Сатанизам

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Па така е и со другит религии бе, по улици не шетаат имами, попови или фратри со пушки и пиштоли и покрстуваат или исламизираат на сила. Сатанизмот како таков (тврди дека тој е вистинскиот правец и е религија) не е ништо различен од христијанството или исламот или јудаизмот. Си има свој водач, основач си има свои книги, идеологија и цел. И Лејви не вели Ние не сме вистинскиот пат, другите го имаат вистинскиот одговор иодете таму пронагдете го баталете ме мене..... и тој запнал да докаже дека неговото видување е она вистинското. И христијанството не те опиња со сила да дојдеш во нивните редови не шетаат по куќи и киднапираат луѓе и носат по манастири.

Значи а заклучиме, сатанизмот е религија (религиите се перење на мозоци) и кај сатанистите има поделба на оние прави, вистински и оние кои се на погрешниот сатански пат значи има и правоверни сатанисти и сатанистти еретици. То се заклучивме од твоите зборови.
Очигледната разлика која неможеш или несакаш да ја воочиш е во тврдењето дека ЕДИНСТВЕНО нивниот пат е вистински! Поповите и оџите не идат со пушки да те присилат да бидеш нивен верник, ама во нивната религија стои дека доколку не го следиш нивниот пат ќе бидеш казнет после смртта, т.е. на "судниот ден"! Каде виде вакво нешто ти во Сатанизмот на Лавеј? Таму јасно стои дека Сатанизмот е вистинскиот пат САМО ЗА ТИЕ ШТО СЕ ПРЕПОЗНАЛЕ ВО НЕГО, а не за сите! Како заклучи ти дека "тој запнал да докаже дека неговото видување е она вистинското"?
И повторно тврдиш дека имало вистински и погрешен сатански пат! Ова намерно ги извртуваш работите или само ти е алиби, несакаш да си ја проголташ гордоста и да признаеш дека си погрешил? Колку пати ти кажав дека е вистински за оние кој се препознале во тој правец! А НЕ ЗА СИТЕ!

--- надополнето ---

Еве едно сликовито објаснување како религиите "не наметнуваат" да веруваш во нивната религија -
Нема пушки и пиштоли нели?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ipsissimus напиша:
Многу точно! сосема се согласувам, посебно за делот дека сите религии се средство за перење на мозокот!
Сакам да кажам дека Сатанизмот на Lavey е легален и признаен како религија, дали е "правиот" или не секој си има свој гледишта на животот да одлучи!
Велиш СИТЕ РЕЛИГИИ (а има тука доста и живи и мртви религии од анимизам, тотемизам, шинтоизам, шаманство, будизам хиндузам христијанство јудаизам ислам и брроооојнии подвидови секти правци и насоки. СИТЕ РЕЛИГИИ СЕ ПЕРЕЊЕ НА МОЗОК, САТАНИЗМОТ НА ЛАВЕЈ Е РЕЛИГИЈА.
То се твои зборови. Неизменети непреправани недопишувани. Онака како ти самиот си ги осмислил и напишал. Нема кој друг да кривиш за тоа.

Цитатот кој си го навел се однесуваше на трите монотеистички религии, Јудеизмот, Христијанството и Исламот! Бидејќи сите три тврдат дека единствено нивниот пат е исправен и дека сите останати ќе биле ставени на вечни маки!
Поимот Сатанизам се употребува и злоупотребува од секого, секаде и секогаш! И тој герилецот од либерија што трчал гол, и масакрирал луѓе изјавил дека сатаната по мобилен му наредил да прави тоа! Што не го прави сатанист! Проблемот е што многу псевдосатанисти се декларираат како сатанисти, единствено за да се здобијат со имиџот на "лоши момчиња"
Префрлаш дека трите монотеистички религии се темелат на тврдење дека само преку нив преку нивните идеи и учење а можен спас и одбегнување на казна а после префрлаш дека другите сатанисти не се вистински сатанисти и се на погрешен пат!!
Велиш дека има прав и погрешен пат и во сатанизмот???
Кој е вистинскиот сатанизам? кој е најисправниот и најправилниот?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Велиш СИТЕ РЕЛИГИИ (а има тука доста и живи и мртви религии од анимизам, тотемизам, шинтоизам, шаманство, будизам хиндузам христијанство јудаизам ислам и брроооојнии подвидови секти правци и насоки. СИТЕ РЕЛИГИИ СЕ ПЕРЕЊЕ НА МОЗОК, САТАНИЗМОТ НА ЛАВЕЈ Е РЕЛИГИЈА.
То се твои зборови. Неизменети непреправани недопишувани. Онака како ти самиот си ги осмислил и напишал. Нема кој друг да кривиш за тоа.

Префрлаш дека трите монотеистички религии се темелат на тврдење дека само преку нив преку нивните идеи и учење а можен спас и одбегнување на казна а после префрлаш дека другите сатанисти не се вистински сатанисти и се на погрешен пат!!
Велиш дека има прав и погрешен пат и во сатанизмот???
Кој е вистинскиот сатанизам? кој е најисправниот и најправилниот?
Аууу човече!! па ти си феномен! и тоа невиден! Абре каков тотемизам, каков шаманизам!? Што неразбираш кога ти кажувам дека со ова -
Многу точно! сосема се согласувам, посебно за делот дека сите религии се средство за перење на мозокот!
мислев на трите монотеистички религии! Ова беше коментар каде дечкото кажуваше дека на основа на тоа што го прочитал кај религиите дошол до одредени сознанија, на што јас се согласив! Колку пати ти кажав до сега дека мислев на трите монотеистички религии? Каков тотемизам и каков шаманизам ми споменуваш? Што не е во ред со тебе?
Кога сум изјавил вакво нешто? -
префрлаш дека другите сатанисти не се вистински сатанисти и се на погрешен пат!!
ајде посочи ми! баш сакам да видам! Убаво ти кажав дека за оној што го одбрал и се пронашол во таа идеологија ЗА НЕГО е вистинскиот пат! Стварно не ми е јасно како некој неможе да свати толку проста работа!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ipsissimus напиша:
Многу точно! сосема се согласувам, посебно за делот дека сите религии се средство за перење на мозокот!
Провери денес колу РЕЛИГИИ се се уште активни а и колку имало и порано. Можеби ти знаеш дека се само 3. Можеби не си научил дека во светот денес имаш и други религии со стотици милиони верници.

Поимот Сатанизам се употребува и злоупотребува од секого, секаде и секогаш! И тој герилецот од либерија што трчал гол, и масакрирал луѓе изјавил дека сатаната по мобилен му наредил да прави тоа! Што не го прави сатанист! Проблемот е што многу псевдосатанисти се декларираат како сатанисти, единствено за да се здобијат со имиџот на "лоши момчиња"
Значи ти овде даваш атести кој е вистински а кој невистински сатанист. Ти знаеш да препознаеш вистиински сатанист!?
По чему? по кои критериуми?? на тввојот сатанизам??
Има некој патентирано сатанизам па има авторски права на него?? Или секој кој не практикува сатанизм каков ти практикуваш не е сатанист

(брее али заличи ова на односи католици - протестанти - православни - англикани....) и тие си имаат псевдо христијани или христијани кои то не се .... оти прават несо со не е по христијански мерила од нивна гледна точка.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Добро бе другар ти прородно си вака? Или можеби вежбаш нешто? Што ме интересира мене колку религии имало, и колку религии има! Ти кажав на што сум мислел!

Не е мој Сатанизам! истите работи ги кажувам, ова како со ѕид да правам муабет!еве ќе ти пастирам ист одговор "по чему и по кој критериуми" -
По тоа што нема идеологија, нема филозофија! Различните видови Сатанизам кој ги посочив, имаат одредена Идеологија, се делат на теистички и атеистички! Тој герилец од либерија сликата за сатаната ја зел од религиите како христијанството претпоставувам! Затоа реков дека тоа не го прави сатанист! Затоа што многу луѓе тој назив единствено го користат за да се здобијат со имиџ на лоши момци!
Дали ако некој лудак почне да киднапира луѓе и да ги распнува на крст, при тоа изјавувајќи дека е христијанин и дека Исус по мобилен му наредил да го прави тоа, ќе го сватите сериозно дека е христијанин? Затоа реков дека за да може нешто да спаѓа во идеологија, филозофија или религија треба да има начела, принципи, правила...
Јас кажувам дека Сатанизмот кој јас го почитувам е вистинскиот за мене! А другите си имаат свој ум и своја слободна воља да одлучат што е вистинското за нив!
Ако и после ова продолжиш да ги поставуваш истите прашања, можам само да ти кажам барај си стручна помош!
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Satanizmot na lavey e ateizam po prasanjeto na raj pekol vecen zivot bog i slicno, ona sto e kazano vo Satanic Bible e velke kazano porano od Holbah, Volter, Foerbah, Sopenhauer, Nice, Stirner...imeno tamo decidno se veli deka nema ni pekol ni raj ni vecen zivot ni bog deka nikoj ne se grizi deka celiot univerzum e ramnodusen i ne se bavi so nas, deka znaejki go toa jasno treba da se stavis vo centarot bidejki sekoj za sebe e centar na svetot i najbitna stvar za sebe, ritualite se samo nacin da se soberat lugeto i nemaat nekoja vaznost osven kako vid na socijalizacija sto ne mora da se praktikuvaat. Sustinata e deka sekoj covek e egoist, i deka taka treba i sekoj da bide ona sto e i da se trudi sto moze podobro da go izzivee zivotot bidejki nema nekoja Visa sila koja se grizi za nas, toa e barem jasno, sekojdnevnite nesreki kazuvaat deka nikoj ne gleda koj koja vera e dali e dobar ili los site ginat bez vrska od banalni nesreki, nepravedno umiraat bebinja a zlostornici diveat vo svojot voluntarizam, ottamu i po primer na takviot svet i takvite luge i covekot treba da bide takov adekvaten, za da opstane. Lavey veli ako te udri nekoj i ti udri go, no nikoj ne go vrti drugiot obraz duri ni hristijanite. Drugo hristijanskite pravila vredat i vazat ako i samo ako site gi praktikuvaat, ako ne, togas nemaat smisla, treba da ostavis da te utepaat no toa nikoj ne go pravi.La vey imal zivotno iskustvo i svatil kakov e svetot bezmilosen i sebicen i zatoa sogleduvajki ja hristijanskata hipokrizija napisal (parafraziram) Gledajki gi hristijanite vo nedela na misite i istite tie vo striptiz barovite svativ deka hristijanstvoto e licemerno i dvolicno...I zatoa rekol e ako ovie se hristijani togas nie sme satanisti.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Добро бе другар ти прородно си вака? Или можеби вежбаш нешто? Што ме интересира мене колку религии имало, и колку религии има! Ти кажав на што сум мислел!

Не е мој Сатанизам! истите работи ги кажувам, ова како со ѕид да правам муабет!еве ќе ти пастирам ист одговор "по чему и по кој критериуми" -

Ако и после ова продолжиш да ги поставуваш истите прашања, можам само да ти кажам барај си стручна помош!
Jас сум трпелив али и упорен. Ко ќе видам шарлатан има да го истерам од таа дупка шарлатанска....

Сега полека,
ТИ велиш дека тој од либерија не бил сатанист а и дека имало многу кои велат дека се сатанисти али у ствари не се дека биле псевдо или од имиџ.
ПО КОЈ КРИТЕРИУМ ТИ ОДРЕДУВАШ КОЈ Е САТАНИСТ А КОЈ НЕ Е.
значи штом си способен да кажед дали некој е или не е сатанист сигурно си поминал некоја обука.. курс... тренинг... си научил да препознавш кој е вистински а кој не е .

Ти убаво ни кажа дека СИТЕ РЕЛИГИИ се перење на мозок и ни ДОКАЖА ТИ дека сатанизмот на Лејви е религија.
Добро се слагам и прифаќам. Нек биде по твое. Таа тема ја затвараме и сефга расчистуваме прашање “Како ти познаваш и знаеш кој а кој не е сатанист“
Значи иди чоек и ти вели ДОБАР ДЕН ЈА СУ САТАНИСТА... а ти го меркаш и велиш Е НЕ СИ.... (ова како пример) шо треба и мора да исполни чоек за да биди по твои сфаќана Сатанист?
 
Поголема тврдоглавост немам сретнато! Пак по твое да биде! "СИТЕ РЕЛИГИИ" кој е овде шарлатанот? Кој се бламира? 100 пати ти кажав на што сум мислел! Мисли што сакаш што да ти кажам друго!
шо треба и мора да исполни чоек за да биди по твои сфаќана Сатанист?
Не по мои сваќања! Еве ќе ми рече дека е Сатанист! Ќе го прашам дали е теистички или атеистички Сатанист, ќе го прашам на кој правец припаѓа, дали почитува одредени правила - начела, дали тие правила се присатни во одредена литература....!
Јасно ли ти е сега?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Satanizmot na lavey e ateizam po prasanjeto na raj pekol vecen zivot bog i slicno, ona sto e kazano vo Satanic Bible e velke kazano porano od Holbah, Volter, Foerbah, Sopenhauer, Nice, Stirner...imeno tamo decidno se veli deka nema ni pekol ni raj ni vecen zivot ni bog deka nikoj ne se grizi deka celiot univerzum e ramnodusen i ne se bavi so nas, deka znaejki go toa jasno treba da se stavis vo centarot bidejki sekoj za sebe e centar na svetot i najbitna stvar za sebe, ritualite se samo nacin da se soberat lugeto i nemaat nekoja vaznost osven kako vid na socijalizacija sto ne mora da se praktikuvaat. Sustinata e deka sekoj covek e egoist, i deka taka treba i sekoj da bide ona sto e i da se trudi sto moze podobro da go izzivee zivotot bidejki nema nekoja Visa sila koja se grizi za nas, toa e barem jasno, sekojdnevnite nesreki kazuvaat deka nikoj ne gleda koj koja vera e dali e dobar ili los site ginat bez vrska od banalni nesreki, nepravedno umiraat bebinja a zlostornici diveat vo svojot voluntarizam, ottamu i po primer na takviot svet i takvite luge i covekot treba da bide takov adekvaten, za da opstane. Lavey veli ako te udri nekoj i ti udri go, no nikoj ne go vrti drugiot obraz duri ni hristijanite. Drugo hristijanskite pravila vredat i vazat ako i samo ako site gi praktikuvaat, ako ne, togas nemaat smisla, treba da ostavis da te utepaat no toa nikoj ne go pravi.La vey imal zivotno iskustvo i svatil kakov e svetot bezmilosen i sebicen i zatoa sogleduvajki ja hristijanskata hipokrizija napisal (parafraziram) Gledajki gi hristijanite vo nedela na misite i istite tie vo striptiz barovite svativ deka hristijanstvoto e licemerno i dvolicno...I zatoa rekol e ako ovie se hristijani togas nie sme satanisti.
Токму така! Ама одредени личности поимот Сатанизам му го припишуваат на се она што во нивниот ум е олицетворение на зло! Водени од таквите стереотипи по секоја цена се обидуваат да дискриминираат и омаловажат, како случајов со "пријателов" погоре!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
па така кажи бе
ете конечно излезе на виделина

Сатанизмо по ништо не се разликува од било која друга религија.
Ем е религија ем си има свои вистински и лажни (еретички) правци

Толку ли беше тешко да го кажеш тоа?
 
S

smart ass

Гостин
Па има закони бе пријателче! Ако го прекршат законот ќе одговараат што друго!.
Нормално.

И ние имаме ритуали ама никого не злоупотребуваме со тие ритуали
Да бидеш малце појасен,ако никого не злоупотребувате тогаш значи кај "вашиот" Сатанизам НЕМА такви ритуали??

Кога веќе те мрзи да читаш предходни дискусии еве ќе ти пастирам што претставува Сатаната за нас:

Деветте сатански изјави

1. Сатаната претставува неограничена жед, наместо апстинирање!
ЖЕД???

За што,власт,моќ,секс(хју хефнер:vozbud:),мКдоналдс???

Зошто неограничена??

2.
Сатаната претставува витална егзистенција
, наместо спиритуални празни соништа!
Дефинирај витална Егзистенција...патем по КОЈ ОСНОВ истата претставува,еве да се апстрахираме од сатаната како ентитет-сепак виталната егзистенција следува дека има ЕДЕН ТЕМЕЛ-неограничена ЖЕД.

3. Сатаната претставува неизгнасена мудрост, наместо лицемерно самоотфрлање!
Какво е тоа лицемерно самоотфрлање?

4. Сатаната претставува добробите кон оние кои го заслужуваат тоа,
Е овде повторно ме интересира ОСНОВОТ т.е по кој Основ разликуваме кои заслужуваат добробитие,а Кои не-невредните е широк поим:)

5. Сатаната претставува одмазда, наместо свртување на другиот образ!
Џа или Бу-не може сатаната да претставува и одмазда,и добробит дури и "заштеда" на љубов кон оние
наместо љубов потрошена на невредните!
6. Сатаната претставува одговорност кон одговорните, наместо грижа кон психичките вампири!
Кој е психички вампир,бидејќи од гореизнесеното следува дека има ВРЕДНИ за добробит и НЕвредни односно лица кои не го заслужуваат-од каде психичките вампири-ако остатокот се слабаци кои не вреди да им помогнеш??

7. Сатаната го претставува човекот како уште едно животно, понекогаш подобар, а почесто полош од оние животни кои одат на сите четири нозе, кој заради својот "божествен спиритуален и интелектуален развој" постанал најзлобното животно од сите!
Не Човекот не е животно,ниту пак е злобен по природа-причината за тоа е јасна-Јас или ти(како поединци) не можеме да собереме 5000 души,пари,средства и да масакрираме,да лоботомираме и да правиме инквизиции(како Иран Сирија,и Шпанците на времето)-ама ДРЖАВАТА потпомогната со Религијата МОЖЕ!!

8. Сатаната стои позади сите таканаречени гревови, доколку тие водат до физичка, ментална или емоционална гратификација!
Сатаната е "одговорна" и за 9/11(озбилно на видео го има ликот:vozbud:)
9. Сатаната е најдобриот пријател кој го имала црквата, одржувајќи ја сево ова време во бизнис!

Зарем не е сатаната(шејтанот ја нарекуваат муслиманите) продукт на Црквата??
 
Г

Господ

Гостин
Убаво ти кажав дека за оној што го одбрал и се пронашол во таа идеологија ЗА НЕГО е вистинскиот пат! Стварно не ми е јасно како некој неможе да свати толку проста работа!
И според ова што тебе ти дава право да кажеш дека мамлазот од либерија не е вистински сатанист според неговиот сатанизам?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
па така кажи бе
ете конечно излезе на виделина

Сатанизмо по ништо не се разликува од било која друга религија.
Ем е религија ем си има свои вистински и лажни (еретички) правци

Толку ли беше тешко да го кажеш тоа?
Останатите религии своите догми и учења ги претставуваат како апсолутна вистина, вистина за сите! Што значи дека кога викаат дека нивниот пат е вистинскиот, тоа го мислат за СИТЕ! Сатанизмот (одсега под овој термин ќе посочувам на Сатанизмот на Lavey) го тврди спротивното! Дека непостои апсолутна вистина за сите, туку секој на свој начин ја перцепира вистината, што значи Сатанизмот не е вистинскиот пат за сите, туку за оние кој се препознаваат во него! Секој со просечна интелегенција одамна ќе го сватеше ова!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Останатите религии своите догми и учења ги претставуваат како апсолутна вистина, вистина за сите! Што значи дека кога викаат дека нивниот пат е вистинскиот, тоа го мислат за СИТЕ! Сатанизмот (одсега под овој термин ќе посочувам на Сатанизмот на Lavey) го тврди спротивното! Дека непостои апсолутна вистина за сите, туку секој на свој начин ја перцепира вистината, што значи Сатанизмот не е вистинскиот пат за сите, туку за оние кој се препознаваат во него! Секој со просечна интелегенција одамна ќе го сватеше ова!
А бе заеби ти Лејви шо си се фатил за него
Збораме за ТЕБЕ.
Ти тврдиш дека има сатанисти кои не се сатанистри.
ТИ тврдиш дека МНОГУ сатанисти кои се сатанисти не биле.
По кои критериуми ги селектираш??

Еве пак ќе ти покажам каде ТИ му одземаш право на мнооогу луѓе да бидат сатанисти:

Поимот Сатанизам се употребува и злоупотребува од секого, секаде и секогаш! И тој герилецот од либерија што трчал гол, и масакрирал луѓе изјавил дека сатаната по мобилен му наредил да прави тоа! Што не го прави сатанист! Проблемот е што многу псевдосатанисти се декларираат како сатанисти, единствено за да се здобијат со имиџот на "лоши момчиња"
Кој е вистинскиот, прав, исправен сатанизам??
Кога веќе си зел за право да тврдиш дека религиите во кои веруваат милијарди луѓе не се во право, кажи кој е правиот - вистинскиот пат?

Просветли не
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Нормално.

Да бидеш малце појасен,ако никого не злоупотребувате тогаш значи кај "вашиот" Сатанизам НЕМА такви ритуали??

ЖЕД???

За што,власт,моќ,секс(хју хефнер:vozbud:),мКдоналдс???

Зошто неограничена??

Дефинирај витална Егзистенција...патем по КОЈ ОСНОВ истата претставува,еве да се апстрахираме од сатаната како ентитет-сепак виталната егзистенција следува дека има ЕДЕН ТЕМЕЛ-неограничена ЖЕД.

Какво е тоа лицемерно самоотфрлање?

Е овде повторно ме интересира ОСНОВОТ т.е по кој Основ разликуваме кои заслужуваат добробитие,а Кои не-невредните е широк поим:)

Џа или Бу-не може сатаната да претставува и одмазда,и добробит дури и "заштеда" на љубов кон оние

Кој е психички вампир,бидејќи од гореизнесеното следува дека има ВРЕДНИ за добробит и НЕвредни односно лица кои не го заслужуваат-од каде психичките вампири-ако остатокот се слабаци кои не вреди да им помогнеш??

Не Човекот не е животно,ниту пак е злобен по природа-причината за тоа е јасна-Јас или ти(како поединци) не можеме да собереме 5000 души,пари,средства и да масакрираме,да лоботомираме и да правиме инквизиции(како Иран Сирија,и Шпанците на времето)-ама ДРЖАВАТА потпомогната со Религијата МОЖЕ!!

Сатаната е "одговорна" и за 9/11(озбилно на видео го има ликот:vozbud:)

Зарем не е сатаната(шејтанот ја нарекуваат муслиманите) продукт на Црквата??
Ќе бидам појасен, нема проблем Кај нас има три вида на ритуали - -Секс ритуали, Ритуал на сочуство и Ритуал на деструкција!
-Секс ритуалите се со цел да се поттикне сексуална желба или страст кај одредена личност или личности
-Ритуалот на сочуство има за цел да се помогне на некој што ни значи, да се упати таа енергија на сочуство
-Ритуалот на деструкција има за цел негативните емоции како омразата и гневот да ги канализира од нашиот систем кон субјектот на нашата гнев! И на тој начин да се ослободиме од тие емоции
-Сатанската изјава која прашуваш се однесува на жеддта по задоволство, потребата по задоволство која ја има секој човек.
-Витална егзистенција за нас претставува се што ни овозможува да егзистираме и да уживаме во материјалноста - моќта, богатството, кариерата, позицијата...!
-Лицемерното самоотфрлање е апстинирањето кое го наложуваат монотеистичките религии, како што е на пример воздржување од секс, од храна, посочување на гордоста како нешто лошо и сл.
-Како ти одлучи што може а што неможе да претставува Сатаната? За нас Сатаната претставува тоа! Со кое право ти кажуваш што може а што неможе да претставува?
-Психички вампири се оние кој ја користат љубезноста, добронамерноста, воспитаноста, воздржаноста..на останатите за да ги користат, за да извлекуваат корист од нив!
-Дека човекот не е животно и дека не е злобен е твој став, твое гледиште! Нашето е објаснето!
-Дали сатаната е продукт на црквата? Црквата со векови го користела ѓаволот како дежурен виновник за се што било според неа зло и грешно! Но со тоа и ја покажувала и сеуште ја покажува својата апсурдност и лицемерие, затоа стои дека црквата е најдобриот пријател на Сатаната!

--- надополнето ---

А бе заеби ти Лејви шо си се фатил за него
Збораме за ТЕБЕ.
Ти тврдиш дека има сатанисти кои не се сатанистри.
ТИ тврдиш дека МНОГУ сатанисти кои се сатанисти не биле.
По кои критериуми ги селектираш??

Еве пак ќе ти покажам каде ТИ му одземаш право на мнооогу луѓе да бидат сатанисти:

Кој е вистинскиот, прав, исправен сатанизам??
Кога веќе си зел за право да тврдиш дека религиите во кои веруваат милијарди луѓе не се во право, кажи кој е правиот - вистинскиот пат?

Просветли не
Ти кажав барај стручна помош! десетина пати ти кажав немам намера да разговарам со тебе!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom