Body Electric
Del Rey
- Член од
- 15 јуни 2011
- Мислења
- 222
- Поени од реакции
- 334
Ќе бидам искрен, за терминот и самиот слушнав пред само неколку дена, откако една другарка ме нарече така... Во почетокот не знаев дали да го сфатам како навреда или комплимент, но потоа ми објасни што се подразбира под тој термин.
Раскажував за една девојка која според мене беше само една од многуте (руса коса, сини очи, тренди, манекенски став, или обична шмизла, според мојот жаргон), но пред неколку недели имав шанса да ја запознаам малку подобро, почнав да ја гледам со други очи.
Причина? Па, ме изненади со нејзините сфаќања за светот и начинот на размислување. Иако сè надворешно кај неа укажуваше на шмизла, нејзините карактерни особини вреска: NERD!
И ми стана мнооооогу попривлечна од порано.
Значи, сапиосексуалност (како што ми објасни другарката која моментално пишува труд на тема „Човечка сексуалност“) е однесување при кое индивидуата е привлечена или се возбудува од интелигенцијата и употребата на истата, и ја наоѓа интелигенцијата како најсексуална особина. Односно, на сапиосексуалците не им е важен толку многу изгледот, туку колку нивниот партнер е паметен и интелигентен.
Што мислите вие за оваа (така да ја наречеме) сексуална ориентација?