Светската банка ги стави Хрватска, Македонија и Бугарија на листата на реформаторите

Член од
17 март 2007
Мислења
702
Поени од реакции
26
Економските реформи спроведени во периодот помеѓу април 2006 и јуни 2007 година ј овозможија на Источна Европа и поранешниот Советски Сојуз да ја надмине Источна Азија во поглед на леснотијата на водење бизнис, вели Светската банка во својот нов извештај, објавен во средата (26-ти септември). Некои земји во регионот надминаа многу западноевропски економии во оваа област, се додава во извештајот.


Три балкански земји -- Хрватска, Македонија и Бугарија -- беа споменати помеѓу десетте главни реформатори во светот, во петтиот извештај на Банката -- Водење бизнис. Групата, предводена од Египет, ги вклучува и Гана, Грузија, Колумбија, Саудиска Арабија, Кенија и Кина, кои сочинуваат скоро една петтина од сите 200 пробизнис реформи воведени во 98 од вкупно 178 испитани земји во периодот 2006-2007 година.


„Резултатите покажуваат дека како што владите ги намалуваат ограничувањата за водење бизнис, повеќе претприемачи започнуваат бизнис“, вели Симеон Ѓанков, главен автор на извештајот. „Источна Европа доживеа бум во влезот на новите бизниси, кој му конкурира на брзиот раст на Источна Европа во минатото.“
Хрватска е помеѓу десетте главни остварувачи веќе втора година по ред, благодарение на напорите за подборување на условите за отпочнување и затворање бизнис, регистрирање на имот и добивање кредит -- четири од 10 области што се опфатени во извештајот.
„Пред две години регистрирањето имот во Хрватска траеше 956 дена. Сега трае 174“, вели Банката.


Сé уште далеку зад Сингапур -- најповолната земја во светот за водење бизнис -- Хрватска сега се наоѓа на 97-мото место, од 124-тото минатата година.


Македонија, која спроведе реформи за забрзување на отворањето претпријатие, олеснување на процесот на издавање дозвола и намалување или поедноставување на таксите, се придвижи за 17 места погоре на глобалната скала и стигна на 75-тото место на овогодинешната ранг-листа.


Бугарија -- 10-та на листата на главните реформатори -- се проби како водач помеѓу земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ) во поглед на олеснувањата за водење бизнис, и сега е на 46-тото место. Реформите во областите на работите поврзани со дозволите, плаќањето и спроведувањето на договорите, ј овозможија на земјата да се придвижи за девет места нагоре.


Од другите земји од ЈИЕ, Романија, Турција и Грција, исто така, се искачија нагоре, додека Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Црна Гора и Србија паднаа долу на листата.


Романија е на 48-мото место, Турција на 57-мото и Грција на 100-тото. Од трите, Турција постигна најголем напредок, придвижувајќи се 34 места нагоре.


Бугарија и Романија, кои пристапија во ЕУ во јануари, се пред четири други постари членки на Унијата -- Италија, Словенија, Чешка и Грција.


Реформите се чини дека се забавени во Србија, која сега се рангираше на 86-тото место од 178 земји во светот, намалување од нејзината 68-ма позиција минатата година. Во извештајот на Банката за 2005 година Србија и Црна Гора беше на врвот од листата земји кои сториле највеќе за подобрување на климата за бизнисите.


Албанија се рангираше најниско од земјите во ЈИЕ. Таа е сега на 136-тото место, 16 позиции подолу од местото што ј беше доделено минатата година. Црна Гора е 81-ва, а БиХ е 95-та.


Покрај Сингапур, другите 24 земји што се сметаат за најдобри за водење бизнис се: Нов Зеланд, Соединетите Држави, Хонг Конг (Кина), Данска, Велика Британија, Канада, Ирска, Австралија, Исланд, Норвешка, Јапонија, Финска, Шведска, Тајланд, Швајцарија, Естонија, Грузија, Белгија, Германија, Холандија, Латвија, Саудиска Арабија, Малезија и Австрија.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
 

Kajgana Shop

На врв Bottom