Светско првенство(мажи)-Хрватска, Данска, Норвешка 2025 [14 јануари - 2 Февруари]

Кој ќе биде новиот светски шампион?

  • Данска

    Гласови: 31 44,3%
  • Франција

    Гласови: 17 24,3%
  • Шведска

    Гласови: 0 0,0%
  • Норвешка

    Гласови: 3 4,3%
  • Хрватска

    Гласови: 6 8,6%
  • Шпанија

    Гласови: 3 4,3%
  • Германија

    Гласови: 4 5,7%
  • Некој друг

    Гласови: 6 8,6%

  • Вкупно гласачи
    70
Член од
19 август 2010
Мислења
4.091
Поени од реакции
10.109
Kolku mi e kejf Hrvative što gi rastrtija šugavive francuzi, nema bolje. Od prva do posledna minuta, Francija ne spušti ispod tri razlika. Taktički gi utepaa, iako u Francija proba da vrati so promena na odbrana, ama Hrvatite polesno odgovaraa na toa. Kuzmanovič da ti e milina da go imaš na gol, ama i Hrvatska igra odbrana baš so srce. E taka se igra odbrana, taka se diše eden za drug. Da bideme realni Hrvatska isto taka go iskoristi momentumot so domašen teren, ednostavno dadoa se od sebe, im uspea do Ungarija na ću desen način, a so Francija beše druga priča. Sekoja čest, se nadevam deka nekogaš ke uspeeme i nie kako reprezentacija da doživeeme barem eden del od ova.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.426
Поени од реакции
7.114
Дувњак е ракометна лгенда и се тоа, ама мене повеќе ми е мерак за Кузмановиќ што се во финале и имаат загарантирано сребро. Дечкото е убедливо најдобар играч на Хрватска на првенствово. Брани страшно цело првенство и е најзаслужен што е Хрватска во финале. Франција со онакви голмани, доста им е и ова. Не памтам да имале полоши голмани од овие во последниве 20 години. Данска е секако фаворит за да иде у финале и очекувано е да ги плеснат и Португалците бар 6-7 разлика, а после и Хрватите у финале исто или и више, ама чуда се секад можни. Така да, ако Данска е другиот финалист, Хрватите ќе влезат тотално релаксирани, без притисок. Е сеа дали тоа ќе им биде предност или не, ќе видиме. Денес изиграа страшна одбрана. Ги угасија и Ремили и Мем (во поголемиот дел од натпреварот), па и до Фабрегас не стигаа топки, само одбиени од голман или стативи собираше.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.309
Поени од реакции
13.221
Утакмицава ја реши голот на Карачич, бидејќи он играше за Вардар и има искуство против Французи на решавачки утакмици, пошто нели Вардар го тепаше ПСЖ у лига на шамиони, и со тоа стана европски шампион.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.862
Поени од реакции
7.517
Какво шамариште им залепи Дагур Сигурдсон на сите кењатори тренери од Хрватска што ништо сериозно не постигнале во својата тренерската кариера и цела година водат хајка против селекторот со тврдења дека е грешен избор и дека Хрватска нема потреба од странец на клупата бидејќи си имале тие доволно квалитетни домашни тренери.
После еден ваков успех сите негови хејтери можат само да ги набијат главите во земја како ноеви и во иднина да бегаат подалеку од ракомет.

Секоја чест за денешната претстава на Хрватска, за голем дел играчите ова денес беше најдобар натпревар во нивната кариера.
Одамна не сум видел некоја екипа да почне натпревар со толку голема мотивација и да одигра едно такво фуриозно прво полувреме и тоа во полуфинале на Светско првенство.
Да ти е мерак да гледаш како некои нови ликови во завршница на големо натпреварување како Срна, Мараш, Мартиновиќ, Јелиниќ го бришат паркетот со ѕвездите на Франција.

Дефинитивно ова е еден од најдобрите натпревари во историјата на хрватскиот репрезентативен ракомет и лекција за сите останати како се игра со гордост за својата држава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom