мати истовремено. Додадете го нес кафето растворено во водата, па бурбон ванилата.

Чоколаден фил

200 гр. чоколадо
200 мл. слатка павлака
1 опаковка нес кафе

Слатката павлака да зоврие, се трга од оган, се додава чоколадото и прашокот од нес кафето. Се меша додека да се соедини.

Прелив од кафе

150 гр. шеќер
200 мл. вода
1 лажица нес кафе

Сварете го кафето и оставете да се олади.

Прелив од чоколадо

100 гр. чоколадо
малку путер

Се прелива целата торта.

Се реди светла кора, прелив од кафе, крем од путер и кафе, темна кора, прелив од кафе, чоколаден фил, светла кора, прелив од кафе, крем од путер и кафе, темна кора, прелив од кафе, чоколаден фил, прелив од чоколадо.

И окапев 5 саати у кујна. Изволте. :D

 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Салата од кус кус и модар патлиџан. Немам слика, го крадев по вкус рецептот од салата од ресторан :)

Потребно е:
200 гр кус кус
1 поголем модар домат
1 црвен кромид
таан,
маслиново масло
балсамико
свеж магдонос
коцки козјо сирење по желба.

Кус кусот го полевате со две чаши топла вода и го оставате да ја впие целата барем 10 минути.

Модриот домат исечете го на тенки листови и ставете го 5 минути во солена млака вода, за малку да излезе горчината од него. Потоа исцедете го на салфета.

Во тава, на маслиново масло се пржат листовите модар домат, додека да фатат убава коричка. Црвениот кромид се сече на кругови и тие исто така се пржат.

Во друг сад, измешајте лажица таан, балсамико, сол, свеж магдонос и по желба нане. Додајте маслиново масло и промешајте добро, за смесата да стане како густ прелив.

Откако ќе се оладат кус кусот и зеленчуците, се’ промешајте добро и полијте со сосот од таан. На крај ставете неколку коцкички козјо сирење по желба, мене ми се допадна таа комбинација.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Ми треба рецепт за термитсу...нели што може дома да се направи :D
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ми треба рецепт за термитсу...нели што може дома да се направи :D
Веројатно мислиш на тирамису. Ако мислиш на тирамису овој е рецептот...........:D

250гр. пишкоти
4 јајца
12 лажици шеќер
500гр. маскарпоне
1 лажичка ванила
2 лажици кафе
8 лажици вода
350мл. млеко
пола до цела мала лажичка рум
какао

Прво ќе го направиш прелив за потопување на пишкотите, поточно ќе го ставиш кафето во еден сад, ќе зовриеш вода и со истата ќе го попариш кафето и ќе мешаш. Потоа ќе го додадеш млекото и ќе мешаш и за некоја минута ќе го додадеш и румот и ќе продолжиш со мешање. Кога ќе се соедини течноста време е да го направиш кремот.

За кремот прво ќе ги скршиш јајцата и ќе ги одделиш жолчикте од белките и истите ќе ги ставиш во различни садови. Белките ќе ги матиш со миксер додека да добиеш еден вид шлаг/пена, а потоа во истиот сад ќе додадеш 6 лажици шеќер и повторно ќе ја матиш содржината со миксер додека не се растопи шеќерот. Во садот со жолчките додади ги останатите 6 лажици шеќер и ванилата и мати со миксер додека да се растопи шеќерот. Потоа додади го маскарпонето во садот и продолжи со матење додека да се соедини смесата. Од кога ќе го направиш тоа, смесата со белките додади ја во садот со смесата со жолчките и повторно мешај со миксер додека не се добие една хомогена смеса.

Потоа еден чист сад напрскај го со малку вода (читај да има ситни капки вода, а не вирчиња во него:D) и нанеси од кремот. Потоа еден дел од пишкотите провлечи го низ преливот и нареди го врз кремот. Повторно мачкаш со крем, го провлекуваш останатиот дел од пишкотите низ преливот, го редиш и повторно премачкуваш со кремот кој ти останал. Одозгора наросуваш какао и ваквиот сад оди во фрижидер скоро цел ден и колачот е спремен за сервирање, послужување и јадење:D
 
Член од
6 декември 2014
Мислења
97
Поени од реакции
6
сакам да знам од шо се прави сенфот
не гледам друга тема оваква
 

Kajgana Shop

На врв Bottom