Свеста и вниманието

Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Оваа е втората тема, дел од серијалот теми за психологијата и филозофијата што ќе ги објавувам периодов.
Најдолу се прашањата кои можете директно да ги прочитате ако сакате да го скокнете делов.

Свеста и вниманието се составни елементи на човековиот ум и се дел од когнитивниот систем.
Едно време, психолозите верувале дека вниманието и свеста биле истиот феномен. Сега е познато дека еден дел од процесирањето на сензорните и запомнетите информации е несвесно (пишувањето на своето име, на пример, бара помало свесно внимание, додека пак пишувањето на непознато име бара поголемо свесно внимание).

Свеста го сочинува чувството на свесност, содржината за која некој е свесен и свесното внимание кое ги поврзува содржината и чувството.
Тоа ги прави свеста и вниманието две множества со заеднички елемент (свесното внимание).

Има две позиции за степенот до кој сме свесни за своите мисли. Едната позиција е дека сме комплетно свесни за своите когнитивни процеси, а другата е дека не сме сосема и не знаеме како сме дошле до некој заклучок, но потоа создаваме наратив за тоа. Илузијата на интроспекција укажува на тоа дека можеби се самозалажуваме за нашите мисловни процеси и нивното потекло.
Психолошките истражувања покажуваат дека голем дел од информациите ги процесираме несвесно, односно на „предсвесно ниво".
Овие информации се достапни до свеста ако сакаме (пример, кога возиме велосипед мислејќи на нешто друго, но ако сакаме, може да размислиме како и зошто ја правиме несвесната акција).
Значаен феномен поврзан со предсвесното процесирање информации е ефектот на „priming". На некој му е презентиран прв стимул (prime), а потоа одминува определено време. Потоа следува вториот стимул. Првиот стимул повикува определени мемории кои се полесно достапни и влијаат на тоа како некој ќе го доживее вториот стимул без негово свесно сознание. На пример, ако некој му зборува некому за богати луѓе кои се возат во камиони, потоа ако некој спомне камион, шансите се поголеми личноста да помисли на богати луѓе. Ако некој решава алгебарски проблеми кои се решаваат со иста формула, соочен со нов алгебарски проблем кој не се решава со таа формула, има поголема шанса да ја искористи истата формула за решавање на проблемот. Овој ефект се случува и кога „priming" стимулот е добиен без свесно сознание. Ако некој слуша една иста песна во позадина без да е свесен, а потоа реши да одбере една песна по случаен избор, постојат поголеми шанси да ја одбере таа што ја слушал.
Друг пример за предсвесно процесирање е феноменот „на врв на јазик". Неможноста да се сетиме на збор за кој имаме некоја генерална претстава (може да ја помниме првата буква, бројот на слогови во зборот и апроксимативно неговата структура) укажува на тоа дека на несвесно ниво процесираме некои информации и некои од истите, во некоја мера, ни се свесно достапни. Ова е универзален феномен, но почесто застапен кај билингвалните луѓе, постари луѓе и луѓе со намалена/без способност за читање.
Многу луѓе со парцијално слепило несвесно ги дополнуваат информациите кои им недостасуваат за да створат слика за тоа што го гледаат.

Мисловните процеси може да бидат автоматски и контролирани. Автоматските процеси најчесто се несвесни (иако можеме да им обрнеме внимание) и/или не бараат големо внимание. Неколку автоматски процеси може да се одвиваат истовремено (пример, истовремено танцување и пеење), па се нарекуваат паралелни процеси. Контролираните процеси се свесни и се одвиваат сериски бидејќи бараат поголем интелектуален напор (пресметки и др.).
Луѓето со дислексија имаат проблем со автоматизирање на читањето и другите процеси. Струповиот ефект е поврзан со проблем при автоматизирањето на процесите. Се јавува кога треба да ги читаме боите на зборови кои означуваат друга боја од таа со која се обоени и е многу добар за проучување на автоматизирањето на контролираните мисли кое е многу значајно како дел од начините на кои учиме нови работи.

Контролираните процеси кои доведуваат до несоодветен исход се нарекуваат грешки и вклучуваат намера. (Не си учел бидејќи не си мислел дека треба да учиш за испит). Пропусти се јавуваат кај автоматизираните процеси (slips). (Си сакал да учиш за испит знаејќи дека треба, но си ја заборавил книгата). Пропустите генерално се случуваат кога некој отстапува од рутина поради интерференца од надворешни или внатрешни стимули (мисли и емоции). Најдобра заштита од пропусти е минимизацијата на последиците, односно поставување околински пречки кои ќе не спречат да направиме пропуст (аларм да не ја заборавиме книгата за учење).

Еден од сегментите на свеста е и свесното внимание. Луѓето подобро помнат информации на кои им обрнуваат внимание.
Свесното внимание има три функции во својата каузална улога за когницијата:
1. Ги поврзува нашите мемории со сегашните сензации за да ни даде чувство на континуитет во искуството, нешто што честопати го зацврстува нашиот идентитет.
2. Помага при монитотирање на нашата интеракција со околината зголемувајќи ја нашата свесност за тоа колку добро се адаптираме.
3. Ни помага при контролирање и планирање на идните постапки.

Вниманието е во константна интеракција со перцепцијата и меморијата. Луѓето преку вниманието се свесни за работите надвор (ги перцепираат) и за своите мемории. Според некои модели, вниманието има три функции. Пребарување, детектирање сигнал и будност. Вниманието може да биде селективно и разделено.

Детектирањето сигнали подразбира наоѓање на релевантни стимули наспроти дистрактивните стимули. При тој процес, постојат четири можни исходи: погодоци (вистински позитиви), лажни аларми (лажни позитиви), промашувања (лажни негативи) и точни одбивања (вистински негативи).

Будноста вклучува активно внимание во ситуации кога треба да се детектира стимул кој е редок, но важен за детектирање. Будноста е важна во секојдневниот живот (возење автомобил, детектирање сигнали на радар и др.). Таа има еволутивно значење бидејќи нашите предци морале да детектираат предатори. Емоционалните стимули ја зголемуваат будноста. Според невронаучните истражувања, амигдалата игра улога во регулацијата на будноста, а и хипокампусот. Овие центри се и задолжени за процесирање на стравот и општо емоциите, со што, постои оправданост зошто би биле значајни и при одржување на будноста.

Активното пребарување на определена работа (сигнал) наидува на повеќе дистрактивни стимули од будноста. Присуството на сигнали наспроти дистрактивни стимули се испитува во различни тестови. Што послични се дистракторните стимули на метата која се пребарува, таа потешко се наоѓа. Забележливите единки (featural singletons) се работи кои отскокнуваат и лесно се приметуваат и покрај дистракторните стимули (пример, забележливи луѓе во хомогена група). Пребарувањата се базираат на забележување сличности и разлики помеѓу релевантните стимули и дистракторните. Старите луѓе потешко пребаруваат од младите, нешто што корелира со нивната помала мозочна маса.

Селективното внимание е поврзано со сосредоточување на работи кои ни се релевантни. Предрасудите на потврдување, на пример, укажуваат на склоноста почесто да забележуваме работи кои се складни со нашите верувања.
Ефектот на коктел забава е интересен за проучување на селективното внимание. И покрај сите дистракторни стимули, нашето внимание може да биде одвлечено кога ќе си го чуеме името, дури и кога е насочено кон друга работа (кога некој ќе го спомне нашето име на коктел забава). Овој ефект и неговата поврзаност со вниманието се тестира со дихотична презентација (на испитаниците им се презентира различна информација во секое уво посебно), а тие треба да се сосредоточат само на информацијата која влегува во едното од двете уши (shadowing). Во овие случаи, луѓето забележуваат промени во гласот, бојата и други звучни карактеристики на звучните сигнали кои ги игнорираат (од другото уво), но не и семантички промени на речениците (промени во значењето). Физичките особини на гласот (гласност, боја, динамика) се важни за забележување од аспект на еволуционата психологија. Овој ефект е посилен кај луѓе со ограничена работна меморија.
Теориите за филтрирање сигнали тврдат дека пропуштаме релевантни семантички информации (името на коктел забавата). На пример, кога некој слуша една порака на едното уво, а игнорира друга, на другото, ако наеднаш првата што ја слуша активно се префрли на второто уво, ќе ги забележи првите зборови, што значи дека цело време ги процесира и пораките што ги филтрира на другото, но им дава мала фреквенција (не ги детектира свесно). Според овие модели, постојат преатентивни процеси, (филтрирање звуци, зборови, визуелни стимули и др.) кои на крај стигнуваат до работната меморија. Таа ги врши атентивните процеси и работи со свесното поимање на стимулите. Но ова се случува во континуитет и нема јасна поделба помеѓу атентивните и неатентивните процеси.

Вниманието исто така може да се подели на повеќе релевантни стимули. Има два типа на теории за поделено внимание. Едната вели дека вниманието е целосен ресурс што го делиме. Другата вели дека има различни видови на внимание (модалитети - вербални, визуелни и др.). Втората има подобра објаснувачка моќ. Додека можеме да вршиме една вербална и една визуелна активност (да гледме филм и да зборуваме), ние не можеме да вршиме две вербални активности (да читаме нешто додека зборуваме за нешто друго). Вниманието најверојатно не е истовремено насочено кон исти работи, туку брзо се менува од една на друга работа. Поделувањето на вниманието се проучува и за разбирање зошто се случуваат сообраќајни несреќи и др.

Различни фактори влијаат на вниманието, од кои, најзначајни се: анксиозноста, возбуденоста, умореноста, дејството на психотропни супстанции, комплексноста на задачата, нови задачи за кои немаме претходно знаење и вештина
(повешти луѓе/луѓе со повеќе знаење за некоја работа, трошат помалку внимание кога ја вршат).

Во невронауката, вниманието се дели на три категории:

Подготвеност (alerting).
Додека сме подготвени, фронталниот и париеталниот кортекс ни се најактивни. Важна функција за ова внимание има норепинефринот. При дисфункција на овие региони, можна е појава на синдром на дефицит на вниманието и хиперактивност (хиперкинетичко растројство).

Ориентирање (визуелно пребарување)
За ова внимание најзначаен е невротрансмитерот ацетилхолин. Дефектите во ова внимание се асоцирани со аутизам.

Егзекутивно внимание
Ова се процеси на мониторирање и решавање конфликти што произлегуваат од внатрешните процеси (мисли, чувства и однесување). Регионите од мозокот задолжени за ова внимание се латералниот вентрален кортекс, префронталниот кортекс и базалната ганглија. Главен невротрансмитер асоциран со ова внимание е допаминот. Дисфункцијата на ова внимание е асоцирана со шизофренија, гранично растројство и Алцхајмерова болест.

Вниманието игра улога и во интелигенцијата. Брзината и прецизноста во процесирањето информации се значајни фактори за интелигенцијата.

Време на инспекција

При испитување на времето на инспекција, истражувачите на испитаниците им покажуваат линии со различна должина за краток временски интервал, а потоа ги тргнуваат. Испитаниците треба да кажат која е подолга. Потоа, временскиот интервал во кој линиите се видливи се намалува. Повисоката интелигенција корелира со можноста да се определи разликата во должината на линиите покажани во кратките временски интервали. Колку е пократок временскиот интервал за кој испитаниците се прецизни во своите проценки, толку се поинтелигентни, во просек.
Времето на реакција е времето потребно за избирање на точен одговор од неколку одбрани решенија и корелира со интелигенцијата. Се смета дека брзите реакции се поврзани со брзината на невроналната комуникација која е поврзана со интелигенцијата (брзина на когнитивно процесирање).
Интересно, брзината на рефлексот на коленото корелира со интелигенцијата.

Некои патологии и растројства доведуваат до проблеми со вниманието. Некои од позначајните патологии се
лезиите на фронталниот, париеталнот кортекс и базалната ганглија.

Едно од најзначајните и најиспитуваните растројства поврзани со дефицит на вниманието е синдромот на дефицит на вниманието и хиперактивност (хиперкинетичко растројство). Факторите кои доведуваат до ова растројство се многубројни, а многу сѐ уште не се познати. Се смета дека станува збор за интеракција од генетски и пренатални фактори, иако и други околински фактори може да имаат удел. Трите примарни симптоми на хиперкинетичкото растројство се невнимание, хиперактивност и импулсивност. Има три типа на хиперкинетичко растројство: хиперактивно-импулсивно, неатентивно и комбинација од двете. Се третира со психотерапија во комбинација со фармакотерапија. Најдени се разни невролошки разлики кај луѓето со овој синдром, како и различни регулации на допаминот.

Слепилото за промена (неможност за детектирање промени во околината) и ненамерното слепило (неможност за гледање постоечки објекти) се појави кои исто така се поврзани со вниманието.

Значајни за проучување на вниманието се и ефектот на хабитуација и дисхабитуација.
Хабитуацијата е навикнување на стимул, со што му се обрнува сѐ помалку внимание и честопати се користи за третирање анксиозни растројства. Дисхабитуацијата настанува кога промената на познат стимул предизвикува повторно внимание. И двата процеса се несвесни. Релативната стабилност и познатост на стимулот ги регулираат истите. Хабитуацијата е различна од сензорната адаптација која се одвива во сетилниот орган (пример, навикнување на лош мирис) и е целосно вон свесната контрола. Хабитуацијата е релативно под свесна контрола. Ние можеме да се натераме да забележиме песна на која сме се навикнале и оди во позадина, но не може да се натераме да помирисаме мирис на кој ни се адаптирало сетилото за мирис. Промената (варијацијата) на стимулот ја отежнува хабитуацијата. Потешко ни е да се навикнеме на променливи телевизиски звуци отколку на звук од перки на вентилатор. Психолозите ја опсервираат хабитуацијата мерејќи ја возбуденоста на физиолошко ниво (срцев ритам, крвен притисок, EEG), со што, луѓето се помалку возбудени од стимули на кои се хабитуирани. Хабитуацијата е значајна за адаптирање во околината која е полна со секакви стимули.
Луѓето со хиперкинетичко растројство имаат проблем со хабитуирање на стимули, како и луѓето со тинитус кои не може да се навикнат на зуењето во ушите.

Хабитуацијата доведува до чувството на досада која е феномен поврзан со вниманието. Досадата се јавува кога постои намален интерес за определена тема, темата е тешка за разбирање поради непознавање на истата и др. Во некои ситуации, досадата може да биде контрапродуктивна (при учење, при слушање важен говор и др.). За надминување на негативните ефекти од досадата, со помош на дисхабитуација, се препорачува:

1. Одмарање и/или наизменично менување на активностите. Ако не ги помните последните параграфи од прочитаното четиво, препорачливо е да одморите.
2. Интерактивно читање, со фаќање прибелешки.
3. Вниманието да се подеси на зголемување на варијабилноста на стимулите. Ако некој зборува монотоно, на пример, да се следат други работи (движење на рацете, движења на телото), додека сѐ уште се обрнува внимание на кажаната содржина, да се постави прашање и др.

За крај, сите знаеме дека тоа што ни е битно, ни го задржува вниманието. Нашите морални вредности, верувања, емоции и идентитет одредуваат на што ќе го насочиме нашето внимание, нешто што резултира со различни предрасуди, хевристики и илузии. Многу афективни растројства доведуваат до различни пристрасности во вниманието, но за тоа ќе пишувам во друга тема.

-Дали познавате личност со хиперкинетичко растројство (анг. ADHD) или вие го имате? Како се справува/те со состојбата?

-Што ви го одвлекува вниманието највеќе?

-Дали можете да се сосредоточите подолго на некои работи, а на други не?

-Дали сте добри во „мултитаскање"?

-Колкав мислите дека е уделот на несвесните фактори во нашите мисли, однесување и чувства?
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Оваа е втората тема, дел од серијалот теми за психологијата и филозофијата што ќе ги објавувам периодов.
Најдолу се прашањата кои можете директно да ги прочитате ако сакате да го скокнете делов.

Свеста и вниманието се составни елементи на човековиот ум и се дел од когнитивниот систем.
Едно време, психолозите верувале дека вниманието и свеста биле истиот феномен. Сега е познато дека еден дел од процесирањето на сензорните и запомнетите информации е несвесно (пишувањето на своето име, на пример, бара помало свесно внимание, додека пак пишувањето на непознато име бара поголемо свесно внимание).

Свеста го сочинува чувството на свесност, содржината за која некој е свесен и свесното внимание кое ги поврзува содржината и чувството.
Тоа ги прави свеста и вниманието две множества со заеднички елемент (свесното внимание).

Има две позиции за степенот до кој сме свесни за своите мисли. Едната позиција е дека сме комплетно свесни за своите когнитивни процеси, а другата е дека не сме сосема и не знаеме како сме дошле до некој заклучок, но потоа создаваме наратив за тоа. Илузијата на интроспекција укажува на тоа дека можеби се самозалажуваме за нашите мисловни процеси и нивното потекло.
Психолошките истражувања покажуваат дека голем дел од информациите ги процесираме несвесно, односно на „предсвесно ниво".
Овие информации се достапни до свеста ако сакаме (пример, кога возиме велосипед мислејќи на нешто друго, но ако сакаме, може да размислиме како и зошто ја правиме несвесната акција).
Значаен феномен поврзан со предсвесното процесирање информации е ефектот на „priming". На некој му е презентиран прв стимул (prime), а потоа одминува определено време. Потоа следува вториот стимул. Првиот стимул повикува определени мемории кои се полесно достапни и влијаат на тоа како некој ќе го доживее вториот стимул без негово свесно сознание. На пример, ако некој му зборува некому за богати луѓе кои се возат во камиони, потоа ако некој спомне камион, шансите се поголеми личноста да помисли на богати луѓе. Ако некој решава алгебарски проблеми кои се решаваат со иста формула, соочен со нов алгебарски проблем кој не се решава со таа формула, има поголема шанса да ја искористи истата формула за решавање на проблемот. Овој ефект се случува и кога „priming" стимулот е добиен без свесно сознание. Ако некој слуша една иста песна во позадина без да е свесен, а потоа реши да одбере една песна по случаен избор, постојат поголеми шанси да ја одбере таа што ја слушал.
Друг пример за предсвесно процесирање е феноменот „на врв на јазик". Неможноста да се сетиме на збор за кој имаме некоја генерална претстава (може да ја помниме првата буква, бројот на слогови во зборот и апроксимативно неговата структура) укажува на тоа дека на несвесно ниво процесираме некои информации и некои од истите, во некоја мера, ни се свесно достапни. Ова е универзален феномен, но почесто застапен кај билингвалните луѓе, постари луѓе и луѓе со намалена/без способност за читање.
Многу луѓе со парцијално слепило несвесно ги дополнуваат информациите кои им недостасуваат за да створат слика за тоа што го гледаат.

Мисловните процеси може да бидат автоматски и контролирани. Автоматските процеси најчесто се несвесни (иако можеме да им обрнеме внимание) и/или не бараат големо внимание. Неколку автоматски процеси може да се одвиваат истовремено (пример, истовремено танцување и пеење), па се нарекуваат паралелни процеси. Контролираните процеси се свесни и се одвиваат сериски бидејќи бараат поголем интелектуален напор (пресметки и др.).
Луѓето со дислексија имаат проблем со автоматизирање на читањето и другите процеси. Струповиот ефект е поврзан со проблем при автоматизирањето на процесите. Се јавува кога треба да ги читаме боите на зборови кои означуваат друга боја од таа со која се обоени и е многу добар за проучување на автоматизирањето на контролираните мисли кое е многу значајно како дел од начините на кои учиме нови работи.

Контролираните процеси кои доведуваат до несоодветен исход се нарекуваат грешки и вклучуваат намера. (Не си учел бидејќи не си мислел дека треба да учиш за испит). Пропусти се јавуваат кај автоматизираните процеси (slips). (Си сакал да учиш за испит знаејќи дека треба, но си ја заборавил книгата). Пропустите генерално се случуваат кога некој отстапува од рутина поради интерференца од надворешни или внатрешни стимули (мисли и емоции). Најдобра заштита од пропусти е минимизацијата на последиците, односно поставување околински пречки кои ќе не спречат да направиме пропуст (аларм да не ја заборавиме книгата за учење).

Еден од сегментите на свеста е и свесното внимание. Луѓето подобро помнат информации на кои им обрнуваат внимание.
Свесното внимание има три функции во својата каузална улога за когницијата:
1. Ги поврзува нашите мемории со сегашните сензации за да ни даде чувство на континуитет во искуството, нешто што честопати го зацврстува нашиот идентитет.
2. Помага при монитотирање на нашата интеракција со околината зголемувајќи ја нашата свесност за тоа колку добро се адаптираме.
3. Ни помага при контролирање и планирање на идните постапки.

Вниманието е во константна интеракција со перцепцијата и меморијата. Луѓето преку вниманието се свесни за работите надвор (ги перцепираат) и за своите мемории. Според некои модели, вниманието има три функции. Пребарување, детектирање сигнал и будност. Вниманието може да биде селективно и разделено.

Детектирањето сигнали подразбира наоѓање на релевантни стимули наспроти дистрактивните стимули. При тој процес, постојат четири можни исходи: погодоци (вистински позитиви), лажни аларми (лажни позитиви), промашувања (лажни негативи) и точни одбивања (вистински негативи).

Будноста вклучува активно внимание во ситуации кога треба да се детектира стимул кој е редок, но важен за детектирање. Будноста е важна во секојдневниот живот (возење автомобил, детектирање сигнали на радар и др.). Таа има еволутивно значење бидејќи нашите предци морале да детектираат предатори. Емоционалните стимули го зголемуваат вниманието. Според невронаучните истражувања, амигдалата игра улога во регулацијата на будноста, а и хипокампусот. Овие центри се и задолжени за процесирање на стравот и општо емоциите, со што, постои оправданост зошто би биле значајни и при одржување на будноста.

Активното пребарување на определена работа (сигнал) наидува на повеќе дистрактивни стимули од будноста. Присуството на сигнали наспроти дистрактивни стимули се испитува во различни тестови за будноста се испитува со резолуцијата на екран. Што послични се дистракторните стимули на метата која се пребарува, таа потешко се наоѓа. Забележливите единки (featural singletons) се работи кои отскокнуваат и лесно се приметуваат и покрај дистракторните стимули (пример, забележливи луѓе во хомогена група). Пребарувањата се базираат на забележување сличности и разлики помеѓу релевантните стимули и дистракторните. Старите луѓе потешко пребаруваат од младите, нешто што корелира со нивната помала мозочна маса.

Селективното внимание е поврзано со сосредоточување на работи кои ни се релевантни. Предрасудите на потврдување, на пример, укажуваат на склоноста почесто да забележуваме работи кои се складни со нашите верувања.
Ефектот на коктел забава е интересен за проучување на селективното внимание. И покрај сите дистракторни стимули, нашето внимание може да биде одвлечено кога ќе си го чуеме името, дури и кога е насочено кон друга работа (кога некој ќе го спомне нашето име на коктел забава). Овој ефект и неговата поврзаност со вниманието се тестира со дихотична презентација (на испитаниците им се презентира различна информација во секое уво посебно), а тие треба да се сосредоточат само на информацијата која влегува во едното од двете уши (shadowing). Во овие случаи, луѓето забележуваат промени во гласот, бојата и други звучни карактеристики на звучните сигнали кои ги игнорираат (од другото уво), но не и семантички промени на речениците (промени во значењето). Физичките особини на гласот (гласност, боја, динамика) се важни за забележување од аспект на еволуционата психологија. Овој ефект е посилен кај луѓе со ограничена работна меморија.
Теориите за филтрирање сигнали тврдат дека пропуштаме релевантни семантички информации (името на коктел забавата). На пример, кога некој слуша една порака на едното уво, а игнорира друга, на другото, ако наеднаш првата што ја слуша активно се префрли на второто уво, ќе ги забележи првите зборови, што значи дека цело време ги процесира и пораките што ги филтрира на другото, но им дава мала фреквенција (не ги детектира свесно). Според овие модели, постојат преатентивни процеси, (филтрирање звуци, зборови, визуелни стимули и др.) кои на крај стигнуваат до работната меморија. Таа ги врши атентивните процеси и работи со свесното поимање на стимулите. Но ова се случува во континуитет и нема јасна поделба помеѓу атентивните и неатентивните процеси.

Вниманието исто така може да се подели на повеќе релевантни стимули. Има два типа на теории поделено внимание. Едната вели дека вниманието е целосен ресурс што го делиме. Другата вели дека има различни видови на внимание (модалитети - вербални, визуелни и др.). Втората има подобра објаснувачка моќ. Додека можеме да вршиме една вербална и една визуелна активност (да гледме филм и да зворуваме), ние не можеме да вршиме две вербални активности (да читаме нешто додека зборуваме за нешто друго). Вниманието најверојатно не е истовремено насочено кон исти работи, туку брзо се менува од една на друга работа. Поделувањето на вниманието се проучува и за разбирање зошто се случуваат сообраќајни несреќи и др.

Различни фактори влијаат на вниманието, од кои, најзначајни се: анксиозноста, возбуденоста, умореноста, дејството на психотропни супстанции, комплексноста на задачата, нови задачи за кои нема претходно знаење и вештината
(повешти луѓе/луѓе со повеќе знаење за некоја работа, трошат помалку внимание кога ја вршат).

Во невронауката, вниманието се дели на три категории:

Подготвеност (alerting).
Додека сме подготвени, фронталниот и париеталниот кортекс ни се најактивни. Важна функција за ова внимание има норепинефринот. При дисфункција на овие региони, можна е појава на синдром на дефицит на вниманието и хиперактивност (хиперкинетичко растројство).

Ориентирање (визуелно пребарување)
За ова внимание најзначаен е невротрансмитерот ацетилхолин. Дефектите во ова внимание се асоцирани со аутизам.

Егзекутивно внимание
Ова се процеси на мониторирање и решавање конфликти што произлегуваат од внатрешните процеси (мисли, чувства и однесување). Регионите од мозокот задолжени за ова внимание се латералниот вентрален кортекс, префронталниот кортекс и базалната ганглија. Главен невротрансмитер асоциран со ова внимание е допаминот. Дисфункцијата на ова внимание е асоцирана со шизофренија, гранично растројство и Алцхајмерова болест.

Вниманието игра улога и во интелигенцијата. Брзината и прецизноста во процесирањето информации се значајни фактори за интелигенцијата. Времето на инспекција. При испитување на времето на инспекција, истражувачите на испитаниците им покажуваат линии со различна должина за краток временски интервал, а потоа ги тргнуваат. Испитаниците треба да кажат која е подолга. Потоа, временскиот интервал во кој линиите се видливи се намалува. Повисоката интелигенција корелира со можноста да се определи разликата во должината на линиите покажани во кратките временски интервали. Колку е пократок временскиот интервал за кој испитаниците се прецизни во своите проценки, толку се поинтелигентни, во просек.
Времето на реакција е времето потребно за избирање на точен одговор од неколку одбрани решенија и корелира со интелигенцијата. Се смета дека брзите реакции се поврзани со брзината на невроналната комуникација која е поврзана со интелигенцијата (брзина на когнитивно процесирање).
Интересно, брзината на рефлексот на коленото корелира со интелигенцијата.

Некои патологии и растројства доведуваат до проблеми со вниманието. Некои од позначајните патологии се
лезиите на фронталниот, париеталнот кортекс и базалната ганглија.

Едно од најзначајните и најиспитуваните растројства поврзани со дефицит на вниманието е синдромот на дефицит на вниманието и хиперактивност (хиперкинетичко растројство). Факторите кои доведуваат до ова растројство се многубројни, а многу сѐ уште не се познати. Се смета дека станува збор за интеракција од генетски и пренатални фактори, иако и други околински фактори може да имаат удел. Трите примарни симптоми на хиперкинетичкото растројство се невнимание, хиперактивност и импулсивност. Има три типа на хиперкинетичко растројство: хиперактивно-импулсивно, неатентивно и комбинација од двете. Се третира со психотерапија во комбинација со фармакотерапија. Најдени се разни невролошки разлики кај луѓето со овој синдром, како и различни регулации на допаминот.

Слепилото за промена (неможност за детектирање промени во околината) и ненамерното слепило (неможност за гледање постоечки објекти) се појави кои исто така се поврзани со вниманието.

Значајни за проучување на вниманието се и ефектот на хабитуација и дисхабитуација.
Хабитуацијата е навикнување на стимул, со што му се обрнува сѐ помалку внимание и честопати се користи за третирање анксиозни растројства. Дисхабитуацијата настанува кога промената на познат стимул предизвикува повторно внимание. И двата процеса се несвесни. Релативната стабилност и познатост на стимулот ги регулираат истите. Хабитуацијата е различна од сензорната адаптација која се одвива во сетилниот орган (пример, навикнување на лош мирис) и е целосно вон свесната контрола. Хабитуацијата е релативно под свесна контрола. Ние можеме да се натераме да забележиме песна на која сме се навикнале и оди во позадина, но не може да се натераме да помирисаме мирис на кој ни се адаптирало сетилото за мирис. Промената (варијацијата) на стимулот ја отежнува хабитуацијата. Потешко ни е да се навикнеме на променливи телевизиски звуци отколку на звук од перки на вентилатор. Психолозите ја опсервираат хабитуацијата мерејќи ја возбуденоста на физиолошко ниво (срцев ритам, крвен притисок, EEG), со што, луѓето се помалку возбудени од стимули на кои се хабитуирани. Хабитуацијата е значајна за адаптирање во околината која е полна со секакви стимули.
Луѓето со хиперкинетичко растројство имаат проблем со хабитуирање на стимули, како и луѓето со тинитус кои не може да се навикнат на зуењето во ушите.

Хабитуацијата доведува до чувството на досада која е феномен поврзан со вниманието. Досадата се јавува кога постои намален интерес за определена тема, темата е тешка за разбирање поради непознавање на истата и др. Во некои ситуации, досадата може да биде контрапродуктивна (при учење, при слушање важен говор и др.). За надминување на негативните ефекти од досадата, со помош на дисхабитуација, се препорачува:

1. Одмарање и/или наизменично менување на активностите. Ако не ги помните последните параграфи од прочитаното четиво, препорачливо е да одморите.
2. Интерактивно читање, со фаќање прибелешки.
3. Вниманието да се подеси на зголемување на варијабилноста на стимулите. Ако некој зборува монотоно, на пример, да се следат други работи (движење на рацете, движења на телото), додека сѐ уште се обрнува внимание на кажаната содржина, да се постави прашање и др.

За крај, сите знаеме дека тоа што ни е битно, ни го задржува вниманието. Нашите морални вредности, верувања, емоции и идентитет одредуваат на што ќе го насочиме нашето внимание, нешто што резултира со различни предрасуди, хевристики и илузии. Многу афективни растројства доведуваат до различни пристрасности во вниманието, но за тоа ќе пишувам во друга тема.

-Дали познавате личност со хиперкинетичко растројство (анг. ADHD) или вие го имате? Како се справува/те со состојбата?

-Што ви го одвлекува вниманието највеќе?

-Дали можете да се сосредоточите подолго на некои работи, а на други не?

-Дали сте добри во „мултитаскање"?

-Колкав мислите дека е уделот на несвесните фактори во нашите мисли, однесување и чувства?
@BenDover е прилично елоквентен и конзистентен за оваа тематика и прилично речит да се произнесе на темава.
Го очекувам неговиот придонес, се разбира доколку му дозволува времето.
 
Член од
4 октомври 2019
Мислења
441
Поени од реакции
722
I jas sum veke edna godina tesko vo psihologijata, interesni temi ima ovde I slucai… jas rabotam so vizuelizacii, meditacii afirmacii, vnatresen glas,, isto taka fokusot e interesna tema isto I jas licno rabotam na distrakcii posto sum poveke nesvesna licnost.. da ne navleguvam vo psiholoski poimi jas pisuvam licno za nasiot sekojdeneven zivot bi ti odgovoril licno ovie prasanja… jas sum poveke nesvesna licnost I rabotam na toa da bidam vo 'present moment', najmn mi izvlekuva vnimanie mobilniot I nesto povrzano so kocckanje po sto imam mnogu kockano vo minattoto I so toa se boram...sakam da rabotam edna rabota vo edno vreme, inaku odlicen sum so multi tasking brz fleksibilen no izbegnuvam poslendata godina po sto ne nosi kvalitet..I inaku sum elergicen na negativni raboti posto polesno mi vlijaat I se bavam samo so pozitiva,, kako ne gledanje vesti horror filmovi ogovaranja sekakov vid na negativa… najmn od fokusot mi vlijaat roditelite, partnerot mobilniot, kockata I sum prilicno nesvesen...
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
У контекс на тему као прво најбитно е да се има чисту сфест за да се бди сс листо фнимание.
Кд е човек сс чиста сфест и фнимание тугај појента на тој што оќе да га искаже ја каже у једну просто проширену реченицу и туј је сфе крислатно чисто и јасно. А јас појента ка искажаја иначе јоште у прву реценицу.
Али видиш. Елокфентне људе кои са перзистентне вф њихова конзсистеност немогају баш кратко и јасно да се изразују, па су принудене да писују по два метра реферате. Ама да се разберемо. Не л'k посао да си елокфентан.
Толко. Риспект.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Легендарниот говор :)
За да се разберат некои процеси.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
@Bafra ме потсети кога веќе го ставив видеото од погоре...да ја објасниме колку толку техниката :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom