Светско првенство во фудбал, 2010 година, Јужна Африка

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.262
Поени од реакции
2.256
Светско првенство 2010, Јужна Африка, 11 Јуни – 11 Јули

Најголемиот спектакл од светот на фудбалот ќе се одржи годинива од 11 Јуни до 11 Јули по 19ти пат. Овој пат светскиот куп зазема место во Јужна Африка, во 9 градови(10 стадиони).


Ова е првпат домаќин на Светскиот куп да биде Африканска земја. Сега остана само Океанија како единствен регион кој не бил домажин на ова престижно фудбалско случување.

Пласирани екипи:

Како домаќин Јужна Африка автоматски се квалификува на првенството. И покрај ова тимот на Јужна Африка играше во квалификациите бидејќи пласираните од CAF(Confederation of African Football) истовремено се пласираат и на Африканскиот куп на нации. Еве ги останатите квалификувани екипи по конфедерации:

AFC(Asian Football Confederation)

Австралија
Јапонија
Република Кореја
Демократска Република Кореја

Concacaf(Confederation of North, Central American and Caribbean Association Football)

Хондурас
Мексико
САД

UEFA(The Union of European Football Associations)

Данска
Англија
Франција
Германија
Грција
Италија
Холандија
Португалија
Србија
Словачка
Словенија
Шпанија
Швајцарија

CAF(The Confederation of African Football)

Алжир
Камерун
Брегот на Слоновата Коска
Гана
Нигериа
Јужна Африка

CONMEBOL(The South American Football Confederation)

Аргентина
Бразил
Чиле
Парагвај
Уругвај

OFC( the Oceania Football Confederation)

Нов Зеланд
Вкупно пласирани екипи: 32.

Ова е прво Светско првенство на кое нема дебитантски репрезентации.

Маскота:

Официјална маскота за Светското првенство 2010 се вика Закуми(роден 16 Јуни 1994 – 15 години), леопард со зелена коса. Името му доаѓа од слоговите ЗА што е интернационална кратенка за Јужна Африка и зборот `куми` што означува број 10 во неколку афрички јазици.

Датото на неговиот роденден се совпаѓа со празникот познат нашироко во Африка како Ден на младоста, а годината на негово раѓање е годината во која се одржаа првите нерасистички избори во Јужна Африка.
Официјалното мото на Закуми е: ``Zakumi's game is Fair Play!``

Официјална топка:

Топката со која ќе се играат натпреварите од овогодинешниот Светски куп се вика `Јабулани` и е изработена од страна на Адидас. Нејзиното име буквално значи - ``Носи радост на сите`` (``bringing joy to everyone``).

На неа се забележуваат 11 бои – по една за секој играч на теренот.
Топката веќе подлегна на критика. Виктор Валдез, голманот на Барселона и на шпанската репрезентација, изјави:``Се плашам од оваа топка, многу е непредвидлива``.

Групи:

Група А:

Натпреварите во А групата на Светското првенство во фудбал ќе се одржат од 11 јуни до 22 јуни. Учесници во оваа група се домакинот Јужна Африка, Мексико, Уругвај и Франција.

На последната Ранг листа на ФИФА, Франција се наоѓа на 7 место, Мексико на 15 место, Уругвај на 19 место и Јужна Африка на 81 место.



Распоред на натпреварите од група А:
11 Јуни 2010, 16.00 – Јужна Африка – Мексико
11 Јуни 2010, 20.00 – Уругвај – Франција
16 Јуни 2010, 20.30 – Јужна Африка – Уругвај
17 Јуни 2010, 20.30 – Франција – Мексико
22 Јуни 2010, 16.00 – Мексико – Уругвај
22 Јуни 2010, 16.00 – Франција – Јужна Африка

Група Б:

Натпреварите во Група Б на Светското првенство во фудбал ќе се одржат од 11 јуни до 22 јуни. Учесници во оваа група се: Аргентина, Нигерија, Јужна Кореја и Грција.

На последната Ранг листа на ФИФА, Аргентина се наоѓа на 9 место, Грција на 10 место, Нигерија на 21 место и Јужна Кореја на 53 место.



Распоред на натпреварите од група Б:
12 Јуни 2010, 13.30 – Јужна Кореја – Грција
12 Јуни 2010, 16.00 – Аргентина – Нигерија
17 Јуни 2010, 13.30 – Аргентина – Јужна Кореја
17 Јуни 2010, 16.00 – Грција – Нигерија
22 Јуни 2010, 20.30 – Грција – Аргентина
22 Јуни 2010, 20.30 – Нигерија – Јужна Кореја

Група Ц:

Натпреварите во Ц групата на Светското првенство во фудбал ќе се одржат од 12 јуни до 23 јуни. Учесници во оваа група се домакинот Англија, САД, Алжир и Словенија.

На последната Ранг листа на ФИФА, Англија се наоѓа на 8 место, САД на 18 место, Алжир на 32 место и Словенија на 27 место.



Распоред на натпреварите од група Ц:
12 Јуни 2010, 20.30 – Англија – САД
13 Јуни 2010, 13.30 – Алжир – Словенија
18 Јуни 2010, 16.00 – Словенија – САД
18 Јуни 2010, 20.30 – Англија – Алжир
23 Јуни 2010, 16.00 – Словенија – Англија
23 Јуни 2010, 16.00 – САД – Алжир

Група Д:

Натпреварите во Д групата на Светското првенство во фудбал ќе се одржат од 13 јуни до 23 јуни. Учесници во оваа група се домакинот Германија, Австралија, Србија и Гана.

На последната Ранг листа на ФИФА, Германија се наоѓа на 5 место, Австралија на 23 место, Србија на 13 место и Гана на 28 место.



Распоред на натпреварите од група Д:
13 Јуни 2010, 16.00 – Србија – Гана
13 Јуни 2010, 20.30 – Германија – Австралија
18 Јуни 2010, 13.30 – Германија – Србија
19 Јуни 2010, 16.00 – Гана Австралија
23 Јуни 2010, 20.30 – Гана – Германија
23 Јуни 2010, 20.30 – Австралија – Србија

Група Е:

Натпреварите во E групата на Светското првенство во фудбал ќе се одржат од 14 јуни до 24 јуни. Учесници во оваа група се Холандија, Данска, Јапонија и Камерун.

На последната Ранг листа на ФИФА, Холандија се наоѓа на 3 место, Данска на 33 место, Јапонија на 46 место и Камерун на 20 место.



Распоред на натпреварите во група Е:

14 Јуни 2010, 13.30 – Холандија – Данска
14 Јуни 2010, 16.00 – Јапонија – Камерун
19 Јуни 2010, 13.30 – Холандија – Јапонија
19 Јуни 2010, 20.30 – Камерун – Данска
24 Јуни 2010, 20.30 – Данска – Јапонија
24 Јуни 2010, 20.30 – Камерун – Холандија

Група Ф:

Натпреварите во Ф групата на Светското првенство во фудбал ќе се одржат од 14 јуни до 24 јуни. Учесници во оваа група се актуелниот светски шампион Италија, Парагвај, Нов Зеланд и Словачка.

На последната Ранг листа на ФИФА, Италија се наоѓа на 4 место, Парагвај на 29 место, Нов Зеланд на 80 место и Словачка на 31 место.



Распоред на натпреварите од група Ф:
14 Јуни 2010, 20.30 – Италија – Парагвај
15 Јуни 2010, 13.30 – Нов Зеланд – Словачка
20 Јуни 2010, 13.30 – Словачка – Парагвај
20 Јуни 2010, 16.00 – Италија – Нов Зеланд
24 Јуни 2010, 16.00 – Словачка – Италија
24 Јуни 2010, 16.00 – Парагвај – Нов Зеланд

Група Г;

Натпреварите во Г групата на Светското првенство во фудбал ќе се одржат од 15 јуни до 25 јуни. Учесници во оваа група се Бразил, Северна Кореја, Брегот на Слоновата Коска и Португалија.

На последната Ранг листа на ФИФА, Бразил се наоѓа на 4 место, Северна Кореја на 102 место, Брегот на Слоновата Коска на 22 место и Португалија на 6 место.



Распоред на натпреварите од група Г:
15 Јуни 2010, 16.00 – Брегот на слоновата коска – Португалија
15 Јуни 2010, 20.30 – Бразил – Северна Кореја
20 Јуни 2010, 20.30 – Бразил – Брегот на слоновата коска
21 Јуни 2010, 13.30 – Португалија – Северна Кореја
25 Јуни 2010, 16.00 – Португалија – Бразил
25 Јуни 2010, 16.00 – Северна Кореја – Брегот на слоновата коска

Група Х:

Натпреварите во Х групата на Светското првенство во фудбал ќе се одржат од 14 јуни до 24 јуни. Учесници во оваа група се Шпанија, Швајцарија, Хондурас и Чиле.

На последната Ранг листа на ФИФА, Шпанија се наоѓа на 1 место, Швајцарија на 15 место, Хондурас на 35 место и Чиле на 14 место.



Распоред на натпреварите од група Х:
16 Јуни 2010, 13.30 – Хондурас – Чиле
16 Јуни 2010, 16.00 – Шпанија – Швајцарија
21 Јуни 2010, 16.00 – Чиле – Швајцарија
21 Јуни 2010, 20.30 – Шпанија – Хондурас
25 Јуни 2010, 20.30 – Чиле – Шпанија
25 Јуни 2010, 20.30 – Швајцарија - Хондурас

Остануваат уште неполни 3 месеци да видиме која репрезентација оваа година ќе покаже најголем, најхрабар дух и ќе го подигне пехарот. Дали тоа ќе биде бранителот на титулата Италија, екипата која го загуби минатото финале - Франција, екипата со која Марадона мака мачи со составот, секогаш силниот Бразил, европскиот [ампион - Шпанија или пак ќе се случи изненадување на некоја од `послабите` екипи. SHOW MUST GO ON!!!!

 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Виктор Валдез, голманот на Барселона и на шпанската репрезентација, изјави:``Се плашам од оваа топка, многу е непредвидлива``.


Како он да е многу битен фактор.:tv:

Он:Навивам за Аргентина,други посимпатични ми се Бразил и Шпанија.
Се надевам Аргентина ќе покаже нешто,ама со оној на клупа тешко.


Едит:Нема ваљда да се обрукаат Словенците на СП:tv:
 
?

..........

Гостин
Одсекогаш па и сега, јас сум за Бразил, се надевам дека ке победат и повторно ќе освојат светска титула.....
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Ќе има посебен подфорум деновиве за Светското, стрпете се. :)
Дотогаш дискусиите нека одат на темава, кога ќе се отвори подфорумот се префрламе таму.
 

Ивица ЈМК

Forza Juve Per Sempre!!!!
Член од
28 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
270
3 репрезентации ќе с еистакнат јас мислам,а тоа се Бразил,Аргентина и Шпанија.Битката ќе се води меѓу нив за трофејот.:smir:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.905
Поени од реакции
16.159
Европска репрезентација ќе го освои шампионатот, а која ќе биди ќе видиме за 2 месеца, поточно на 11 Јули....Бразил, Аргентина не ми се верува да направат нешто на овој шампионат, не дека немаат екипа, ама мислам дека тие нема да бидат шампиони.

Англија, Франција, Германија или Шпанија главни фаворити за титула :smir:
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.262
Поени од реакции
2.256
Во уводот не можев да бидам пристрасен, па така ќе го сторам тоа сега!

Навивам за Аргентина на првенството, само не дај боже да играат како во квалификациите. А навистина и јас да сум на место на Марадона не би можел да се одлучам кого да поведам со себе. Почнувајќи од нападот:

Милито, Игуаин, Меси, Лопес, Тевез, Агуеро - сите во врвна форма. Па средниот ред - Макси Родригез, Камбиасо, Гаго, Аимар, Верон, Маскерано.

Искрено не сакам да сум во кожата на Марадона!
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
По мене главни фаворити се Шпанците.Имаат најкомплетен тим на сите позиции,Касиљас (бар за мене најдобар голман во моментов),одлична одбрана предводена од Пујол,Рамос,Пике итн. Ненормално силен среден ред со Чави,Иниеста,Фабрегас,Силва итн. Се надевам само дека ќе го гледам и Торес у нападот покрај Виља. Премногу силен состав имаат,кој е и добро уигран со одличен тренер. :)
Свршавам кога ги гледам како играат. :tv:
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Јас сум за Франција ама мислам дека немаат тренер пред се за да освојат. Главни фаворити мислам дека се Шпанија, Германија, Бразил и Аргентина поради најдобриот напад, ама со Марадона тешко ќе биде.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ќе има посебен подфорум деновиве за Светското, стрпете се. :)
Дотогаш дискусиите нека одат на темава, кога ќе се отвори подфорумот се префрламе таму.
Фала богу :)
Пишав 3 пати во редакција мило ми е што се организиравте :)
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Се надевам на Аргентина.

Ако веќе тие отпаднат тогаш Шпанците!
 

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Се надевам дека ке се препородат Французите и ке изиграт добро на првенството.=)
После нив сум за Словенија и Шпанија.
 
Н

'Никола'

Гостин
Опа почна и за Светско да се коментира. Супер. Јас од кога знам за мене навивам за Германија, па така ќе биде и овој пат. Се надевам минимум на полуфинале, за понатаму ќе видиме.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.031
Поени од реакции
2.047
Не навивам за никој посебно, а мислам дека главни фаворити се Шпанија и Бразил.

Официјалната песна за Светското - интересен текст, интересна музика, доста добра песничка се на се. :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Не ја заборавајте Аргентина. Можеби Марадона не е човек што може да освои светско како тренер ама има состав од кој боли глава.
Такада убеден сум дека ќе играат најмалку четвртфинале. Шпанија и Англија се гладни за трофеј.
Најголемо разочарување според мене ќе биде Италија очекувам да испадне уште во групи.
Исто Србија ќе оди далеку има одличен состав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom