Крилата природно се во полуфластер позиција, поќе од то тешко
Па ако ја развлечат играта на едната страна не би рекла. Друго, улогата на крилата е да бидат брзи и да трчаат напред, а не последни да се враќаат назад.
Играта кај нас стандард ја водат Лазаров, Стоилов и во последно време Пешевски. Овие младиве, реално ништо не покажаа. Значи, зборам за Кузмановски и Талевски кои веќе имаат искуство на вакви натпреварувања. Впрочем заедно почнаа со Пешевски, а Пешевски е доста океј. Веќе требаше да бидат предводници на своите помлади колеги. Каков е тој бек што до 28 минута нема ниту еден постигнат погодок?
Лазаров е веќе стар, не може секогаш да се чека се на него. А и сам треба да биде свесен дека не треба да се форсира толку многу, треба да му даде простор на младите.
И ужасно ме нервира кога коментаторот говори дека се штедат силите за следните натпреварувања. Па, станува збор за професионални спортисти побогу. Секој натпревар треба да се сфаќа сериозно, а не да се потценува противникот. Тоа отсекогаш ни било најголем проблем. Предвреме се предаваме.